Светско Првенство 2019 во Данска и Германија - генерална дискусија

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Чукна новата година 2019та, што за нашата држава последните 10 години значело пред се едно нешто – Време е за ракомет!

За 6 дена почнува СП во Данска и Германија и доволно беше читање на портали за како течеле подготовките на репрезентациите, за кратења на составите, за повреди и рехабилитации, за сомнителни пријателски во изменети состави и за бескрајно оптимистички најави. Време е и ние на Кајгана да се подготвиме за првенството и да го збогатиме следењето како за оние што си ги искажуваат своите мислења :duel:така и за оние кои само читаат :kafence: (не пребираме сите се добредојдени) со нашите традиционални скромни анализи :anco:, калкулации, емотивни извици, промашени прогнози (или погодени :свиркам:) и се разбира со по некое воодушевување при реализиран цепелин или пцовка при упропастена полуконтра искажани во афект на натпреварите на нашата репрезентација кои претстојат.


Стандардно ќе имаме посебни воведни постови за групите (кај да е деновиве), а можеби и уште нешто дополнително, но пред да стигнеме до деталните анализи, мал вовед за што не очекува до крајот на Јануари.

А не очекува 6тото СП во историјата на македонската ракометна репрезентација, 11то големо натпреварување вкупно (со се ЕП). Мал куриозитет е што имаме повеќе учества на СП отколку на ЕП, со оглед дека на СП учествуваат помалку европски селекции отколку на ЕП, но сега засега СП во Хрватска кое направи таков пресврт за овој спорт во Македонија ја прави разликата. На СП имаме фатено континуитет и пласманите ни се движеле од 9то (2015) до 18то (1999) но за разлика од минатото сега се чини нашите репрезентативци ја имаат најтешката задача досега. Комплицирана група, малку пореално подмладување на составот, отсуство на некои од клучните играчи кои ги носеа успесите во минатото, но и враќање на стариот формат кој го прави исходот на првенството пореален но и значително ја отежнува можноста за успех на помалите репрезентации како нашата (пред се самото минување на групата е многу потешко).

Што се однесува до сјајот на медалите кој реално сеуште ни е далеку нас, конкуренцијата е огромна. Помеѓу домашниот терен на Данска и Германија, "новата" Франција без Карабатиќ, искусната Шпанија, како и опасните скандинавци Норвешка и Шведска и подзаспаниот џин Хрватска, кандидати за медал има на претек.

Отприлика сликата на репрезентациите во пресрет на првенството изгледа вака (за детали ќе си прочитате во постовите по групи):

кандидати за медал:

Данска, Германија, Франција, Шпанија, Норвешка и Шведска

фаворити од сенка:

Хрватска, Катар

битка за 2 круг:

Србија, Русија, Бразил, Македонија, Исланд, Тунис, Австрија, Унгарија, Египет, Аргентина

битка за избегнување на фенерот:

Кореа, Бахреин, Јапонија, Саудиска Арабија, Чиле, Ангола

Исклучително важните олимписки квалификации додаваат тежина на ова СП и битката како да се стигне до топ 7-8 преовладува кај сите без разлика што тие места веројатно ќе бидат резервирани за истите тие екипи кои се кандидати и за медал.

Како и да е изненадувања имало и допрва уште повеќе ќе има како што се повеќе се израмнува квалитетот на репрезентациите (сите веќе играат ракомет што би се рекло) така што сите репрезентации имаат на што да се надеваат. И така оптимистички и ние влетуваме во ракометниот Јануари надевајќи се дека е можно нешто повеќе од објективните 10-16то место.

Со среќа нека им е на нашите момци и се разбира најдобриот нека победи!

:oeoeoe:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Преноси на МРТ1, АРЕНА СПОРТ, РТЛ/РТЛ2

За нашата репрезентација немам никакви очекувања, се надевам дека нема да се избрукаат против Јапонија и Бахреин. Нека се борат до крај против Исланд и Хрватска, со Шпанија немаме никакви шанси.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.669
Какви изненадувања,последна утакмица ни е со Исланд,затоа нашите ќе се '' штедат'' за таа утакмица и нема да има никаква борба против Шпанија и Хрватска.:toe:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Очекувам Македонија да се пласира од 4 до 8 место. :love:(y)
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.915
Поени од реакции
9.521
Горе долу тоа е тоа околу прогнозите сепак Катар не би го сместил во тие фаворити од сенка пошо реално немаат квалитет за нешто поке од 7-10 место ниту пак Шведска гледам како ке се уклучи во битка за медали меѓутоа може да се случи такво нешто бидејки вкрстуваат со група каде само Данска и Норвешка се некоја сила во ракометов а нивната група е наизглед најлесна но сепак комплицирана и изедначена и каде само Ангола е класичен аутсајдер.

ОД нашава репрезентација неочекувам нешто посебно и мислам дека и група нема да поминат сепак витално ке е како ке отворат во првите две кола каде мора да забележат две победи (а мислам дека Бахреин ке ни направи доста проблеми не и Јапонија иако и тие баш против нас ја гледаат шансата)
битката би требалло да се води мегу нас,Бахреин и Исланд за тоа 3место а и тоа шо после 2011 се враќа овој систем на натпреварување со 2пати групна фаза не ни одговара на нас како репрезентација која е лимитирана во поглед на големина на ростер и квалитетен во исто време да издржи толку утакмици

Интересно да се напомене дека за прв пат ако не сум грешка двете Кореи ке настапат заедно на еден Светски шампионат под името Кореја
Шо се однесува до победникот е многу рано да се каже али најголеми шанси им давам на домакините иако се вкупно 4-5 репрезентации кои се тука негде со квалитетот

Јас очекувам од аспект на гледач едно доста добро и квалитетно СП а од аспект на кладионичар профитабилно СП особено на почетокот на истото
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Za olimpijada na koe mesto treba da sme, negde procitav od 2-7, negde od 2-9. Kako e tocno?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.307
Објективно гледано, нема да биде најголемо изненадување нити треба да бидеме ептен бесни ако не поминеме група.

Сепак, мислам нашиве се доволно квалитетни да поминат група.

Само да се победат Јапан и Бахреин (што стварно нема да биде ептен лесно, барем на хартија) па со Исланд..што биде нека биде
Za olimpijada na koe mesto treba da sme, negde procitav od 2-7, negde od 2-9. Kako e tocno?
Па зависи од другите екипи што ќе бидат пред нас.
Шансите за Олимпијда се речиси никакви. До осмо место негде би требало да ни донесе квалификации за ЛОИ, евентуално може и деветто место зависи од тоа на кое место се други екипи што преку ЕП се квалификувале.

А реално чисто сумњам дека би биле во топ 8 на првенствово.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
А типување како на претходните првенства не правиме? :rolleyes:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Од сите репрезентации на ова Светско мслам дека Норвешка многу ке направи, можеби и финале, сериозно. Сагосен е веке искусен иаку има 23 год, а и целата репрезентација мислам дека ке биде многу мотивирана, немам некој анализи што поточно но така имам осечај дека ке биде интересна Норвешка на оваа СП, незнам можеби грешам, ке видиме.

Мислам дека и Исланд е потценет, може тој да прави проблеми во нашава група да изненади некој од Шпанија или Хрватска, за нас ние ни треба мноогу среќа во оваа група.

Сагосен за прв стрелец на оваа СП.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.669
Распоред на преноси од ракометното СП 2019 на МТВ-1

Четврток, 10.01.2019
17.45 – 18.05 Емисија
18.15 – 19.45 ГЕРМАНИЈА – КОРЕЈА

Петок, 11.01.2019
15.00 – 15.20 Емисија
15.30 – 17.00 МАКЕДОНИЈА – ЈАПОНИЈА
18.00 – 19.30 ИСЛАНД – ХРВАТСКА

Сабота, 12.01.2019
18.15 – 19.45 ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ
20.10 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 ФРАНЦИЈА – СРБИЈА

Недела, 13.01.2019
13.30 – 13.50 Емисија
14.00 – 15.30 МАКЕДОНИЈА – БАХРЕИН
19.00 – 20.30 ШПАНИЈА – ИСЛАНД
20.30 – 22.00 ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА

Понеделник, 14.01.2019
15.30 – 17.00 СРБИЈА – БРАЗИЛ
17.30 – 17.50 Емисија
18.00 – 19.30 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА
20.30 – 22.00 ШПАНИЈА – ЈАПОНИЈА

Вторник, 15.01.2019
15.30 – 17.00 РУСИЈА – БРАЗИЛ
18.00 – 19.30 СРБИЈА – КОРЕЈА
20.00 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА

Среда, 16.01.2019
18.00 – 19.30 ХРВАТСКА - БАХРЕИН
20.00 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА
22.15 – 23.30 снимка ШВЕДСКА-КАТАР

Четврток, 17.01.2019
17.30 – 17.50 Емисија
18.00 – 19.30 МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД
20.30 – 22.00 ШПАНИЈА – ХРВАТСКА
22.15 – 23.30 снимка ДАН-НОР или ШВЕ-УНГ или ФРА-РУС

Сабота, 19.01.2019
***12.30 – 12.50 Емисија
***13.00 - 14.30 А4 – Б4 (ако Македонија заврши на 4.место во прел група Б)
или А6 – Б6 (ако Македонија заврши на 6.место во прел.група Б)
18.00 – 19.30 ГЛАВНА РУНДА
20.00 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 ГЛАВНА РУНДА
22.15 – 23.30 СНИМКА ГЛАВНА РУНДА

Недела, 20.01.2019
***12.30 или 15.00 Емисија
***13.00 или 15.30 ЗА 15. ИЛИ ЗА 13.МЕСТО (ако Македонија заврши на 4.место во прелимин. група Б)
ЗА 23.ИЛИ ЗА 21.МЕСТО (ако Македонија заврши на 6.место во прелим. група Б)
18.00 – 19.30 ГЛАВНА РУНДА
20.00 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 ГЛАВНА РУНДА
22.15 – 23.30 СНИМКА ГЛАВНА РУНДА

Понеделник, 21.01.2019
18.00 – 19.30 ГЛАВНА РУНДА
20.00 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 ГЛАВНА РУНДА
22.15 – 23.30 СНИМКА ГЛАВНА РУНДА

Среда, 23.01.2019
15.30 – 17.00 ГЛАВНА РУНДА
18.00 – 19.30 ГЛАВНА РУНДА
20.00 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 ГЛАВНА РУНДА
22.15 – 23.30 СНИМКА ГЛАВНА РУНДА

Петок, 25.01.2019
17.30 – 19.00 ПОЛУФИНАЛЕ 1
20.00 – 20.20 Емисија
20.30 – 22.00 ПОЛУФИНАЛЕ 2

Недела, 27.01.2019
14.30 – 16.00 ЗА 3.МЕСТО
17.00 – 17.20 Емисија
17.30 – 19.30 ФИНАЛЕ
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.915
Поени од реакции
9.521
Дајте бе кажете некоја апликација за IPhone да глеам било на МТВ било каде 3 дена сум дежурен не ќе можам на ТВ да глеам
Пуштите во ПП
Очекувам Германците да добијат денес глатко
 

Kajgana Shop

На врв Bottom