Скопје

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Романтичар напиша:
За таков спој на култури и религии, за такво вкрстување на западот со ориентот како Скопје да напишеш вакво нешто... :raz:

Инаку да нема забуни, горенаведените нешта ги кажувам во позитивен контекст. :wink:
За жал, малку има останато од она што некогаш можеше да се почувствува како култура поразлична од европската. Мојата генерација во некој период излегуваше во Старата Чаршија во која локалите работеа до после полноќ, без разлика дали ќе седнеш на скара, мезе и пијачка „Кај Сердарот” или во „Сношти Минав”, „Липс”, „Јурист”, „Фонтана”, „Турист” или во на чај и дружење со тогашната авангарда во „Галерија” или „Аксарај”, понекогаш и во „Безистен”, неверојатно убаво, релаксирано и прекрасно можеше да се помине. Во последниве три наведени места често можеше да се сретне и Методи Златанов, тогашно младо момче, авангарден поет полн со енергија и желба да го смени светот во позитивна насока, сегашен Викарен Епископ во Македонската Православана црва и член на Синодот на Архиереите, Господин Методиј :)
Денес тоа веќе го нема, поготово одкако неколку скопски градоначалници по ред не сторија ништо културното наследсво во чаршијата и нејзиното натамошно битисување да бидат наше секојдневие. Најтрагично според мене е што во една стара градска чаршија која е во еден сосема османлиски стил градена се дозволи да бидат отворени China Shop продавници, и слични дуќани на ко дејноста не им кореспондира со архитектонскиот амбиент. А и воопшто животот во чаршијата одумира, дуќаните сега затвораат уште во 19:00 часот и страв да те фати да поминеш ноќе низ чаршијана. Јас морав во еден период лани да минувам често низ нејзе околу 23 часот скоро секоја втора вечер во неделата и можам да кажам дека стварно е језиво за луѓе кои не се подготвени на непријатни изненадувања:)-Не дека мене ми се случило, но често на 5 минути пред јас да поминам или одкако сум поминал покрај или пред некое место имало одреден инцидент.
Тоа е тоа, за жал само со носталгија ќе се сеќаваме на она што беше некогаш духот на овој град кој се повеќе тежнее да изгледа северно и западноевропски па во неможноста тоа да го постигне сета состојба наликува на турбо-фолк пародија, само на полуурбанизиран начин:)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Добар коментар Мандрак...
ух Скопје... Го сакам и повеќе од Битолчани што ја сакаат Битола. И се карам во "малограѓански стил" и навивам гласно за Вардар и плукам по останатите градови. Мерак ми е да не го вртам и другиот образ кога се работи за Скопје. Скопје е над секоја религија.
Ок, има проблеми, многу... но би сакал еднаш на било кој форум да слушнам дека ние нешто правиме во врска со тоа. Кретените нека бидат кретени, јас ќе одам до крајот на светот да најдам корпа за отпадоци.
И ок, можеби не е најубавиот град на светот, но тој е се што имаме. Би се откажале од мајка си затоа што не ви е по мерак?
И ок, немаме широки булевари, и немаме палата на принцовите од 15 век, но имаме гордост и земјотрес. И покрај тоа имаме речиси милионски град, и сеуште имаме Турска чаршија каква и да е, и Свети Пантелејмон и Кале па дури и Милениумски крст. Ниеден голем град го нема ориентализмот и совермениот кеј на Вардар на раздалечност од 500 метри. Туку, да не претерувам со вакви ситници. Еве со вакви ќе претерувам...
Дали некој ја видел архитектурата на улица Максим Горки, или на Илинденска. Куќи градени во растојание од век ипол. Една до друга. Можеби не треба така, ама е уникатно. :) Дали некој сфатил дека кејот со cafe-ата е типично место кое наликува на модерен медитерански град. Како е уредено Кале, Турска чаршија па макар со кинеските шопови и контрастот Рамстор. Камени мост е веќе тема за себе... колку и да го оцрнија... како факт постои сеуште, веќе 7-8 векови..............
А кога веќе ги спомнав cafe-ата, еве неколку по мој вкус. Броз cafe, карши универзална; Piazza Liberta, карши ЈБТ; Plaza de toros на кеј; Irish pub, исто така на кеј; Hemingway, на Иво Лола Рибар (незнам како е по ново) на местото на пицерија Мама миа; Музеј во ГТЦ, Ван Гог, кај општина центар... И еве едно ресторанче кое јас го обожавам веднаш до Ван Гог, се вика Камин Чамо или Кај Чамо. Заради услугата, амбиентот, изборот на храна(исклучиво домашна македонска и без пљескавица на кајмаку) и клиентелата.
Јас би завршил, доволно трубев за денес...
И еве една слика, каде ние всушност живееме :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
viktorgg напиша:

Uste podobar komentar viktorgg. :bravo:

p.s. I jas glasno navivam za Vardar. btw Ke ides so Roselare na 13?

Vtor p.s.:poss: Slikava od kaj e slikana? (avion, helikopter mozda?)

Epten e zakon. :je:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
:icon_bigg Благодарам. Да ќе одам на Вардар, сигурно. Само не знам каде да си купам карта. Не сакам да бидам шупак што влегува без тикет. :)
Незнам како е сликана, и ја нема никаде по интернет, ја имам одамна незнам од каде...
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Како да живееме во подземен свет.:):):)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Скопје ни е многу убаво, а може да биде и уште боље. Едино што ме испоизнервира кога се вратив таму после 4 години е тоа што луѓево ми идеше да ги убијам, толку беа безобразни и само да ме исмејаваат што сум имала малку амерички нагласок. Мислат, еве ја оваја, се прави кузнае што пред нас овде, а не разбираат дека кога збориш туѓ јазик толку години малку и ке ти се измени нагласокот. Тоа ми беше баш она кревање на маглата пред моите очи да разберам зошто луѓево овде ми викаа колку сум била арогантна и безобразна :poss:

А градот као град, го обожавам.
 
Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Abe Skopje ne go sakam bas mnogu posto nema nekoja bliskost pomegu lugeto i mnogu e necist grad. Ali Skopjani......... :poss:
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Dark Angel напиша:
Abe Skopje ne go sakam bas mnogu posto nema nekoja bliskost pomegu lugeto i mnogu e necist grad. Ali Skopjani......... :poss:
Блискоста помеѓу луѓето во Скопје е изгубена поради еден тон провинцијалци кои го населија Скопје во желбата за кариера

п.с.Под провинцијалци мислам и на Македонците од внатрешноста и на Албанците од Косово и остали региони со сличен менталитет
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ѕвер напиша:
Блискоста помеѓу луѓето во Скопје е изгубена поради еден тон провинцијалци кои го населија Скопје во желбата за кариера

п.с.Под провинцијалци мислам и на Македонците од внатрешноста и на Албанците од Косово и остали региони со сличен менталитет
Претпсотавувам дека ти си од оние „Чистокрвните скопјани“ и шо има лошо во тоа да си од провинција?
 
Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
asterix_m напиша:
Претпсотавувам дека ти си од оние „Чистокрвните скопјани“ и шо има лошо во тоа да си од провинција?
Mislam deka covekot samo saka da mi kaze zs ne se lugeto tolku bliski vo SK + mnogu narod.
Ajde bez karanici pls za toa koj e seljak koj e graganin, vazno e da se druzime :poss:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Дали може некој да ја потврди оваа за мене нова информација дека земјотресот во Скопје на 26 јули 1963 се случил точно на Св. Архангел Михаил, кој меѓу народот е познат како “Душевадник“. Ако е така, има многу голема симболика. Скопје е “Исус“ на светот, после сите поплави, пожари и земјотреси, што ли е следно?
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Скопје за мене е најубав град, и секој си го сака својот град кај што живее.
Негоооооо уште ФК Вардар да го оправиме и се ќе биде топ.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
63
Поени од реакции
3
Половина Скопјани се доселени селаничишта, а другата половина се препотентни самобендисани снобови. Секоја чест на старите чистокрвни Скопјани. Вие живеете во град без душа!
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Половина Скопјани се доселени селаничишта, а другата половина се препотентни самобендисани снобови. Секоја чест на старите чистокрвни Скопјани. Вие живеете во град без душа!
Ти благодариме од се` срце, о господине-несамобендисан-великодушен-граѓанину. :cuc:

Доколку ти не си успеал да ја пронајдеш душата на овој град, не се впуштај во изјавување на вакви бесмислици. Скопје ИМА душа. Постојат добри и срдечни луѓе што можат да ти помогнат, да ти го разубават денот, па и животот. Ако ти не познаваш такви, не е до Скопјани, туку до твоето (не)искуство!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom