RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Иронијата е што го бранам дечково иако не слушам ваква музика интензивно. Имам алергија на македонската фрустрација од туѓиот успех. Наркоман, неписмен, сељак, само тоа им е во уста на нашиве. Деца што седат пред комп и измислуваат рими на 15 не може да се земат како сериозен критичар на нечија музика. Ако го земав тоа наркоман како сериозна одредница за тоа што треба да слушам, ќе требаше да слушам само класика и црковна музика.Ќе ви се умешам у дијалогот малку...
Зошто, зошто комерцијалата не чини !? Немора да значи дека ако е комерцијала е шунд. Уствари, која е границата меѓу комерцијала и андерграунд !? Претерувате со овие ствари, чим некој артист не ви се допаѓа одма викате „овој е комерцијала“. Точно, поголем дел од „комерцијалните“ ствари се срање, но има и работи кои вреди да се слушнат. Таквата музика е за пошироката маса на луѓе, другите бендови си имаат своја публика. И ја слушам бендови и артисти за кои знаат 100 луѓе во државава, но преку пола од нив сум дознал претходно слушајќи некој комерцијален изведувач. Ми се допаднал таквиот стил на музика и сум прочачкал да најдам и други артисти, кои по навика излегуваат поквалитетни.
Се нервирам кога ќе почнете со овие муабети дека само тоа што вие го слушате чини, другото е булшит, комерцијала, шунд... Ок, сите можеме да се согласиме дека Влатко Илиевски пее ужасно, но некои ствари се сопствен избор, затоа постојат различни жанрови... people are different ffs...
но да не одам настрана од темава. Слаткар ме нервира со неговото однесување страшно. Но дечкото има талент, тоа неможе да се оспори. Новата песна, безразлика дали е маркетиншки трик или не, е одлична. И тука важи она што погоре го споменав, поверојатно е да слушнеш некој „комерцијален“ па да те заинтересира тоа, отколку од немај каде да дознаеш за Грин Аут (ко пример ги земам само, не сум толку упатен во нашиов рап) кога тие не излегле на „јавен“ настап.
Пак за Слаткар, мислам дека ако не се глупира до толку, може да успее, не да успее вака буљашки тоа веќе го постигна, „пи*иња го сакаат, да успее вистински, зошто талент ИМА...
--- надополнето ---
Е тоа е тоа, bullseye! Средината ни е таква, што сите гледаат да плукаат по некого кој излегол на површина а не да пишат добра работа за нив. Оние кои имаат потенцијал ги уништуваме и само лошите работи за нив се зборат, а оние без грам талент се форсираат...
Освен тоа, ќе созрее човекот со време, треба да му се остави простор. За една година постигна нешто за кое нашиве пејачи кои 10 години се на естрада можат да сонуваат. Дури треба да се засрамат.