И пола од ова да се изгради , сигурно ќе изгледа поубаво Скопјево него ли сега што е :helou:
Особено ми се допаѓа што ќе се среди и левата страна на Вардар која до сега беше запуштена , и навистина не ми е јасно како може на некого да не му се допаѓа тоа што ќе се гради нешто ново . Разбирам да дискутираме овде за вкусови , идеи , меѓутоа некој да ми тврди дека ќе се нагрди Скопјево со новите градби(кои сеуште не се ни идејно осмислени) , малку не ми е логично
Исто така , не можам да најдам обективност во коментарите во стилот дека постои сиромаштија , па не треба да се гради , па ке сме ги навределе Грците ако сме ставеле споменик на Александар Македонски и слични , според мене глупости ...
Значи , пак ќе повторам , би сакал да се дискутира овде за вкусови,идеи а не за тоа дали треба воопшто да се гради нешто или не треба .
Ајде , баш ме интересира , што е тоа што ќе се уништи доколку се изградат нови зданија , тополите ли каде што мочаа шоферите кај старата меѓуградската автобуска станица или пак неколкуте квадрати зеленило пред Мепсо , каде освен Ромите кои просат по центаров , никој друг не го користи ?
Ова е само мое мислење , се надевам не навредив некого :smir: