Скопје

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
СКОПЈЕ ВО СНЕЖЕН ХАОС
Елементарна непогода од 2 см снег

Два сантиметра снег вчера го нокаутираа Скопје. Зимската служба која додека немаше снег тренираше како набрзина да го расчисти кога ќе падне, пак се најде во небрано. Улиците останаа завеани, автобусите од јавниот превоз, онаму каде што ги имаше, се движеа како санки, сообраќајни незгоди имаше на секој чекор... Деловите од градот кои важат за црни точки кога ќе падне снег, како што се Црниче, Трнодол, Радишани, односно населбите кои се на повисоко, останаа отцепени. Таму не одеа ниту автобуси ниту пак имаше можност да се искачи автомобил, па на жителите не им остана ништо друго освен да пешачат по снегот и да патуваат со часови до центарот на Скопје. Инаку, според распоредот на Зимската служба, ваквите населби имаат приоритет за расчистување на снегот. Од таму велат дека навреме излегле да интервенираат низ улиците.
"Шест возила , односно соларки со нож, излезени беа на улиците вчера во 08.20 часот. Веднаш беа посипани со сол деловите во Пржино, Жданец, Козле, Водњанска, мостовите, главните сообраќајни артерии на Скопје како Партизанска, Илинденска, Првомајска, Јане Сандански. И покрај тоа пак имавме блокади, затоа што на солта и требаат 40 минути за да почне да реагира, а врнежите не престануваа. Блокиран беше Аеродром, голем проблем се покажа надвозникот кај Бит-пазар, таму имаше навеви од снег. Со шест возила, колку што имавме на располагање, реално не може веднаш да се стигне на сите страни во градот", рече Миодраг Поповски, шеф на Зимската служба.
Токму поради малиот број возила за расчистување на снегот и посипување сол, вчера Радишани остана нечепнато од Зимската служба до 11 часот. ЈСП и оваа година ја повтори старата грешка кога се работи за оваа населба и пушти зглобни автобуси кои заглавија во снегот препречени на улица Радишанска и го блокираа сообраќајот. Ништо подобри не беа и другите улици. Онаму каде што не беа проблем автобусите, блокада имаше од сообраќајни незгоди. Од Зимската служба велат дека толку успеале да направат со малкуте возила што ги имаат.
"И леки коли да беа немаше да стигнат насекаде. Секоја година бараме од Владата да се купат нови возила, но место тоа тие ни ги земаат за нивните потреби и оние што ги имаме", рече шефот на Зимската служба Поповски, нагласувајќи дека само за потребите на Владата вчераутро биле ангажирани две возила.
(М.И.)

***

Укинати и скратени автобуси


ЈСП "Скопје" вчера укина три и скрати повеќе линии до приградските населби. Според Бранко Камчевски, раководител на диспечерскиот центар во ЈСП, поради лошите услови на патиштата ги укинале автобусите со броевите: 74 за Количани, 80А за Цветово и 64 што оди до Кучково. Тој објасни дека поради снежните врнежи ги скратиле линиите: 81 наместо до Горно Блаце сега застанува кај село Сандево, 58 место до Добри Дол оди само до Ракотинци, а 70 место во Батинци застанува кај депонијата Дрисла. Скратено е движењето и на автобусот 64А, кој наместо до Никиштани оди само до Орман, потоа 56 не оди до Бојане, туку само до расадникот, а 56А што се движи до село Копаница, сега застанува кај подвозникот на автопатот Скопје-Тетово. Наместо до Раштак 65-ката сообраќа до Стајковце, а 60-ката наместо до Матка оди само до село Глумово. (Е.А.)

***

За споредните улици виновни се општините

Директорот на ЈП "Улици и патишта" Владимир Кочовски вели дека за неисчистениот снег на споредните улици во градот се виновни општините. "Јас сум шеста зима во 'Улици и патишта' и можам да ви кажам дека општините во градот Скопје не соработуваат со нас. Тие соработуваат со други приватни фирми за расчистување на снегот, меѓутоа, споредните улици остануваат неисчистени", изјави Кочовски. Тој вели дека кога општините би ја ангажирале нивната зимска служба и за споредните улици, тие би интервенирале и таму. "Се разбира, прво го чистиме снегот од главните градски сообраќајници кои се наша главна надлежност, потоа мостовите, угорнините, главните крстосници и виталните објекти во градот за што не задолжува оперативната програма која ја усвојува Советот на град Скопје. А во втората фаза би се опфатиле и споредните улици", додаде директорот Кочовски.
(Г.Р.)

***

Пенов го чистеше плоштад Македонија

Скопскиот градоначалник Ристо Пенов, вчера околу 14 часот излезе на плоштадот Македонија за да каже дека градските служби успешно се справиле со снегот. Додека тој во придружба на директорите од сите градски јавни претпријатија и неговите соработници од Градскиот комитет, пред новинарите се фалеше дека многу брзо ги расчистиле главните градски сообраќајници, две мали возила за чистење снег вртеа низ плоштадот и го отстрануваа натрупаниот снег.
Пенов рече дека за расчистување на снегот биле ангажирани 800 работници, 7 возила на ЈП "Улици и патишта" и 2 возила од ЈП "Македонија пат". Пенов изјави оти не бил информиран дека имало големи застои на сообраќајот од час до час и половина, токму на главните улици во Скопје. Тој се огради од одговорноста за отсеченоста на приградските населби, со образложение дека за нив се надлежни градоначалниците на скопските општини. Градоначалникот ги повика скопјани да го исчистат снегот од пред домовите. (Е.А.)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Успешно се справиле како да не! Јас сум сведок како жител на центарот на Скопје имаше и во моментов сеуште има снег по сите главни улици. Којзнае како е па по населбите и приградските патишта? Не видов ни едно возило да фрла снег по улиците и да расчистува. А што се тиче господина Пенов-а, Ристе, пази да не ти излезат жуљеви на рачињата. Провиден предизборен трик. Фејк!
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
113
Поени од реакции
0
Se nadevam imate kanalizacija :D ko ce se stopi so ce prajte re :)) nemate ezero ko struga :D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Скопје е во ХАОС!

Излегов на кратко до продавница и одма ми прокиснаа обувките.. има над 10 цм снег сегде - па дури и на улиците... сообраќајот е отежнат и има гужва низ цел град.

Цело град е "закаљан"!
 

isabelle

ненадјебива
Член од
25 јануари 2005
Мислења
140
Поени од реакции
1
купете си сол и викнете го mister Plow
 
Член од
27 јануари 2005
Мислења
2
Поени од реакции
0
Sram da mu e na penov sto davase lazni izjavi...i ja bev so centar dodeka veese snegot nemilosrdno kon nas smrtnicite a penov alep davasde na tv.Se desija 55 soobrakajki vo vremenski period od 3h pa kade go ima toa..nikade..Penov zasrami se..
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Навистина срамота!? Како не му е срам на Пенов да врне снег во Скопје! Па уште и ладно да е! Брееј!?
Нарцис, преку 1400 сообраќајки имаше во Торонто за една недела! Во град со милион пати поголем буџет отколку Скопје! Па никому ниту на крај памет нема да му текне овде да го критикува градоначалникот за тоа! Доколку опозицијата ваму се обиде да го стори тоа, само ќе си изгуби од рејтингот!
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
Zatoa tuka vo Vegas koa ke zavrni dozd, ne sneg site na pokriv od kolite i se raduvaat :) taman mi chistat pat da frlam jas ruchni :D
Ama vo posledno vreme (ovaa godina) zachesti u pm, nenormalen broj na soobrakajki, epten neznaat da vozat ovie tuka ...

ali kako i da e Hover Dam se polni, nema da i se molime na CA za voda

e, neeeee :)
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
"ДНЕВНИК" ОРГАНИЗИРА УЛТРАМАРАТОН ВО ЧЕСТ НА борис ТРАЈКОВСКИ
И по снег ќе трчам до Скопје

Мостарскиот ултрамаратонец Александар Голо не страхува од снегот што деновиве обилно врне и ја покри речиси целата негова маршрута од Мостар до Скопје, која тој ќе ја трча во чест на покојниот претседател Борис Трајковски и неговите осум сопатници. Тој најавува дека ќе трча по секакви временски услови на патеката долга 600 километри.

- Снегот што деновиве паѓа не ме загрижува. Нема да ми биде првпат да трчам по снег. Би било добро барем патиштата да бидат расчистени - вели Голо.

Несекојдневниот потфат на 49-годишниот мостарец со македонско-хрватско потекло ќе се одвива во организација и под покровителство на весникот "Дневник".

Голо деновиве интензивно тренира и се подготовува и ги планира сите етапи од патот. Според него, за ултрамаратонот ќе му бидат потребни околу шест дена во текот на кои дневно ќе претрчува од 80 до 100 километри. Стартот најверојатно ќе биде на 20 февруари, во недела, но постои и варијанта да се стартува ден порано, во саботата, на 19 февруари, за да пристигне во Скопје на 25-ти.

По стартот кај селото Ротимле, патот натаму ќе го води кон херцеговските гратчиња Љубиње и Требиње. Потоа ќе влезе на територијата на Црна Гора. Трката ќе ја продолжи кон Никшиќ, Подгорица, а потоа на север. Во зависност од условите, Голо најверојатно ќе трча по патот преку Биоче, Колашин кон Андриевица. Најтешкиот дел од патот Голо го очекува токму во планинските предели во меѓуграничниот појас помеѓу Црна Гора и Косово. Таму, тој ќе треба да трча преку планинскиот превој Чакор за да пристигне во Пеќ. Следната етапа ќе биде кон Приштина, за да потоа се упати кон Урошевац и граничниот премин Блаце. Таму, Голо ќе биде пречекан од група познати македонски маратонци кои ќе го придружуваат во последната етапа. Ултрамаратонот ќе заврши на 26 февруари, кога Голо ќе оддаде почит на гробот на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, на првата годишнина од неговото загинување.

- Предизвикот е голем, но и мојот мотив е голем исто така. Идејата за овој ултрамаратон се роди набрзо по несреќата кај Мостар. Сите овие месеци размислував за неа и сега дојде време да ја реализирам - вели Голо.

(Б.Ѓ.)
 
Член од
15 февруари 2005
Мислења
69
Поени од реакции
2
Добро бе господа зарем да се срамиме од изгледот на Скопје во зима. :oops:
Па зима е, имајте разбирање. Скопје изгледа сиво. Нормално е да е така. Нема зеленило, нема сонце, снегот се топи, улиците се влажни, не е расцветано......
Почекајте пролет па да се читаме.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Kleopatra напиша:
Добро бе господа зарем да се срамиме од изгледот на Скопје во зима. :oops:
Па зима е, имајте разбирање. Скопје изгледа сиво. Нормално е да е така. Нема зеленило, нема сонце, снегот се топи, улиците се влажни, не е расцветано......
Почекајте пролет па да се читаме.
Горе-долу си во право, во пролет навистина е лично!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom