Да прашам нешто.
Тестови полагав средината на ноември. Ги положив нив и полигон од прва, али градска 3пати ме паднаа. Е сега овој период ми е полн со матури, славење, другарска и сакам да помини се па рает да се пријавам за четврт пат да полагам. Дали знаете колку трајност имаат тестовите и полигонот од полагањето, 1 години или 6 месеци? Кој и да прашам велат 1 година дека е, али не знам ете во последно страв ме фаќа, да не ми пропадни се па така да си останам. Ако е една година супер, имам фора до ноември иако нормално нема да чекам дотогаш, ќе гледам во најбрз можен рок да се пријавам.
Иначе тука во Битола лом не прават, ако не си со врски среќа е на трет пат да поминеш, скоро сите на четврт пат ги пуштаат. Изгор е.
Барај да ја фатиш комисијата преку некој џандар или вработен во МВР, инаку тешко...
порано тој зоран од ск (чиј беше испитниот центар, не знам дали има промени...) наводно имал дали сопруга или др роднина која работи во мвр битола и која беше одговорна баш за тоа доколку имаш приговори за полагањето (кај неа оделе приговорите, таа одлучувала)...
барај ја неа, барај го тој зоран, барај др џандари
Факт е дека живееме во банана држава и секој стигнува до возачка без разлика дали знае да вози или не, само прашањето е колку ќе те одерат попатно.
Јас кога полагав градска првиот пат ме паднаа без ниедна причина + тој од комисија цело време ми сецкаше на кочница и на кумплуг за да ми угасни колата... на крај кога не успеа после пола саат возење, зеде ми закочи бидејќи не сум пропуштил возило (my ass...) - колку за да има што да пишат како негативни поени.
нормално ми пукна филмот пошто НЕ направив ниеден прекршок, особено не за да паднам, полигонот го зедов без проблем, тестовите исто без ниеден грешен резултат на нив... и ме паѓаат оти така им текнало.
За вториот пат ТРЕБАШЕ ДА МЕ ПАДНАТ, но не ме паднаа. Е вториот пат, ко шо ме дал господ будала, намерно влегвав во другата лента, претекнав на полна, не почитував право на минување, ЕДИНО застанвав на црвено светло. возев за да паднам.
и ПОЛОЖИВ.
- „Добро зошто возеше вака? Знајш ако не те пуштиме ќе летаме сите од работа? Ајде бегај, положен си.“
па сеа ти види
Инаку, лекарското трае 18 месеци (али провери за сигурно, прашај во трудова медицина кај што го вадеше..., не во автошкола пошто можи СЕ да ти кажат), а тестовите важат година дена (за важноста на истите прашај во испитниот центар + во автошкола...
Со среќа.