Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.774
Па тоа им го кажувам и јас бе другар,цело време! Но еве никако да ме сватат..
А што викаш губитници се?Предавници? Така е и јас се слагам со тебе.


Но,јас ќе продолжам да се борам грчевито!Преродбата продолжува,нели така?

пс. сега ќе се кажеш ли кој си? undefined
Оф топик:
Јас сакам да се борам со тебе :oops:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.345
Отишол тој воз одавна. Друго е да имаш еден куп гладни Ирски католици или неуки шипои, зошто сите тие емигранти ќе се котат како луди, можеби и после првата генерација. Штом испратиш веќе едуцирани луѓе, нема аир од таа емиграција. Ни ќе може, нит сака да се организира (зошто не гледа поента) и после многу кратко време ќе се стопи со новата средина, оставајќи го ова јуначиштето тука да се бори за македонцките правдини.
Тука може Шемса да помогне. Прави концерти низ Македонија и сите што ќе ги посетат имаат одличен потенцијал за бивање добри мајстори, наркодилери и остали добро платени високоризични работи. Откако ќе стигнат до доволно пари, тие ќе ги соберат едуцирани да работат за нив, бидејќи им требаат адвокати, сметководители, инженери на кои ќе можат да им веруваат. Пример за такво фунционирање ти се шипоите.

Што се нашиве неуки гладни подобри од неуките шипои, па да не можат да го работат тоа? Стопати боља опција од лепење на плакати и дружење со синот на локалниот војвода...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Израел, Ирска, Ерменија. Три држави кои најверојатно не би постоеле на картата на светот ако не биле нивните „дезертери“. И интересно, три држави со слична историја на оспорување од соседите и многу лимитирани ресурси како нас.

За една работа би се согласил со тебе. Тие што заминуваат во странство, заминуваат поразени. Кои пред 50 години заради политички прогони, кои денес заради економски пропаст. И тоа е наш најголем проблем. Тие луѓе не сакаат ни да се сретнат едни со други, а не па да соработуваат. Заради гневот кој им тлее откако биле приморани да заминат. А ние не правиме ништо за да ја прескокнеме таа препрека, туку баш напротив, го зголемуваме јазот.

Македонците не ги спасува организирање во границите на државава, затоа што државава нема доволно ресурси да ги задоволи сите. Македонците единствено може да ги спаси организирана и влијателна дијаспора. Барем на нивото на албанската или српската, па нека биде сметана и за криминална ако треба.
Ти одлично ги знаеш чекорите во пропагандата. Секоја критика кон власта- ја претвораш во критика кон земјата, секоја критика кон „народот“ кој е претворен во партиски полтрон- ја претвораш во критика кон сопствениот народ. Секоја критика кон Архиепископија, Петре и компанија арамии- ја претвораш во критика кон православието и Бога. Автоматски излегуваш плукач, предавник и атеист.

Толку е едноставна пропагандата, како 2+2.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.345
Ти одлично ги знаеш чекорите во пропагандата. Секоја критика кон власта- ја претвораш во критика кон земјата, секоја критика кон „народот“ кој е претворен во партиски полтрон- ја претвораш во критика кон сопствениот народ. Секоја критика кон Архиепископија, Петре и компанија арамии- ја претвораш во критика кон православието и Бога. Автоматски излегуваш плукач, предавник и атеист.

Толку е едноставна пропагандата, како 2+2.
Знам, затоа мислам дека е време шефот да ги потсреди редовите и да види што може да направи со слободниве стрелци. А може. Затоа што исто така знам дека Груевски, Ставрески, Јанкулоска, Мијалков, Мисо, Протогер, Самак и уште десетици други немаше да бидат тоа што се денес, ако не поминеле дел од животот во странство. :) И сигурен сум дека не се каат што тогаш заминале.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знам, затоа мислам дека е време шефот да ги потсреди редовите и да види што може да направи со слободниве стрелци. А може. Затоа што исто така знам дека Груевски, Ставрески, Јанкулоска, Мијалков, Мисо, Протогер, Самак и уште десетици други немаше да бидат тоа што се денес, ако не поминеле дел од животот во странство. :) И сигурен сум дека не се каат што тогаш заминале.
Јас се каам што се вратиле :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.766
Малку е чудно во денешно време некому да објаснуваш причини за миграции. Отпрво мислев дека се работи за залутан средношколец ама добро, небитно. Миграции имало отсекогаш и ќе има и тие се сосема природна појава. Нормална работа е за секој човек да си бара решение за егзистенција и да одбере она што е најдобро за него, не само од финансиски аспект туку и од ред други. Прилично е жално да живееш во илузија дека со своето останување всушност помагаш во нешто. За да помогнеш прво треба да си поммогнеш на себе си, ако си невработен и зависен од други луѓе, не си од корист ни за семејството ни за државата. Постојат држави кои се пренатрупани со народ и по оваа логика требало да процветаат, но всушност живеат многу бедно.

Македонија додуша отсекогаш била печалбарска земја и не за џабе има многу стари печалбарски песни. Ништо посебно не се променило. Во Македонија има преку 200 000 луѓе кои живеат или од примањата на други членови на семејството или од роднини од странство.

Македонија е 20 години силувана од партиски структури де на Курто де на Мурто, самата држава се откажа од западниот дел и му го препушти на нецивилизирани сељандури да се изживуваат врз населението, се ликвидираа скоро сите позначајни компании во приватизацијата и неможејќи да решиме ни едно важно прашање, се зафативме со градење споменици.

И тука треба да останеме и да се бориме. Со кого и како поточно, да се бориме?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Со својот ум и однос кој го имаат кон Македонија, кон другите околу, а и со тоа кон себе тие кои се исселуваат подобро и што си заминуваат. За да нема потреба да си ја грешиме ние душата подобро е самите што си одат. Ако треба и ќе се прочистиме и ќе спаднеме на неколку стотици илјади Македонци. И тогаш откако ќе ги отстраниме сите малодушни безрбетници ќе можеме да се договараме и се што ќе договориме заедно ќе го спроведеме и така ќе градиме силна држава во која ќе биде пријатно да се живее поради чувството дека си сплотен и силен заедно со другите.

Економските причини како оправдување може да важат само за постарите исселеници.
Посебно откако е отфрлен социјализмот денешното време дава претприемачки можности и шанси за стекнувања за секој кој одлучи да мрдни малку со умот и кој се прекрсти и почни да работи. Тие можности се нешто поголеми во странство но и овде ги има сосема доволно. Проблемот е што малодушниците бараат оправдување за својата слаба вера. Во денешните услови слабата материјална состојба е заради малодушниот однос. Кога ќе заминат од дома, и природно принудени се повеќе да се ангажираат и борат отколку дома. Има делови од Македонија каде не се којзнае колку богати, но заради нивниот скромен и работен однос имаат се што им е потребно. Знам едно момче пријател кој се прекрсти и седна машки да работи. За 10-11 години, ги набројувам главните работи: прво го исплати долгот, си ја доправи и уреди куќата, купи голф од 6 000 евра и купи и го исплати нов имот од 13 000 евра. Ете 3ца луѓе само од земјоделие. Само овој пример ги отфрла изговорите за заминувањето од економски причини. Секој кој ќе го стори истото, ќе нема потреба да се стиска.


Никој никого овде насила не го тера да остане или да замине. Изнесуваме мислење. На нападното убедување дека треба се да се остави и да се замине џенем без свртување на главата, одговорив соодветно.
Најмалку јас би го молел некого да остане. Само наместо лажно да ги тешам, на нивната совест им ја кажувам вистината. И токму затоа сега погледни ги мислењата свртени кон мене, а не кон моите мислења. Тоа се одговори на чепнатата нечиста совест.


Те совладале и ја изневеруваш Македонија сега, ...и минатото, ...и иднината. Совреме свести се, за да не ти помине животот, за кога ќе немаш повеќе време да речеш глуп јас што изгубив толку време и стоев не правев ништо.
Затоа што многумина кои од глупавост не сториле ништо, сега вербално работат да не успее, за да не излезе дека тие биле умствено слабите што се излажале на нечии обмани и се откажале од борбата која ДРУГИТЕ без нив ја добиле. Можеш да ги видиш таквите и на овој форум.

Само да знаеш колку лесно тие кои ти глумат сила и моќ се голи и страшливи ако еден дел од народот им затропа на врата.
ДАЈ БЕ КАЖИ НА ШТО ДРОГИ СИ ЖИТИ ОКО.
Срањево што го зимаш ептен е јако у пичку матер чоек дури да ти позавиди, ако не кажуваш на шо си барем кажи од кого набавуваш.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 23:05 ---
Стар член од Кајгана, ако ти текнува беа екипа Еди ребел, огледало, битушанец своевремено, Мисирков и уште некој. а.
Кога банираа се живо и диво ако не се совпаѓаше со нивните ставови ?
Кога почнаа да ја шират тезата за античките ?
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Сега е претприемачко време, има многу можности за заработување. Треба да се мрдни со умот и да се работи. Странство дава подобри можности, ама за кого и за што би вредело ако се раскине со својот народ. Зарем само за себе живееме. На кого и за кого ќе биде посветен нашиот успех. Тамошните деца нема да бидат твои, тие ќе бидат туѓи. Припадници на таа култура, а не на твојата македонската. А ако не ја сакаш топлината и мекоста на македонската култура, тогаш ти си детето туѓинецот за твоите родители, пријатели, роднини.
Да беше оваа реченица точна ни јас немаше да бркам документи за да си заминам од овде... Ехх друже, штета што или си толку мал или пак немаш осетено на своја кожа.

Не важи ова правило кај нас, успева тој што има врски и е богат , а не тој што е работлив и способен.

Која мекост на македонската култура бе... Сиромаштијата си го прави своето, сите сме изобличени на еден начин, секој со 300 проблеми над главата... Како да читам приказни кога ти ги гледам постовите. Дај боже да беше вака како што збориш ти, мило ќе ми биде...
--- надополнето: 25 септември 2013 во 23:40 ---
Израел, Ирска, Ерменија. Три држави кои најверојатно не би постоеле на картата на светот ако не биле нивните „дезертери“. И интересно, три држави со слична историја на оспорување од соседите и многу лимитирани ресурси како нас.

За една работа би се согласил со тебе. Тие што заминуваат во странство, заминуваат поразени. Кои пред 50 години заради политички прогони, кои денес заради економски пропаст. И тоа е наш најголем проблем. Тие луѓе не сакаат ни да се сретнат едни со други, а не па да соработуваат. Заради гневот кој им тлее откако биле приморани да заминат. А ние не правиме ништо за да ја прескокнеме таа препрека, туку баш напротив, го зголемуваме јазот.

Македонците не ги спасува организирање во границите на државава, затоа што државава нема доволно ресурси да ги задоволи сите. Македонците единствено може да ги спаси организирана и влијателна дијаспора. Барем на нивото на албанската или српската, па нека биде сметана и за криминална ако треба.

Изгубена е довербата во дијаспората по многуте кражби што се случиле во минатото. Народот неможе веќе да верува на истите приказни и глупости. Кога идеалите се ставаат на прво место никоја пара неможе да го пробуши тоа ! Таква е албанската дијаспора.

Кај нас како дијаспора , да постоиме, има движења.. Масовни инвестиции сега во овој момент нема, а нема ни да има. Кога некој ќе те украде еднаш , нема по втор пат да го дозволиш тоа. Дијаспората треба да си биде самостален орган , а не да биде управувана од власта. Абе има мноогу тука за дискутирање и не е баш толку едноставно како што некои членови тука мислат. СИТЕ знаеме како треба, и како треба да ни се оправи државата и нацијата, ама во реалноста сосема друго се случува !

Погрешни лица ги прават големите работи, и заради тие валкани нешта целата нација добива лоша слика. Немаме ние некој националиста на главна позиција кој државата ни ја гледа како свето нешто, нема ни да има пошто ќе им ги уништи плановите на профитерите и поединците желни за моќ.
 
Член од
23 јуни 2013
Мислења
132
Поени од реакции
244
Шала настрана дечкото добива едно вакво од мене

за упорноста:

Во сам против свих-стил се обиде да не убеди дека во оваа наша чудесна земја и не е толку лошо, само треба НИЕ да се преродиме.
И што е најбитно, си го држи тонот на едно фино, смирено, џентлменско ниво, како шо му прилега на еден од идните надежни кадри на преродбата. кој си клуцка по мекбукот додека на први му стига плата од неколку управни одбори и друга ХР/ПР работичка во некоја општина. (y)
И шо џабе кенкате кога 70% од тука сте/или ќе сте со книшки, кркате некоја субвенција или смукате од некоја админ цевчичка (оти и цевките веќе ги преполовија на по двајца). М?! Знам бе знам, за гол живот се работи, знам. :unsure:
Парадоксално е само што секогаш во вакви дебати мнозинството умни, независни, прогресивни умови одат контра вакви мрсулавења, а кога е моментот да се одлучува, односот да е тотално обрнат. Како бе? o_O

Туку он: Ја се сметам/сакам да бидам граѓанин на светот, не само на една држава. И да го цитирам Оскар Диви: Патриотизмот е доблест на злобните!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога банираа се живо и диво ако не се совпаѓаше со нивните ставови ?
Кога почнаа да ја шират тезата за античките ?
Да, они беа првите со антички Македонци и од нив е поделбата на патриоти и предавници на форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom