Не разбирам како може да пее автобиографска песна за друг човек во прво лице???
А и прочитајте го текстот (незнам дали го напишал Игор или пак Слаткар, но ако го напишал Слаткар, со кое право го кажува тоа за Игор??)
Инспирирано од голиот човек
Ја, ја сум изгубен патник со полупразен куфер, со по некој партал, избркан од светот, пошто патувам без карта, но не ме јаде светот округол, јас другарувам со вотката...
Мене ангелите ме боцкаат, не ми иде со коцката, немам, а ми се јаде, е тоа ме јаде, имам само надеж, чекам да ми даде, но сум гладен, порано имав, па бирав, сега молам за тоа што се сервира и им останало фира
Луѓето се клети, луѓето се злобни, луѓето ми се криви, тие луѓе ми се должни, бегајќи од нив одам и патувам, не знам зошто ме бркаат и бараат да им се раздужам. Можда се прави, но само господ ќе им плати. Јас ќе рипнам од зграда како што рипаат нивните камати.
А сум квалитетен, голем човек, а малите се, малите се... Јас сум голем човек, емоциите се протерани од моментот кога ме остави жена ми. У право е кутрата, ми треба помош. Срцето чука споро, ко што чука овој доблеш...
Алелуја
Ја, ја сум истиот патник, се уште талкам, успеав со моите проблеми да ја закопам мојата мајка. Мамо, ти си моја богиња, едина грешка во животот е тоа што вакво копиле си родила!
Јас заслужувам да патам ко животно, за твојата смрт ќе го јадам доживотно. Плачам! Ама нејќам да плачам иако е нормално, нема да си олеснам преголем е товарот што ми го натовари овој клет свет. Не е точно, внучко, сам си го натовари - би ми кажал Петре.
Јас би мирен живот, жена, деца. Од една страна сакам, а од друга страна нејќам. Ќе имам 50 и уште пушам, пијам, мутам лажам, комарам... ужас.
А пред луѓето сум насмеан, не можам сам, ама другите можам да ги насмеам. Леле колку си смешен, се смеат дека сум смешен или ми се смеат дека сум кретен. Не знам ова баш дали ќе те насмее, живеам за моментот кога попот ќе ми запее..