Бев во центарот за социјални грижи, се обратив и невладината организација чиј број го добив пред некој ден, многу ми помогнаа, само после еден ден сум веке по смирена и се чувствувам побезбедно. Ми понудија максимална подршка и помош, презадоволна сум, така да сите оние рекла-казала муабети дека центрите задолжени во оваа област не функционираат како што треба не држат вода.
Би упатила еден апел до сите жртви на семејно насилство, без разлика дали се работи за физичко, психичко или сексуално наилство, без разлика дали жртвите се жени, деца или мажи, да се обратат, да соберат сила и храброст и да кажат стоп на секојдневната тортура.
--- надополнето: 20 јули 2012 во 19:46 ---
Исто така сакам да и изразам голема благодарност на леандра која ми се најде во пресрет овде на форумот, тогаш кога најмногу ми требаше помош. Благодарам од цело срце!