Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
sardaukar со постот твој се сложувам за поентата но не и за како ти е презентирана. За одењето надвор, би рекол дека тоа е донекаде полесен пат до пари да, но и за да живее човек таму надвор од својата заедница е доста тешко, така да имаш таму друга битка која треба да ја совладаш и во никој случај тие луѓе не треба да се третираат како губитници. Една битка е таму, друга е тука. Инаку се согласувам за тоа дека не би требало да стане тренд иселувањето од државата, иако условите се такви какви што се наше е да се бориме и да останеме тука, како што тоа го направиле и нашите фамилии. Меѓутоа не би лимитирал никого на тоа дали мора или не мора да остане, тоа си е личен избор така што секој за себе одлучува и оди онаму каде што гледа поголем просперитет за себе. Со други зборови, тоа е поентата на животот :)
Сите кои што сакаат да заминат не само што не би им забранувал туку со клоци би ги бркал. Која жртва Ченто, какво брилијантно момче Кузман Јосифовски, каква борба низ сиромаштија, бегање од едно место во друго само да не се смени верата, колку ќотек во социјализмот. И да се нема ни тронка благодарност. Да се замине и да се вели: бегајте сите од овде, не вреди да се бори и да се остане. Откако толку жртва се дало, и сега некој губитници тиквари ќе кажуват НЕ ВРЕДИ.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Сите кои што ја напуштиле својата земја и својот народ се губитници. Ако некој отишол привремено надвор, но тоа го сторил за некоја идна полза за заедницата на која и припаѓа, може да се разбере. Тие кои трајно се одвоиле колку и да успеале во приватниот живот секогаш ќе бидат губитници. Затоа што ниедно вртење на грбот и напуштањето на полето на битката не донело победа.
Животот е борба и прекрасно е што е така. Страшливците бегаат и се правдаат. Се гордеам што сум во малобројниот македонски народ кој покажа невидена цврстина во исклучително тешки времиња како од памтивек така и во изминативе две децении. Останавме овде, како Македонци и ја зачувавме верата во Господ. А која друга духовно-културна и национална битка е на Македонецот. Битката за Германија, Австралија, Шведска...??? За кого и за што?
Настрана од политичарите и дел од побогатите, сите други Македонци во Македонија се херои за се она кое го поднесуваме! Тие кои се надвор барем би покажале поштеност ако споменатите 2 вистини ги признаат. Дека се дезертери и дека треба да им се честита на оние кои останале овде на самото место на тешка животна битка. Ако се поштени и искрени...
Сите кои што сакаат да заминат не само што не би им забранувал туку со клоци би ги бркал. Која жртва Ченто, какво брилијантно момче Кузман Јосифовски, каква борба низ сиромаштија, бегање од едно место во друго само да не се смени верата, колку ќотек во социјализмот. И да се нема ни тронка благодарност. Да се замине и да се вели: бегајте сите од овде, не вреди да се бори и да се остане. Откако толку жртва се дало, и сега некој губитници тиквари ќе кажуват НЕ ВРЕДИ.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.815
Отвори тема за мене и тогаш ќе одговарам на тие прашања.
Nema potreba ...samo sakav da vidam dali gi imas nekoe iskustvo nadvor od drzavata za da mozes da sudis i da gi uslovuivas kako gubitnici tie sto zaminale nadvor od drzavava.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Сите кои што сакаат да заминат не само што не би им забранувал туку со клоци би ги бркал. Која жртва Ченто, какво брилијантно момче Кузман Јосифовски, каква борба низ сиромаштија, бегање од едно место во друго само да не се смени верата, колку ќотек во социјализмот. И да се нема ни тронка благодарност. Да се замине и да се вели: бегајте сите од овде, не вреди да се бори и да се остане. Откако толку жртва се дало, и сега некој губитници тиквари ќе кажуват НЕ ВРЕДИ.

Може да ми кажеш нешто повеќе за тебе? Каде работиш, колку плата земаш? Пошто те гледам и доста време на форумов тепаш гарант немаш некоја попаметна работа.

Порано било така пошто народот немал избор, или ќе ќути на душманот или ќе се бори.
Денеска имаме избор, тие се бореле за подобра иднина. Не мешај баби и жаби, ако немаш некој од твојата фамилија што учествувал во револуциите прадедо, дедо, премногу не им верувај на книгите пошто не вистина се што читаш.

Али пак ќе кажам, книга е едно, реален живот е друго. Треба малку да го поживееш второво па после да судиш кој е губитник а кој не.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.294
Someday.. само налетав, и си реков да им се каже на дезертерите вистината, да не си ги мачкаме очите. Овде се води грчевите борба за овој народ, оваа земја, тие уште велат: „бегајте кој како знае. Овде во странство е супер, таму е најлошото место. Ние сме биле глупите што сме овде и уште се бориме за ова парче земја.“
Оти тие се глупи губитници без достоинство, неблагодарници кон сите оние кои се бореле и се борат, зошто и нас сакаат да не направат како нив.
Па тоа им го кажувам и јас бе другар,цело време! Но еве никако да ме сватат..
А што викаш губитници се?Предавници? Така е и јас се слагам со тебе.


Но,јас ќе продолжам да се борам грчевито!Преродбата продолжува,нели така?

пс. сега ќе се кажеш ли кој си? undefined
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
sardaukar со постот твој се сложувам за поентата но не и за како ти е презентирана. За одењето надвор, би рекол дека тоа е донекаде полесен пат до пари да, но и за да живее човек таму надвор од својата заедница е доста тешко, така да имаш таму друга битка која треба да ја совладаш и во никој случај тие луѓе не треба да се третираат како губитници. Една битка е таму, друга е тука. Инаку се согласувам за тоа дека не би требало да стане тренд иселувањето од државата, иако условите се такви какви што се наше е да се бориме и да останеме тука, како што тоа го направиле и нашите фамилии. Меѓутоа не би лимитирал никого на тоа дали мора или не мора да остане, тоа си е личен избор така што секој за себе одлучува и оди онаму каде што гледа поголем просперитет за себе. Со други зборови, тоа е поентата на животот :)
Ние не живееме само за себе. Нашиот личен напредок не вреди ако блиските страдаат. А тешко е да постигнеш фамилијарна среќа ако твојот народ пати и е несреќен. Освен ситаџиска среќа како овие што таква „усреќеност“ од странството искажуваат на темава.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Nema potreba ...samo sakav da vidam dali gi imas nekoe iskustvo nadvor od drzavata za da mozes da sudis i da gi uslovuivas kako gubitnici tie sto zaminale nadvor od drzavava.
Поштеди се од маките. Јас ќе ти кажам дека вон Табановце и Богородица нема мрднато, очигледно е.
Ова во пошироки рамки, чисто се сомневам дека искача и од подрумот во кој е пикнат и од каде што сега ни пишува :D

Just for the record, ваквите ги обожавам, јадат трици за домољубие и патриотизам нон стоп дур не се оженат. После, со жена, деца и фамилија на грб да видиш каква друга песна пеат. Нозе кршат да заминат одовде и да се дограбат до подобар живот, ако веќе не ја цицаат партијата овде:) Видено со свои очи, гарантирам.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Тој кој што завршил машински факултет, а не знaе да го искористи своето знаење и да заработува со него во слободно претприемачко време, тој и не ни учел за да го знае машинството туку само за да добие диплома. Тука државата е грешна по повеќе основи. Згрешила што им верувала на таквите дека можат да сторат нешто за заедницата како формално образовани личности, и со тоа му сторила зло. Таквиот изгубил години во школување, а тој требало уште веднаш да биде таксист или нешто друго за кое имал дарба. Има луѓе сакаат да бидат таксисти, таа работа им годи и успеваат нормално да заработат. Тој кој сакал да биде машински инженер, а завршил како таксист треба да се праша колку бил за таа наука.
Како не ти е срам бе, мајмун еден?
Луѓето што ги познавам беа првенци на генерација, одеа на натпревари по матаметика и физика, завршија во рок машински факултет, едниот магистрира на времето кога на машински освен асистентите, немаше други магистри.
И се’ што им остана да работат е да возат такси или да се молат за државна служба. Едниот работеше во фирма, ама не во лабораторија, туку растовараше по 12 часа, 6 дена во неделата, понекогаш и во недела, за плата помала од двеста евра.
И ти најде за такви златни деца да јадеш гомна што ја напуштиле златната ни држава која не можела да процени за што биле? :facepalm:
Како и чинат на Америка и на Германија, а кај нас не чинат?
За заедницата да се направело нешто?! Што? Како Петров шо не го дава името, а се шета низ светото со туѓи пари.
Ти како од планина да си слегнат, па упорно величиш некои племенски идеали.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Може да ми кажеш нешто повеќе за тебе? Каде работиш, колку плата земаш?
Со задоволство, но отвори тема за јавно или прашај ме приватно.
Пошто те гледам и доста време на форумов тепаш гарант немаш некоја попаметна работа.
На форумов тепам време? 200 мислења за 5 години. Што да каже тогаш Леандра.

Денеска имаме избор, тие се бореле за подобра иднина. Не мешај баби и жаби, ако немаш некој од твојата фамилија што учествувал во револуциите прадедо, дедо, премногу не им верувај на книгите пошто не вистина се што читаш.
Оти сега кога ќе заминат да не ги носат и роднините во странство. И сега одат како поединци, по некој со жена и дете. На печалба се одело секогаш, само поблиску.

Али пак ќе кажам, книга е едно, реален живот е друго. Треба малку да го поживееш второво па после да судиш кој е губитник а кој не.
Некој се бори и не сака да биде неверен кон себе. Некој потклекнува, се откажува од себе и му се поклонува на непријателот за да добие некаква материјална лагодност во животот.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
А тешко е да постигнеш фамилијарна среќа ако твојот народ пати и е несреќен.
Па што знам за ова, не ми изгледаат несреќно воловине на собраниски канал... :cautious:
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Како не ти е срам бе, мајмун еден?
Луѓето што ги познавам беа првенци на генерација, одеа на натпревари по матаметика и физика, завршија во рок машински факултет, едниот магистрира на времето кога на машински освен асистентите, немаше други магистри.
И се’ што им остана да работат е да возат такси или да се молат за државна служба. Едниот работеше во фирма, ама не во лабораторија, туку растовараше по 12 часа, 6 дена во неделата, понекогаш и во недела, за плата помала од двеста евра.
И ти најде за такви златни деца да јадеш гомна што ја напуштиле златната ни држава која не можела да процени за што биле? :facepalm:
Како и чинат на Америка и на Германија, а кај нас не чинат?
За заедницата да се направело нешто?! Што? Како Петров шо не го дава името, а се шета низ светото со туѓи пари.
Ти како од планина да си слегнат, па упорно величиш некои племенски идеали.
Ако има примери на успешни и во овие услови, без помош и без посебни услови, туку со работа. А ги има! Тогаш нема оправдување за оние кои не успеале. И таму каде што не сум успеал или не успеавам, ќе им признаам на другите дека главната грешка е во мене, а не главната грешка е во државата или народот. Тој кој е добар физичар, математичар, научник не значи дека е и успешен прагматичар, економист па да може да води фирма и тн.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Нели ве мрзи да му објаснувате и пишувате реферати? :icon_mrgr:
Тие ќе се откажат од Македонија, ама суетата не им дозволува да се откажат од дезертерската животна одлука. Јас би сакал да се откажат сосема од Македонија и да не и прават повеќе штета. Затоа и пишувам да не ја шират сопствената неблагодарност во размислувањата на оние овде. Албанците кои никаква жртва не сториле, одат во странство и не се откажуват од овде, а овие тиквар(к)и без достоинство велат бегајте од тој народ и земја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom