Тресна и остана жив. Треба да се срамиш што како човек си земал слобода да напишеш вакво нешто! Најчесто насилствата се случуваат после стапувањето во брак. Тоа е напишано и во сторијата на почеток, па читај малку. Но и да е пред тоа, и да се омажила некоја девојка за дечко кој и во врска ја малтретирал, треба ли така да мислиме и зборуваме? Секој човек на светов си има причини зошто ги прави работите кои ги прави, па затоа мора да научиме да престанеме да судиме!
Денес јас сум премногу потресена токму од ваква случка. Комшиите од кои ме делат тенки ѕидови често се караат. Но денес, мислам дека беше врвот или барем јас се погодив дома во пожустра расправија. Гледав филм и немаше да ги слушнам доколку не осетив вибрации од силни трескања на врати, од кои и кученцата ми се вознемирија. Исплашена излегов во ходник и што да слушам... жена писка, маж се дере, дете плаче ли плаче... се фрлаат и кршат работи, надворешната врата ја трескаа постојано... хаос невиден! Цел влез ечеше, беше скоро полноќ и никој жив од страна не реагираше. Се слушаа и јасни звуци кога мажот ја тепаше жената. Заглавив дома од незгодно да излезам и поминам покрај нив. Но што ме потресе најмногу... додека се средував во wc (кое е веднаш до нивното) слушнав како влезе жената и почна по малку да плаче. Пушти вода од кадата и почна да липа на цел глас! Збореше нешто, но не разбрав што бидејќи е Албанка. Останав здрвена и не знаев што да правам. Не знам што во животов ме потресило повеќе! Језиво и гадно е да слушаш како некоја жена сама плаче, а ти не знаеш дали и како да помогнеш! Седев така додека почна полека да се смирува. Потоа земав телефон да вртам во полиција, но не знаев дали треба да го направам тоа. Мислам... ова им е секојдневие, но денес беше навистина страшно дури и за слушање! Од една страна си помислив дека може и сама да побара помош ако сака, затоа што ја гледам преку ден излегува, се дружи со други жени... значи не е затворена дома. Од друга страна си помислив дека можеби и покрај тоа, срам и е да побара помош, па може треба некој да и помогне и да ја поттурне во бегање од тој живот. Најлошото беше што не разбирав ништо. Можеби ќе беше поинаку ако слушнев да довикува помош или било што друго, што би ми помогнало да пресудам што треба јас да правам. Сепак на крај, потресена од плачот, решив да барам помош, но баксуз ден... вип не работеше. После пола час излегов и слушнав како сеуште се караат.
Е сега, ај што не знам дали и како работи било која институција за вакви случаи, туку не знам и јас дали треба нешто да направам во врска со ова. Покрај тоа што ми е жал, почнувам да се осеќам малтретирано, бидејќи од суперпрозвучните ѕидови мислам дека живеам со нив.
Има ли некој со вакво искуство? Што е најправилно да се направи, а никој да не е уште повеќе повреден? Јас навистина немам појма, ситуацијава е крајно непријатна!
п.с. И ајде пак некој нека каже дека е во ред да се остане во таков брак само поради децата. Плачот од детето е најтрагичното нешто во се`! Предизвикува гнев кога слушаш како беспомошно плаче, додека родителите незнаејќи да си ги средат проблемите ствараат невиден хаос и трауми за него со дерење, кршење и тепање!