Семејно насилство: Колку е често кај нас и колку се борат институциите да го спречат истото?

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Колку само страшна состојба е моментот на насилство без разлика од кој основ е направено (психички или физички), понижување, искривување на цел психички склоп на лицето кое е малтретирано, А најмногу децата кои го гледаат сето тоа, мислам дека пострашна казна за дете нема од таа да си ги гледа родителите како се измачуваат и се мразат меѓу себе, тука нема здрава индивидуа и ретки се тие кои испливале нормални од такво семејство, за децата почитта и љубота од родителите преставува сигурност и потпора за се што им се случува па дури и за сонот кој го сонат навечер.
Греота е навистина некој кој не барал да дојде на светов и да постои да е сведок на страшни сцени од луѓето кои ги сака највеќе и кои треба да се рамото на кое ќе се потпрат и во иднина ќе им пружат поддршка, самото ќутење на сопружникот кој е малтретиран преставува продолжување на измачувањето ем засебното ем на она што му значи повеќе и од својот живот (децата), разбирам дека постојат и мазохисти ама до толку неможам да сватам дека се плашеле или нешто слично, јас лично кога ќе видам солза од неспретност на лицето на некое од моите деца ме препекува, па негали да дозволам да живее во тотален хаос и болка, вината е во нас возрасните, нема страв нема трпење се знае, земаш партали и првиот момент те снемува од таму правец полициска станица, а после тоа ма ако треба на три работни места ќе работам и ќе чистам и ќе перам ама ќе опстанам се заради мојте деца да не преживеат трауми и дефекти врз психата само заради некој кој незнае да се исконтролира себеси или тивко да си замине.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Точно. Дури човек може и 40 години да не згазне на мравка и на крај да стане сериски убиец. Како прво и прво ние самите не знаеме што ќе направиме утре, а камоли некој друг.
Има жени кои знаат дека си имаат работа со сериски убијци,манијаци,насилници и психопати па тоа не ги спречува да влезат во брак со наведените....:)
http://www.independent.co.uk/news/science/why-women-really-do-love-selfobsessed-psychopaths-850007.html
http://www.guardian.co.uk/world/2003/jan/13/gender.uk
http://www.psychologytoday.com/blog/all-about-sex/201001/womens-rape-fantasies-how-common-what-do-they-mean
http://www.thesun.co.uk/sol/homepage/news/article1243004.ece
http://www.trutv.com/library/crime/serial_killers/notorious/ramirez/terror_1.html
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Има жени кои знаат дека си имаат работа со сериски убијци,манијаци,насилници и психопати па тоа не ги спречува да влезат во брак со наведените....:)
Знам и за такви случаи, но сепак голем дел од насилниците не одсекогаш биле такви, затоа не е наше да судиме некому, не знаеме како дошле до таа ситуација.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ма дај,послем бракот...а пред тоа господинот берел кокичиња и пеел оди славејќи ја пролета :)
Таков си бил тој,прашај некој психолог и ќе ти објасни дека некој луѓе се склони кон насилство а некој не.
За последиците сама си е крива,а решение може многу едноставно да најде.Но така не би и одговарало бидејќи тоа е спротивно на нејзините фантазии.
Еве како психолог ти кажувам дека човекот се менува, и ако денес не е насилен, не значи дека утре нема да биде, ако денес не е алкохоличар, не значи и дека утре нема да биде.
Работев со човек, кој на мравка не газел, чесен работник, но му се помешале картите на животот, во сообраќајна несреќа му починале две деца, едното едвај преживеало.
Разговарав со негови пријатели и роднини, на никого не му беше јасно како таков човек, весел, позитивен, капка алкохол се немал напиено........сега пробал 2 пати да се самоубие, а еднаш да ја убие и жена му и себе.
Се може, тоа што е денес, не значи дека ќе биде и утре.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Еве како психолог ти кажувам дека човекот се менува, и ако денес не е насилен, не значи дека утре нема да биде, ако денес не е алкохоличар, не значи и дека утре нема да биде.
Работев со човек, кој на мравка не газел, чесен работник, но му се помешале картите на животот, во сообраќајна несреќа му починале две деца, едното едвај преживеало.
Разговарав со негови пријатели и роднини, на никого не му беше јасно како таков човек, весел, позитивен, капка алкохол се немал напиено........сега пробал 2 пати да се самоубие, а еднаш да ја убие и жена му и себе.
Се може, тоа што е денес, не значи дека ќе биде и утре.
Па да,такви ситуации не го менуваат човекот туку го пореметуваат.А тоа е сосема различно...
Најзастепено насилство е од љубомора и бес...ама оној “кучешки бес“ :)
Човек* што е склон кон насилство таков си е од мали нозе, така го воспитале или нешто во неговиот живот или природата го направила да биде таков.
И да,се познава насилник кој е.

*Човек...тоа е суштество настанато од мајмун или пак од...??? :):):)
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Институциите кај нас се нула. Ја работев оваа тема на факултет и дојдов до заклучок дека молчењето е единствена утеха. Знам дека звучи лудо,но така барем знаеш дека немаш помош затоа што не си ја побарал. Жените - жртви на семејно насилство немаат никаков излез... Овие што се транзитни центри и сигурни куќи обезбедуваат престој само во рок од 24 часа до максимум неколку дена. Единствено сигурната куќа на жените на град Скопје мислам дека беше нуди престој до 6 месеци што за мене е НИШТО. ЦСР најчесто учествува со РАЗГОВОР. Хелоууу. никој не пријавува семејно насилство што се случило прв пат. Случаите кои се пријавувани најчесто се со длабоки корени и се пријавуваат кога веќе жената не гледа друг излез или кога насилството преоѓа и врз децата така што разговорот и не врши некоја функција. Полицијата - жива утка. Една ноќ во станица неможе да смени ничиво насилно однесување, предупредувањето исто. Доколку малтретираната жена не заврши во болница, најчесто тешко повредена, цајканиве го сметаат сем насилство најчесто како прекршок и тоа на ЈАВНИОТ РЕД И МИР. Смејното насилство најчесто не се пријавува поради економската зависност на жртвата и несигурноста во институциите. Една ноќ во транзитен центар не е решение. Кога се пријавува, се пријавува само физичкото насилство. Психолошкото ( што според мене е најлошо) не се сфаќа сериозно, сексуалното сем насилство пак не се пријавува поради чувството дека тоа е „брачна должност“. а економското пак ретко кој го смета за семејно насилство.Точно дека еден криминоген фактор од многуте е токму економската состојба. Според ЈУ за детска заштита повеќе од 50% од семејствата во кои има насилство имаат примања до 10 000 денари и тоа околу 40тина проценти од тие семејства имаат примања од 2000 до 5000 денари. Од големо значење е и образованието како на жртвата така и на сторителот, зависностите и наследниот фактор, трансгенерациската трансмисија на семејното насилство. Најчести жртви и насилници се оние кои во детството биле жртви или сведоци на семејно насилство во нивните семејства (што мајмун гледа, тоа мајмун прави).

забегав скроз
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Ич не забега туку многу убаво ја објасни целата наша трагична состојба. Токму затоа, во врска со проблемот кој го пишав пред некое време, решив дефинитивно да не правам ништо. Прво затоа што не сум јас единствен сведок на тоа (цел влез ги слуша!), а второ затоа што не живеам помеѓу луѓе во кои верувам дека на крај нема мене да ме обвинат што им се мешам. Насилството не е прекинато, се случува постојано. Го имало и преку ден, тоа не го знаев дури не се завртив повеќе дома и дење. Језиво е да се слуша сето тоа, а посебно кога ќе сфатиш дека таа мајка нема никакви чувства за детето. И тоа успеав да го заклучам и скроз се згадив! Единствено што можам е да ги кажам кај газдата на станот бидејќи го знам, за барем да ми го тргне тој немир. Ме фаќа жал и за него... пред да влезат овие станари, го реновираше цел стан од корен, а тие мислам дека веќе го имаат скроз искршено! Не верувам дека можам и тоа да го направам, но, ќе видам.
Ова го пишувам само за да ги испочитувам форумџиите кои ме испочитуваа и ми вратија на постот. :pipi:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
-гледам еден случај, па да прашам дали е семејно насилство
семејствово некако живее,не баш добро во исти двор со
мајката на мажот во засебни мали куќарки.
Синов - мажот има сопруга и две деца, едното од 4 месеци.
Е сега мајкава т.с. свекрвава не им дава прикључок за струја,
поточно живеат младиве без струја 2-3 години.Во темница.
Не им дава ни прикључок за вода. Поточно немаат младиве
вода, се знае во шише и кофа.Внатре немаат.Хигиена никаква.
Со ништо не им помага,а карање се слуша во дворот секојдневно.
Пак прашањето дали е семејно насилство овој случај.
Насилство од мајка-свекрва има ли.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Tokmu taka, glupost e da se kaze deka Kapitalizmot e edinstveniot krivec !!!
Vo Socijalizmot ovie negativni pojavi bea vo mnogu pomal procent, no togas zivotot bese dosta poednostaven i lugjeto ziveea dosta poskromno, a deneska povekjeto lugje(i mazi i zeni) se azdisani i rasprdeni, se udrilo na: pijancenje, skitnicenje, kockanje, svaleraj/ku*vanje, droga i sl. Ako nekoj nema pari nemora da odi da skita i da sljoka po kafani, da frla pari po svalerki/ku*vi, da ide po kladilnici/kazina i sl. Sekako ovie(moderni) pojavi se nepotrebni i negativni i za toj sto ima pari !!!

Во социјализмот овие работи ги имало во помал број, затоа што свесноста на жртвите била на ниво нула. Срамота било да се вратиш дома после брак, ќе те збореле комшиите, ќе ти судел кој стигнел, детето ќе ти било копиле и куп други небулози.
Поентата е дека семејното насилство постои од кога постои традиционалното семејство и зависи од карактерот или растројството на насилникот.
А пијанчење, курвање и се друго шо наброја - иста ситуација, стара колку и времето.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Колку и да има семејно насилство воопшто никоја жена тоа не го пријавува.
Од страм (што ќе речеле комшиите и роднините...)
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Не знам многу за институцииве, но не би се потпрела баш на нив. Не ми е најсигурна опција. Или па се научив да трпам разни срања и побезбедно ми било да преќутам пред да си навлечам уште една беља.
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
11
Поени од реакции
13
Колку психичкото семејно насилство се признава во нашава држава и како можат надлежните институции да им помогнат на жртвите?
Неколку години сум жртва на психичко насилство од страна на мојот сопруг, освен навреди, забрани, ултиматуми, префрлање на повекето обврски во домот, често бев принудувана на сексуален чин, против моја воља, мегутоа без физичко насилство туку со закани и слично.
Каде можам да се обратам, сакам да се разведам ама повторно ми се заканува и ме заплашува, имам потреба од заштита, навистина незнам каде да ја барам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Колку психичкото семејно насилство се признава во нашава држава и како можат надлежните институции да им помогнат на жртвите?
Неколку години сум жртва на психичко насилство од страна на мојот сопруг, освен навреди, забрани, ултиматуми, префрлање на повекето обврски во домот, често бев принудувана на сексуален чин, против моја воља, мегутоа без физичко насилство туку со закани и слично.
Каде можам да се обратам, сакам да се разведам ама повторно ми се заканува и ме заплашува, имам потреба од заштита, навистина незнам каде да ја барам.
Ова е здружение против семејно насилство и знам дека навистина се грижат за жртвите и знам дека ќе ти помогнат. Ова е телефонскиот број јави се: 02/2772-400.
Имаат центри за згрижување и бесплатна правна помош, никогаш повеќе нема да те допре.
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
11
Поени од реакции
13
Ова е здружение против семејно насилство и знам дека навистина се грижат за жртвите и знам дека ќе ти помогнат. Ова е телефонскиот број јави се: 02/2772-400.
Имаат центри за згрижување и бесплатна правна помош, никогаш повеќе нема да те допре.
Благодарам многу. Бескрајно благодарам.
Уште денес ке се јавам, дај боже се да искочи како што треба
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Благодарам многу. Бескрајно благодарам.
Уште денес ке се јавам, дај боже се да искочи како што треба
Јави се, не чекај ни еден ден покрај такво говедо. Ќе ти помогнат. Ти посакувам се најдобро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom