Се што кажува Кире
тука за политиката на клубовите е на место. Тука лежи зајакот...
Хах. Баш скроз напротив според мене. Првата изјава му беше многу многу погодена, ама сега очигледно се подуплашил да не му се налутат.
Каки курац се дожни КЛУБОВИТЕ да развиваат играчи
за во репрезентација?
Мора веќе еднаш да ги разграничиме поимите клуб и репрезентација.
Секој клуб има право да си одбере што нему повеќе му одговара за успех, клубот не е должен да се грижи за тоа како би изгледала репрезентацијата.
Тоа прво, второ што не е во право ни за второто. Ниту еден клуб не би зел странец со сомнителен квалитет доколку во своите редови има свое дете или кое било друго Македонче кое би имало квалитет колку странецот.
Најпрво никој клуб нема да земе странец заради финансиите, странецот ќе треба да го плати повеќе отколку домашниот играч, сигурно нема да плаќа квота за странец доколку има Македонец со ист или подбоар квалитет во него. Тоа се басни за квази-новинари во Македонија кои сметаат дека Вардар и Металург земаа слаби странци на сметка на македонски играчи. Не, странците беа и се поквалитетни од тоа што го имаме дома.
Во факинг 2019 година, срамота е да се буниме и жалиме ради тоа што во клубовите играле странци а не Македонци. Ако си квалитетен, во секое време можеш да направиш трансфер надвор и да се докажеш. Што се дешава кај нас? Гоце Георгиевски од Тулуз, од моментално најјаката лига во светот се решава да прави трансфер во ебаната романска лига. Дејан Манасков од претходно најјаката лига во светот си заминува затоа што му било пренапорно таму. Епа, не е проблем во клубовите, проблемот е во играчите.
Односно, првичниот проблем е во играчите, во нивниот менталитет, во нивната мрза и во нивното нежртвување за кариерата, какво што има направено самиот Кире.
Секундарниот проблем е токму тоа што Кире го кажа на претходната изјава и со која потполно се слага и во која лежеш зајакот.
А тоа е дека македонските тренери се проблемот. Затоа што 90% од нив се заостанати со ракометот во 70тите години, форсираат тешки истории, не се ни малку прилагодени на модерниот брз ракомет и ги бираат играчите според застарени критериуми. Затоа го имаме Талески воздигнат како суперталент иако детето нема ни Т од талент за ракомет и има предиспозиции за во 1985та година. Он сеуште може да успее и да го надокнади недостатокот на талент со напорна работа, ама и во тоа тешко му оди некако...
Кај младите тренери можеби е подобра ситуацијата во квалитет, ама кај нив квантитетот е проблем, ги има премалку. Брестовац е супер тренер, модерен, кој ќе има одлична кариера, во тоа не се соменавам. Но освен него не се истакна досега друг млад тренер кој на младите играчи ќе им спроведе модерна тренинг програма а не програма од СФРЈ.
Е тука лежи зајакот, во заостанатоста на македонските тренери. И тука, само тука се можеби криви клубовите. Затоа што во младинските категории форсираат тренери од титово време. Ја и тука би донел странци за тренери, затоа што со нив нашите млади таленти би имале подобар простор за напредок.
Ама глупото македонче ќе се буни за тоа, затоа што демек не сме го почитувале своето. Исто ко што се бунат секогаш нашите ракометни “работници“ кога имаме странец за тренер (Обрван, Червар, Раул), секоаш се полни со критики за нив, али кога беше тренер Македонец никад не префрлаа вина на тренерот. Македончето треба прво прстот кон себе да си го насочи индивидуално, а потоа кон клубовите или странците кои не се никако криви за тоа што стагнираме во квалитет.
И не важи муабетов само за ракометот, општо за секој спорт во државава е.