Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836
Е вистина го отепал. :pos:

Сега сите се загрижени и уплашени од авторитетот на Хорхе.
Види бaце.Јa тебе тебе те рaзбирaм.У гoлем дел се сoглaсувaм сo твoите стaвoви и рaзмислувaњa.Сaмo у тoј мoмент декa слепo нa Зaев требa блaнкo дa му се пoтпише дa не збрише oд кaртaтa нa светoт не.Тoa не се сoглaсувaм.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Не давам никаков легитимитет, само се обидувам да гледам реално на работите. Што е квалитетен човечки живот? Да имаш храна, вода, чист воздух. Да живееш комотно, да оставиш потомство. Се друго е секундарно. Националноста не е ниту секундарна, доаѓа некаде на крајот. Националноста е измислена категорија, и релативно нова. Што е подобро? Да живееш квалитетен живот во кој никој не те репресира како припадник на една измислена творба, или да одиш со главата во зид и да тврдиш дека си од друга измислена творба, и да страдаш цел живот?
Да, измислена категорија е. Ама измислени категорији и апстрактно размислување е линијата што ги разликува луѓето од животните. И на животните им треба храна, вода, чист воздух, да живеат комотно и да оставаат потомство.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
во периодот до пред Балканските војни Македонците или ај така да се изразам Словените на овие простори сите имале презимиња (ов и ев) наставката (вски и ски) се појавува мислам доста покасно дури после втората светска војна !
Исто така се користи и Бугарската азбука ... оваа азбука која денеска ја нарекуваме Македонска азбука е всушност креирана за време на Социјализмот (СФРЈ) и е направена по теркот на Српската ќирилица со цел нели видно да се разликува од Бугарската кирилица !
а Јане Сандански ??
друга е работата, не само Грција која им ги смени презимињата на луѓето , додаде наставки ас, ос и слични да бидат грчки презимињата, туку тука во вардарскиот дел Блгарија и Србија исто менуваа презимиња... интересно е дека и грк Зорба, кој се доселил во Скопје , го сменил презимето во Зорбиќ
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Прегледај го приврзокот 192162

За филозофија те фалат изгледа си стварно добар.Ама за политика и историја си канта.Што повеќе ќутиш попаметен изгледаш.
Не сакате да разберете. Правото не е толку фиксна категорија како што ја замислувате. Тоа ДПМНЕ 11 години одлично го презентираше. Јас знам кој ги склучува меѓународните договори, но сепак сум сигурен дека Иванов на некој начин ќе биде премостен. Хорхе е никој и ништо, комедијант кој донесе закон за амнестија па го натераа да го повлече.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Му даде мандат ајде...повлече амнестија....што е и ибањето?
Мандат му даде после дадени гаранции (да не се чепка Устав...).
Амнестија повлече на барање на (скоро) сите амнестирани.
За законот за јазиците остана доследен и не го потпиша.
Ова сега срање нема да го потпише.

Амнестијата, веќе дадена, макар и повлечена, сиво е некако колкава сила (може да) има по повлекувањето, нели оти е "стекнато право/привилегија/обврска на органот". Ако така може, тогаш Таљат, Ахмети и компанија треба со едно око затворено да спијат.

...И, да, маме му еба. Двотретинско нема. Ако добие, ДПМНЕ е мртва партија оти само од македонски гласачи вади бројка. Значи, нема да добие. И пресот му беше добар. Популистички, цврст, некој му рекол да мава накај плачење, па и тоа го изведе добро. Супер беше Хорхе. И е многу смешно колку само Заев успеа да го легитимира и да направи од него факинг браник на уставноста и државноста на Македонија. :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Да, измислена категорија е. Ама измислени категорији и апстрактно размислување е линијата што ги разликува луѓето од животните. И на животните им треба храна, вода, чист воздух, да живеат комотно и да оставаат потомство.
Едно е апстрактно размислување, потполно друга работа се апстрактни вредности. Мешаш баби и жаби.
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641
Car? hahaha stvarno vie ja zasluzuvate ovaa beda i siromastija stom go branete ovoj monstrum.Zosto se plasete od referendum? Deka samite Makedonci ke go prifakjaat? :D
Ако власта е убедена во договорот нека остават опозицијата да го организира референдумот. На 100 дена пред референдум нека го дадат МВР на опозицијата па да видиме каква е реалната ситуација во МК.
 
V

viktora

Гостин
Car? hahaha stvarno vie ja zasluzuvate ovaa beda i siromastija stom go branete ovoj monstrum.Zosto se plasete od referendum? Deka samite Makedonci ke go prifakjaat? :D
Кој гарантира дека тој референдум ќе биде регуларен?
Повеќето македонци воопшто не ни знаат што содржи тој договор па да го прифатат.Сите информации ги добиваме од порталите од Атина.Првично и мене добро ми изгледаше името Северна не поради некаков триумф него да ги одјебиме грците од грб.По објавувањето на останатиот дел од договорот македонците сфатија што добиваат а што губат.Затоа Заев на ФБ добива пофалби од Идриз,Асан,Менсур..
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Едно е апстрактно размислување, потполно друга работа се апстрактни вредности. Мешаш баби и жаби.
Мислев всуштност и на едното и на другото. Апстрактно размислување и апстрактните вредности даваат и те како значење на човечкиот живот, ни даваат структура во соработка со тотални туѓинци и градење на општества.
Некој ќе каже тоа е самозалажување, но без такво самозалажување ќе останевме на ниво на животни.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
а Јане Сандански ??
друга е работата, не само Грција која им ги смени презимињата на луѓето , додаде наставки ас, ос и слични да бидат грчки презимињата, туку тука во вардарскиот дел Блгарија и Србија исто менуваа презимиња... интересно е дека и грк Зорба, кој се доселил во Скопје , го сменил презимето во Зорбиќ
СандаНСКИ ... нски не е исто со вски и ски ... дури и денеска во делови од источна Македонија и делови од Бугарија има лица со презимиња кои завршуваат на нски и рски, но не и на вски или ски !
На пр. Сандански или Бабунски не е исто со Јовановски, Стојановски или Петрески ... или пак некои други презимиња како Кацарски, Дулгерски, Мајински, Залински, Петрински и.т.н. но како и да е да се држиме до темава позз
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Мислев всуштност и на едното и на другото. Апстрактно размислување и апстрактните вредности даваат и те како значење на човечкиот живот, ни даваат структура во соработка со тотални туѓинци и градење на општества.
Некој ќе каже тоа е самозалажување, но без такво самозалажување ќе останевме на ниво на животни.
Јас мислам дека чуството на националност многу повеќе ги прави луѓето како диви животни.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Сака да ти каже дека македонскиот национализам првпат се јавува во втората половина од 19 век со Пулевски. Во истиот тој период, од аспект на националните чувства, ситуацијата кај славофонското население во Македонија е каша попара. Доминира бугарскиот сентимент, меѓутоа и србоманството и гркофилството егзистираат во значителен број. Од Грчки аспект, славофонското население во Македонија го сметаат за словенизирани Елини. Со малку поинаква низа историски/политички случајности/текови, тебе тоа можеше денес да ти биде официјалната национална историографија.
И дали моменталниот договор со Грција, како и предходниот со Бугарија ги зајакнува таквите тврдења, изнесени погоре? Дали дава добра основа за зачувување на македонскиот идентитет, или станува збор за договори кои што нашата позиција за имање на свој засебен идентитет и култура, од каде што ја влечеме нашата посебност како народ, ги поткопуваат таквите тврдења? Прават да звучиме контрадикторно.

Според мене овој договор, посебно со Грција значи пазарење со вистината. Селективно бришење на историски периоди од нашето минато кои што треба да бидат база врз која ние треба да го градиме сопствениот идентитет, а не врз половична вистина. На овој начин се создава конфузија пред народот.

Не можеш едноставно да ми речеш чувствувај се како што сакаш, ама јас ќе ти кажам во кои работи ќе веруваш. Мене не ми треба селективна вистина, која што ќе се менува напоредно со политичките текови и согласно дадените околности ќе биде одново и одново преобликувана преку разно-разни договори, се со цел да се задоволат каприците на нашите соседи.
И за крај, можат да се прават обиди за релативизирање до бескрај, но еден факт останува, ова е крајно штетен договор за нас.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Селективно бришење на историски периоди од нашето минато кои што треба да бидат база врз која ние треба да го градиме сопствениот идентитет, а не врз половична вистина. На овој начин се создава конфузија пред народот.
Античка Македонија треба да биде историскиот период кој ќе биде нашата база? :icon_lol:

Пресмешно. Со такви идиотски тврдења станавме мета на потсмев.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom