Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Zdravo :) imam eden golem problem pa ve molam da mi pomognete okolu toa.. Vo vrska sum so muslimanin t.e od turcija e momceto i mnogu se zblizivme za toa kratko vreme. Eve 2 nedeli sme zaedno i mnogu ubavo se custvuvam so nego
no ne znam dali da prodolzam so ovaa vrska, ne znam za problemite sto ke sledat dali ke napravat nie da se razdelime a ne go sakam toa. Ve molam pomognete mi i ovde baram sovet od nepoznati se nadevam deka ke bidete iskreni. Pozdrav i odnapred blagodaram na tie sto ke mi pisat :) (golem vernik sum vo boga no ete ljubovta sto mi napravi )

Задебеленото: тоа е единствено што е важно.

Сè додека ти е убаво со него, треба да бидеш со него. Кога ќе видиш дека не ти е убаво со него, треба да прекинете.

Не е важно *зошто* не би ти било убаво со него или нему со тебе. Ако семејството ти/му прави притисок тоа е *твој*/*негов* избор дали ќе се согласи со тоа. Вашите семејства не се во вашата врска - вие двајцата сте. И како ќе се одвива вашата врска зависи исклучиво од вас двајцата.

За целото време додека сте во врската - комуникација, комуникација, комуникација. Зборувајте буквално за *сè*, зашто сите карти мораат да бидат отворени меѓу вас. Бидејќи сте од различни религии, тоа самото по себе повлекува различни начини на гледање на работите и побарува повеќе да комуницирате, за да најдете заеднички јазик.

Една добра вест: ако е Турчин, ќе те третира како вода на дланка и секогаш ќе се труди да си максимално среќна и задоволена. Тоа им е во културата, да ги почитуваат и ценат жените до максимум.

Поздрав и до лесно.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Zdravo :) imam eden golem problem pa ve molam da mi pomognete okolu toa.. Vo vrska sum so muslimanin t.e od turcija e momceto i mnogu se zblizivme za toa kratko vreme. Eve 2 nedeli sme zaedno i mnogu ubavo se custvuvam so nego
no ne znam dali da prodolzam so ovaa vrska, ne znam za problemite sto ke sledat dali ke napravat nie da se razdelime a ne go sakam toa. Ve molam pomognete mi i ovde baram sovet od nepoznati se nadevam deka ke bidete iskreni. Pozdrav i odnapred blagodaram na tie sto ke mi pisat :) (golem vernik sum vo boga no ete ljubovta sto mi napravi )
Што ќе имаш проблеми, ќе имаш. Што од родители, што од околина и на тоа треба да си подготвена.
Биди внимателна да не се изгубите вие двајцата бранејќи ја врската од другите.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
многу често се мешаат термините, верба, вера, религија, традиција, култура, и најчесто се поистоветуваат, а се сосема различни

една банална споредба за предрасудите.....ако ќерката дојде дома и каже дека е во врска со "жабар" или француз....родителите се горди, а типот може да биде најголемата пропалица, коцкар, педофил, криминалец и што уште не....тоа што он не е припадник на иста религија се става на втор план...бидејќи она што е битно е дека тој е "жабар" или француз

е сега ако ќерката каже дека е во врска со либанец....веднаш има отпор, негодување, забрани....иако можеби дечкото го има истото религиско убедување (православен христијанин) ...черсен и добар човек...и е можеби најдобриот човек за нивната ќерка

кај нас проблемот е повеќе историски....500 години ропство под исламска власт и обиди за асимилација....кај нас развиле условен рефлекс (сетете се на Павлов и кучињата)...што се пренесува кутуролошки од генерација на генерација....така да самото спомнување на ислам, муслиман, или националност или име што асоцира на ислам веднаш буди отпор и нетрпение

за да одредиме дали еден човек е добар или не прво мора да го запознаеме.....а за до го запознаеме...мора да настапиме без предрасуди (што е релативно тешко)

и јас поради личното име (универзално име кое во минатото не беше многу застапено кај македонците) сум би во ситуација при запознавање со луѓе веднаш да бидам прашуван за националноста и религиската припадност ....луѓето имаат предрасуди ушти при првиот контакт

така да мешани бракови можат да функционираат....но нивните потомци функционираат потешко....и партнерите мора да бидат спремни да го издржат притисокот на околината и семејството
 
Член од
18 октомври 2013
Мислења
9
Поени од реакции
2

Te cenam na ova sto go napisa.. Svetot bi bil sovrsen da mislat site kako tebe :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Zdravo :) imam eden golem problem pa ve molam da mi pomognete okolu toa.. Vo vrska sum so muslimanin t.e od turcija e momceto i mnogu se zblizivme za toa kratko vreme. Eve 2 nedeli sme zaedno i mnogu ubavo se custvuvam so nego
no ne znam dali da prodolzam so ovaa vrska, ne znam za problemite sto ke sledat dali ke napravat nie da se razdelime a ne go sakam toa. Ve molam pomognete mi i ovde baram sovet od nepoznati se nadevam deka ke bidete iskreni. Pozdrav i odnapred blagodaram na tie sto ke mi pisat :) (golem vernik sum vo boga no ete ljubovta sto mi napravi )
Види... како прво јас нес сум нешто многу баш за ваквите бракови, но сепак ако постои љубов можеби и треба добро да се размисли.
Јас неможе да ти кажам продолжи или прекини, зошто сепак една индивидуа најдобро ја согледува состојбата од свој аспект, но не е лошо да слушне и туѓо мислење...
Вие сте различна вера со што имате различни верувања, сфаќања и обичаи, а со самото тоа еден ден ќе настанат и кавги.
Вие ќе имате еден ден и дете/деца... ти фала богу ќе сакаш децата да ви бидат христијани, но тој и неговото семејство ќе сакаат да бидат муслимани.... повторно ќе настане кавга, а детето или ќе биде вера која не ја сакаш ти или тој или пак може да биде атеист.
Ова се само неколку причини кои еден ден можеби и ќе ја размрдаат вашата врска, а со тоа и брак. Прочитај и други мислења...., а на крај одлучи самата, ама не само што ти вели срцето, туку слушни што ти вели и мозокот :)
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Zdravo :) imam eden golem problem pa ve molam da mi pomognete okolu toa.. Vo vrska sum so muslimanin t.e od turcija e momceto i mnogu se zblizivme za toa kratko vreme. Eve 2 nedeli sme zaedno i mnogu ubavo se custvuvam so nego
no ne znam dali da prodolzam so ovaa vrska, ne znam za problemite sto ke sledat dali ke napravat nie da se razdelime a ne go sakam toa. Ve molam pomognete mi i ovde baram sovet od nepoznati se nadevam deka ke bidete iskreni. Pozdrav i odnapred blagodaram na tie sto ke mi pisat :) (golem vernik sum vo boga no ete ljubovta sto mi napravi )
Здраво Катрин.
Прво, ќе имате многу проблеми кои ќе застанат помеѓу вас, а најбитна е религијата за почеток. ти велиш дека си верник, а за да се омажиш за него треба да станиш муслиманка, или тој христијанин. дали кај тебе има желба да бидиш муслиманка, а потоа и да славиш муслимански празници?
Второ, родителите. дали си спремна да се соочиш со секакви последници само заради него? не те познавам, а ни твоите родители, но сигурен сум дека нема да им биди мило за тоа. си ја знаеш македонската култура, замисли што муабети ќе извадат најпрво твоите најблиски роднини, а потоа и останатите. замисли како на твоите би им било тогаш.
трето-НАЈБИТННО!!! одите САМО 2 недели. многу мал период е тоа. да одите 2 години, ај, ама 2 недели? тогаш е се најубаво на цел свет. проблемите излегуваат после, верувај.
има уште многу да пишувам за ова, но ова треба да ти биди доволно.
мој совет-не вреди, батали го. многу си млада и имаш цел живот пред тебе.
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Пиши пропало. Од искуство. Никаков проблем ни од моја ни од негова страна немаше, едноставно по некое време сфаќаш дека колку и да немаат врска јајцата и лепчето со религијата, не можеш да се откажеш од нив, оти тоа си ти и ТВОЈАТА култура, а кога ке заминеш во куќа под чии кров не е иста КУЛТУРАТА а камоли РЕЛИГИЈАТА, нема да бидеш толку сигурна во себе. Јас не викам да не се бориш, јас само викам да не се изгубиш себеси и своето во таа борба. А нешто ке мора да изгубш. И тоа не се ситници.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.285
ќе ти помине пубертетот и кога ќе фаќаш наш дечко ова со муслиманов ќе ти биде срам да го спомнеш.
Браво бе пријателе...со коментаров баш прионесуваш за мегутничките и мегурелигиските односи во нашава држава ...
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 04:17 ---
За религија првин во предвид агностик/атеист, а за останатото детаљно ке размислиме и ке помуабетиме со партнерката...А за националност и раса немам никаков проблем зошто сите луге луге имаат 2 раце и нозе, глава,срце ,нос,коса......... ;)
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.169
Поени од реакции
12.973
Zdravo :) imam eden golem problem pa ve molam da mi pomognete okolu toa.. Vo vrska sum so muslimanin t.e od turcija e momceto i mnogu se zblizivme za toa kratko vreme. Eve 2 nedeli sme zaedno i mnogu ubavo se custvuvam so nego
no ne znam dali da prodolzam so ovaa vrska, ne znam za problemite sto ke sledat dali ke napravat nie da se razdelime a ne go sakam toa. Ve molam pomognete mi i ovde baram sovet od nepoznati se nadevam deka ke bidete iskreni. Pozdrav i odnapred blagodaram na tie sto ke mi pisat :) (golem vernik sum vo boga no ete ljubovta sto mi napravi )
Два пати размисли,мој совет ти е ова.Имаш толку христијани кај нас,па и во светот :).Нема да расправам многу за исламот,горе доле јасно ни е на сите за каква фанатик-религија станува збор,само едно ке ти кажам - Замисли како ке ти биде кога на пример еве би догурале до брак и сл. и он (ако не он,неговите) кога ке запне детето да ти се вика Абдула или Мухамед или Омер или Саваш :D.Сакам да ти кажам дека јазолот е преголем.Ако си стварно голем верник во Исус (како што сум и јас),тогаш батали под ХИТНО !:D
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.732
Поени од реакции
49.249
Браво бе пријателе...со коментаров баш прионесуваш за мегутничките и мегурелигиските односи во нашава држава ...

тоа ми е целта, многу сакам да успее ова еднострано толкување на тие два поима.
 
Член од
30 октомври 2013
Мислења
1
Поени од реакции
1
Граѓански брак помеѓу личности од различка етничка и верска припадност е возможен но,тоа нема да биде христијански брак доколку личностите не се христијани бидејќи во христијанството бракот се смета за Света Тајна...
 
thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Teshko e, ali ne i nevozmozhno. Treba golema ljubov i ogromna doverba. Bez drami i takvi glluposti, prepiskanja za sekoja malla sitnica. Vlijanieto, i muabetite od strana se problemot :), ali kad je ljubav u pitanje...
 
Член од
18 октомври 2013
Мислења
9
Поени од реакции
2
Samo da izvestam :))))
Od doma mi pravia problemi i naokolu no ne se otkazuvame dvajcata vo mogu skoro vreme i planirame brak .. Silna sum i uporna za toa kratko vreme se zblizivme.. Prv pat se osekam tolku srekno i sigurno so nekoj .. Srekna sum :love: ... Vi blagodaram sto mi dadovte sovet iako ne se znaeme ... Se najdobro Pozdrav..
:) 972070_608107159201352_956970034_n.jpg
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Освен ако ова не ти е последниот воз да не останеш стара мома не брзај толку со брак :).Не зборам така ради неговата нација/вера,него дајте си и двајцата време да се запознаете подобро.Шетајте ако имате можност,уживајте,лудувајте,доживејте некои работи како дечко и девојка.Ако се покаже дека љубовта ви е вистинска а не само краткотрајна романса,страст,занес,бракот нигде нема да ви избега.А плус и ќе им дадете време полека полека на вашите да се привикнат на вас како пар и да ја прифатат реалноста.Со среќа.:)
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Samo da izvestam :))))
Od doma mi pravia problemi i naokolu no ne se otkazuvame dvajcata vo mogu skoro vreme i planirame brak .. Silna sum i uporna za toa kratko vreme se zblizivme.. Prv pat se osekam tolku srekno i sigurno so nekoj .. Srekna sum :love: ... Vi blagodaram sto mi dadovte sovet iako ne se znaeme ... Se najdobro Pozdrav..
:) Прегледај го приврзокот 76119
Според мене, се уште не сте стигнале до фаза у врската у која треба да размислувате за брак, а уште помалку да го планирате. Луѓе кои се заедно со месеци, па понекогаш и години, се уште се запознаваат и учат еден за друг, а не па оние со врска кратка колку вашата. Сите сме се осеќале среќно, сигурно и силно на почетокот на врската. Не мора да значи дека тоа е трајно. Факт е дека сите емоции посилно се доживуваат во првата фаза на вљубеност, но не треба да дозволиш истите да те понесат кон избрзана одлука. Според мене, вашето планирање на брак е само реакција на притисокот на околината и (лош) начин да и покажете среден прст (као у стилот „Еве, да видите дека успеавме и покрај се!“).
Бракот не е шега. Имате доволно време. Оставете се да си дојде само по себе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom