Луси
extreme
- Член од
- 17 септември 2008
- Мислења
- 6.852
- Поени од реакции
- 20.353
Колку само страшна состојба е моментот на насилство без разлика од кој основ е направено (психички или физички), понижување, искривување на цел психички склоп на лицето кое е малтретирано, А најмногу децата кои го гледаат сето тоа, мислам дека пострашна казна за дете нема од таа да си ги гледа родителите како се измачуваат и се мразат меѓу себе, тука нема здрава индивидуа и ретки се тие кои испливале нормални од такво семејство, за децата почитта и љубота од родителите преставува сигурност и потпора за се што им се случува па дури и за сонот кој го сонат навечер.
Греота е навистина некој кој не барал да дојде на светов и да постои да е сведок на страшни сцени од луѓето кои ги сака највеќе и кои треба да се рамото на кое ќе се потпрат и во иднина ќе им пружат поддршка, самото ќутење на сопружникот кој е малтретиран преставува продолжување на измачувањето ем засебното ем на она што му значи повеќе и од својот живот (децата), разбирам дека постојат и мазохисти ама до толку неможам да сватам дека се плашеле или нешто слично, јас лично кога ќе видам солза од неспретност на лицето на некое од моите деца ме препекува, па негали да дозволам да живее во тотален хаос и болка, вината е во нас возрасните, нема страв нема трпење се знае, земаш партали и првиот момент те снемува од таму правец полициска станица, а после тоа ма ако треба на три работни места ќе работам и ќе чистам и ќе перам ама ќе опстанам се заради мојте деца да не преживеат трауми и дефекти врз психата само заради некој кој незнае да се исконтролира себеси или тивко да си замине.