Светско Првенство 2019 во Данска и Германија - генерална дискусија

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.896
Поени од реакции
9.491
По оваа логика за регионален спорт, фудбалот е единствен тимски спорт кој е глобален. Се друго е регионална гола вода испаѓа. Кошарката едино е помалку регионална од ракометот.

Друго, мислам дека нема врска Вардар со нашето пратење на ракомет, многу многу поголемо влијание има репрезентацијата. И тоа не е така само кај нас туку секаде. Реткост се спортови кои се популарни во некоја земја а репрезентацијата им е тапа.

И трето, во 2019та колкав интерес за спортот има, се мери со рејтинзи на телевизии, а не со посетеност во сала. Одењето во сала е повеќе сведено на шоу, на некоја додадена вредност што одвреме на време ја правиш.
Сите спортови шо ги наброја се на повисоко ниво и погледани од поголема маса на луѓе со тоа и поглобални да речиме крикетов е пратен од повеќе од 2 милјарди популација
да се слагам Али се почна со женската репрезентација и нејзините успеси продолжи со Кометал па следеше машкава репрезентација металург па кулминира со Вардар и европската титула
Ако мериме рејтинзи на телевизии ракометов дно ќе допре колку ќе е мал неговиот рејтинг
По оние анкети за популарни спортови и рејтинзи ракометот не е ни во топ 20 вклучувајќи ги и поединечните тука спортови
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Абе скрос сме чалнати,во сите можни области.
Играат Унгарија-Египет а овие на МТВ даваат Хрватска-Бахреин :oops:
Поарно она нека го пуштат да свири од собранискион кога нема програма.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Друже, крикет пратат активно поише од милијарда луѓе (индија, пакистан, бангладеш, велика британија и сите нејзини колонии - аустралија, јужна африка итн итн) Така да има голема разлика во популарноста, каде што ракометот е многу пониско од крикетот, а исто така и од бејзболот каде што имаш 200 милиони активни гледачи (САД, Јапан, итн итн) така да не ги ставај крикетот и бејзболот во ист кош со ракометот, каде што ракометот е спорт што го пратат активно помалце од 100 милиони луѓе.. настрана што кај нас е спорт број 1..
Број на луѓе не е исто што и глобален и пораширен спорт. Крикетот го вбројав на исто ниво со ракометот само заради бројот на жители на некои од државите каде се игра, инаку нивото на распространетост му е далеку од останатите спортови - вкупно дали во 10 држави е популарен. Слична е ситуацијата и со безболот иако таму бројот на држави е малку поголем. Ракометот можеби не е популарен во некоја од тие 4-5 најголеми по жители држави во светот но е на релативно високо распространет во многу многу повеќе држави насекаде низ светот (барем 70-80% од Европа, Блискиот Исток, северн африка, пола Јужна Америка, Куба, делови и од далечниот исток (пред се Кореа). Тоа е тоа што го прави глобален.[DOUBLEPOST=1547659740][/DOUBLEPOST]
Сите спортови шо ги наброја се на повисоко ниво и погледани од поголема маса на луѓе со тоа и поглобални да речиме крикетов е пратен од повеќе од 2 милјарди популација
Ако мериме рејтинзи на телевизии ракометов дно ќе допре колку ќе е мал неговиот рејтинг
По оние анкети за популарни спортови и рејтинзи ракометот не е ни во топ 20 вклучувајќи ги и поединечните тука спортови
Како што кажав зборувам за тимски спортови. Поединечните се сосема друга приказна и не се споредливи. А во тимски не само што е во топ 20, туку реално е во топ 6-7 како што и пишав погоре.

А за "милијардите" на крикетот да не се повторувам, дали во 10 земји вкупно се игра, само затоа што Индија е милијрда и пол тоа апсолутно не го прави пораспространет од ракомет.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Lugje kaj da najdam celosna repriza od rakometov Japan-Island?Ja gledav u zivo utakmicata i Gunnarson dava gol od krilo za 5/5 realizacija i samiot prenos toa dole go pisuva vo grafikata,za sea otkoa zavrsi utakmicata da go stavat na 4 od 5 realizacija,od koja 5tiot sut mu bilo na kraj na utakmica.Ne obrnav vnimanie da ne napravil prestap zasto otkako go dade golot odma i dole kaj rezultato vo grafikata go pokaza 5/5 i iskluciv strimot.Dajte nekade da najdam snimka od barem 40ta minuta pa natamu....
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.896
Поени од реакции
9.491
Lugje kaj da najdam celosna repriza od rakometov Japan-Island?Ja gledav u zivo utakmicata i Gunnarson dava gol od krilo za 5/5 realizacija i samiot prenos toa dole go pisuva vo grafikata,za sea otkoa zavrsi utakmicata da go stavat na 4 od 5 realizacija,od koja 5tiot sut mu bilo na kraj na utakmica.Ne obrnav vnimanie da ne napravil prestap zasto otkako go dade golot odma i dole kaj rezultato vo grafikata go pokaza 5/5 i iskluciv strimot.Dajte nekade da najdam snimka od barem 40ta minuta pa natamu....
Овие хајлајтс недавет ти бараш цела утакмица да глеаш :pos::pos::pos:
она шо е во документот то е џабе ке се буниш може да е грешка во графиката
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ракометот не само што не е во прогрес, туку и регресира.

Се повеќе е маргинализиран спорт.

Кажете ми како се има подобрено ракометот во ова модерно доба?

Географски? Сеуште се игра онаму каде што се играл доминантно пред 20+ години.

Организациски? На прсти се бројат професионалните клубови во Европа кои ги имаат сите потребени нишани за да се наречат спортска професионална екипа од прва класа. Во остатокот од светот НЕ ПОСТОЈАТ професионални ракометни клубови.

Финансиски? Поголем трошок е да ја освоиш ЛШ, него финанскиот бенефит кој го добивш. Да не збориме за оние кои не поминуваат групи... Ниту еден клуб нема профитирано од учество.

Спонзорски? Спонзор на ЛШ е фирма за прозори, Газпром едвај дава пари.

Трансфери и плати? Конечно се проби границата од 1 милион за некого...

Медиумски? Освен beIN и Скај Германија ниту една глобално позната телевизија не ја интересира ракомет...

Со ништо и никако ракометот не е напреднат овие минати години. Освен во реоните каде што традициионално се игра, во останатите за него има само епизоден интерес. Така ќе биде и со Кореа и Јапонија. Иако овие вториве се доказ колку ракометот „лесно се учи“ и колку можеш да напреднеш ако има интерес. Еве Џапанциве имаат фантастични предиспозиции за ракомет, треба само да им се вкорени интересот за тоа и ќе имаат одлични резултати, ќе бидат Словенија за Азијати.

Во Јужна Америка во Чиле, Бразил и Аргентина крчка некако.Во Северна Америка не постои. Во Африка исто.

Но и таму каде што постои од веков, стагнира или регресира, напредок има само епизоден од неколку блиц еуфории, па пак ништо, па пак некоја мала еуфорија...

Тоа што пред секоја Олимпијада ракометот е дел од спортовите кои сакаат да ги тргнат од програмата доволно говори колку е битен спорт глобално во моментов.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Тоа е затоа што нема конкретни правила,што е 2 минути,кога да биде пасивен напад и сл.
Судии многу можат да влијаат на исходот.
Од друга страна е превише груб спорт,и на многу им е глупав за гледање.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Ракометот не само што не е во прогрес, туку и регресира.
И јас се согласувам дека регресира.

Види и САД, направија некоја база во еден универзитет, ко градат екипа веќе 6-7 години, ако не и више. Ќе регрутирале од други спортови, колеџ спортисти, ова-она. Не мрднаа. Не можат на светско да отидат 18 години! Нема интерес, перцепцијата таму е дека е женски спорт што се игра на физичко. Фрлање топка.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Па не би рекол дека регресира,но не е дека има и некој напредок.
Напредок голем има во Јужна Америка, пад во источна Азија.
Бразил стана доста добра репрезентација, Чиле од нигде никаде направија нешто, Аргентинците се стандард веќе долго време. Арапите си се стандардни.
На ОИ во Рио најгледан спорт после атлетика беше ракомет.

Проблемот е што нема некој свој НБА и нема своја скратена верзија што ќе може рајата редовно да ја игра (мал фудбал или баскет 3 на 3).
Тие 2 работи секогаш ќе го лимитираат ракометот, иако како спорт е многу многу интересен за гледање и пратење.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа е затоа што нема конкретни правила,што е 2 минути,кога да биде пасивен напад и сл.
Судии многу можат да влијаат на исходот.
Од друга страна е превише груб спорт,и на многу им е глупав за гледање.
This, премногу работи се оставени на проценка на судијата, ретко за што има црно на бело.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Се што кажува Кире тука за политиката на клубовите е на место. Тука лежи зајакот...
Хах. Баш скроз напротив според мене. Првата изјава му беше многу многу погодена, ама сега очигледно се подуплашил да не му се налутат.

Каки курац се дожни КЛУБОВИТЕ да развиваат играчи за во репрезентација?

Мора веќе еднаш да ги разграничиме поимите клуб и репрезентација.

Секој клуб има право да си одбере што нему повеќе му одговара за успех, клубот не е должен да се грижи за тоа како би изгледала репрезентацијата.

Тоа прво, второ што не е во право ни за второто. Ниту еден клуб не би зел странец со сомнителен квалитет доколку во своите редови има свое дете или кое било друго Македонче кое би имало квалитет колку странецот.

Најпрво никој клуб нема да земе странец заради финансиите, странецот ќе треба да го плати повеќе отколку домашниот играч, сигурно нема да плаќа квота за странец доколку има Македонец со ист или подбоар квалитет во него. Тоа се басни за квази-новинари во Македонија кои сметаат дека Вардар и Металург земаа слаби странци на сметка на македонски играчи. Не, странците беа и се поквалитетни од тоа што го имаме дома.

Во факинг 2019 година, срамота е да се буниме и жалиме ради тоа што во клубовите играле странци а не Македонци. Ако си квалитетен, во секое време можеш да направиш трансфер надвор и да се докажеш. Што се дешава кај нас? Гоце Георгиевски од Тулуз, од моментално најјаката лига во светот се решава да прави трансфер во ебаната романска лига. Дејан Манасков од претходно најјаката лига во светот си заминува затоа што му било пренапорно таму. Епа, не е проблем во клубовите, проблемот е во играчите.

Односно, првичниот проблем е во играчите, во нивниот менталитет, во нивната мрза и во нивното нежртвување за кариерата, какво што има направено самиот Кире.

Секундарниот проблем е токму тоа што Кире го кажа на претходната изјава и со која потполно се слага и во која лежеш зајакот.

А тоа е дека македонските тренери се проблемот. Затоа што 90% од нив се заостанати со ракометот во 70тите години, форсираат тешки истории, не се ни малку прилагодени на модерниот брз ракомет и ги бираат играчите според застарени критериуми. Затоа го имаме Талески воздигнат како суперталент иако детето нема ни Т од талент за ракомет и има предиспозиции за во 1985та година. Он сеуште може да успее и да го надокнади недостатокот на талент со напорна работа, ама и во тоа тешко му оди некако...

Кај младите тренери можеби е подобра ситуацијата во квалитет, ама кај нив квантитетот е проблем, ги има премалку. Брестовац е супер тренер, модерен, кој ќе има одлична кариера, во тоа не се соменавам. Но освен него не се истакна досега друг млад тренер кој на младите играчи ќе им спроведе модерна тренинг програма а не програма од СФРЈ.

Е тука лежи зајакот, во заостанатоста на македонските тренери. И тука, само тука се можеби криви клубовите. Затоа што во младинските категории форсираат тренери од титово време. Ја и тука би донел странци за тренери, затоа што со нив нашите млади таленти би имале подобар простор за напредок.

Ама глупото македонче ќе се буни за тоа, затоа што демек не сме го почитувале своето. Исто ко што се бунат секогаш нашите ракометни “работници“ кога имаме странец за тренер (Обрван, Червар, Раул), секоаш се полни со критики за нив, али кога беше тренер Македонец никад не префрлаа вина на тренерот. Македончето треба прво прстот кон себе да си го насочи индивидуално, а потоа кон клубовите или странците кои не се никако криви за тоа што стагнираме во квалитет.

И не важи муабетов само за ракометот, општо за секој спорт во државава е.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Гледајте сега шо ке се деси вечерва.
Хрватите се најаки кога се ранливи барем ја така мислам, а цело првенство судиите на Германците и лижат газо. Сега имаме чудна ситуација на Хрватска и треба само и само победа да се приклучи за пласман подобар, а од друга страна Германциве и судиите, мислам дека денес нема да и биде среќа на Германциве, иако без Циндрич ке се Хрватите мислам дека го имат нивни најдобар играч во добра форма а тоа Дувнњак, дечково вечер ке биде центар пажња и мислам се е во негови раце а да има квалитет тоа не сумњам. Да бидат реални судииве мислам дека Хрватска ке победи иаку чека и беше нанесен тежок пораз, не се ништо посегбно Германциве, ја типувам и навивам за Хрватска вечер.

Шведска - Норвешка, ау ау ау.
Тука сум за Норвежаниве, им треба победа а и мислам дека редно е да ги спуштат малце Шведска, досега ни еден сериозен противник, сега им иде Норвешка и Сагосен, Сагосен чера 10 гола даде, мислам дека тука е најголемата опаснос вечер, ако брани Паличка ке биде многу многу тешко за Норвешка о друга страна ако проработи 100% Сагосен, мајке ми. 1-2 клучни моменти тука ќе решаваат на овој дуел ама им давам предност на Норвешка бидејки се подобри и во мегусебни и мислам на играчки аспект, секој респект за Швеѓаните ама мислам дека губат вечер со 2 гола разлика.

Шпанија - Бразил.
Бразилците се истрошија со Хрватите и мислам дека нема баш да биде така како со Хрватска. Варгас да има 12+ одбрани и мислам дека ке добијат Шпанциве со 3-4 гола разлка.


Живи здрави ја така мислам, можеби грешам но мое мислење од досегашното гледање. :)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Да не должиме, многу работи се кажани, ова е нешто што ми бодеше очи на а не е многу коментирано:

1. 15тото место не е проблем. Таа е реалноста. Проблем е што до таму ситгнавме играјќи ракомет кој му одговараше на "постарите", а не и на помладите играчи.
2. Талески е најголемо разочарување. Тотален ментален крах, на играчот кој требаше да биде иден лидер на репрезентацијат. Жив доказ, дека џабе ти се лиги, клубови, па дури ни релативна посветеност на спортот, ако немаш минутажа. Многумина на форумот нема да се сложат со мене, но една од најголемите грешки што можеш да ја направиш во кариерата е да заминеш во странство колку да се замине во странство без гарантирана минутажа.
3. Со шут 3/14 на стартниот пикер од пикерска позиција на 4те натпревари против европските репрезентации, односно 6/13 во позицион напад од "зицер" позиции од стартното десно крило (кое не ни пробува шут кој не е од идеална ситуација) чудо е и 15то место. Мизерна форма на овие двајца, далеку под ниво на едно СП.
4. Главна причина за "слабите резултати" - катастрофалната игра на Велко и Талески во одбрана. Кога специјалистот дефанзивец и играчот кој главно играл одбрана во РНЛ ти се најслаба алка во зоната се е кажано.
5. Пешевски е ѕвер! По слободна проценка топ 3 офанзивен пикер на првенството. Се подобрува од годна во година, во животна форма е. Само така да продолжи.
6. Раул - одличен тренер од тактичка смисла, но ни во Вардар, а ни тука, се покажува дека не е одличен за "градење" на ракометари, за влевање на самодоверба, за поставување на млад играчи на позиции каде може да го дадат својот максимум. Тој е тренер за искусни развиени екипи кои со елитна тактичка подготовка можат до максимален резултат (каков што беше Вардар, каков што е
ПСЖ и можеби била Македонија во минатото). Оваа наша екипа, на жалост, не беше таква.
7. И она што можеби најмногу ме разочара, како е можно една величина како Раул да не сфати дека со тие замени за влегувања на Ф.Лазаров и пикер, дали заради 7-6, и уште повеќе при играч повеќе, тотално ја осакатува одбраната, губи драгоцено време со играч повеќе, ја умтрвува играта на останатата половина од екипата. Недозволиво е да си елитен тренер, и во ситуација кога твојата екипа има играч повеќе да останеш во одбрана со зона Манасков/Пешевски/Ф.Лазаров/Стоилов/Поповски/К.Лазаров. А го видовме ова во неколку наврати. Едноставно неприфатливо е ова, нема изговори. Како е можно до толку да се уплашивме за нападот, што тотално ја заборавивме одбраната, како да сме 2000та а не 2019 стварно не сфаќам. Па уште кога ги слушнав и некои од "експертите на МТВ" како заговараат дека ни фалеле уште специјалисти дефанзивци и дека требало да правиме повеќе измени ...
8. Дел од искусните се убија од "трубење" зад камерите (некој дури и пред) против "младите" дека лошо играле, дека не се бореле, а ниту еден не си го стави прстот на чело и не се сврти кон себеси. Освен Кире, ниту еден од другите "искусни" не заслужи со одиграното на теренот да смее да коментира за играта на било кој друг. Мора еднаш да научиме да се фокусираме на своите перформанси, а не да бараме изговори плукајќи по другите.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.392
Поени од реакции
2.430
Најголем губитник на мундијалот е играта 7:6.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom