Светско Првенство 2019 во Данска и Германија - генерална дискусија

Член од
17 август 2014
Мислења
1.571
Поени од реакции
1.002
1. 15тото место не е проблем. Таа е реалноста. Проблем е што до таму ситгнавме играјќи ракомет кој му одговараше на "постарите", а не и на помладите играчи.
(y) Тотално се слагам, форсирајќи игра за К Лазаров со позиционен спор напад, ги гушиме индивидуалните квалитети на Фитиљот, брз центар, полуконтра..
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.066
Поени од реакции
1.995
(y) Тотално се слагам, форсирајќи игра за К Лазаров со позиционен спор напад, ги гушиме индивидуалните квалитети на Фитиљот, брз центар, полуконтра..
100 пати тргна во полуконтра на брз центар ФитиљО на првенствово и речиси секој пат тоа завршуваше со безглаво залетување и лесно запирање од противничката одбрана. Ништо не му угушила тактиката на Раул, едноставно толку му е квалитетот и да му изградиш игра за него сам ќе си се угуши. Џабе му се тие физички предиспозиции кога има многу мало ракометно IQ, а и шутот му е многу непрецизен, секоја втора топка му е над гол. Неоправдано е помалку напаѓан од Талески според мене, потполно исто разочаруваат и двајцата.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
958
Поени од реакции
845
Неоправдано е помалку напаѓан од Талески според мене, потполно исто разочаруваат и двајцата.
Ова пробував да го објаснам цело време., ама слабо. Кузмановски или не беше спомнуван , или беше пофален. И двајцата беа катастрофални првенствово, ама едниот имаше имунитет, како и уште еден играч во репрезентација :) И да промаши, пробал,а кога ќе шутне некој од жртвените јагниња, со дрва и камења по него :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.045
Поени од реакции
70.435
Еве ја статистиката на нашиве:

 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
8.542
Поени од реакции
2.550
Си ја местат домаќините финалето за нив да биде.
Многу нормално, на Хрватите им ја украдоа победата во последните неколку минути.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.240
Поени од реакции
19.510
Столе 45 % реализација :shook:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
797
Поени од реакции
1.587
Неколку добри и интересни поенти:
Мундијалот влегува во најинтересната фаза, а во Македонија полека избледува мундијалската „еуфорија“ која годинава и не беше којзнае каква. Пред СП да стане минато-свршено, а целата спортска јавност да си најде занимација за коментирање во другите спортови, решивме да го објавиме и ставот на g-sport.mk за целата мундијалска приказна, за нештата пред и потоа.

Ракоментната хиерархија не претрпе некои позначајни измени. Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Германија и Хрватска се ракометната елита. Бразил, Египет, Тунис и Катар се нееверопската елита. С. Арабија, Ангола, Јапонија, Кореја се мундијалската опашка. И така (со исклучок на Кореја, Полска, Чешка) е со години наназад.
Сите други се некаде помеѓу. Во зависност од ждрепката, судењето, некоја повреда итн. се менуваат актерите од бројот 8 до бројот 18, но нијанси се во прашање.

Македонија си ја одработе својата мундијалска приказна и сега сите сме (не)задоволни. Нит старите се прославија, нит младите покажаа нешто особено, нит седум на шест ја усовршивме... од друга страна, нит се посрамотивме, нит бевме нешто надиграни, победивме каде што моравме, не изненадивме каде што сакавме и тоа е тоа.

Селектори и селектори

„Нисам дошао ја вас да тренирам. Ја сам овде да селектирам и да вас водим“, им изјави Среќко Катанец своевремено на фудбалерите, а и ден денеска ги боли таа изјава. А човекот си кажа една сурова вистина. Не негово да покрива се што другите не сакаат или не знаат или ги мрзи да сработат.

Генерално има има два вида селектори. Еден тип е Раул Гонзалез на пример. Луѓе со истенчени манири, работат во други првенства, овде доаѓаат да селектираат и да водат. И да ви кажат отворено доколку сакате да слушнете, дека не е нивно да направат играчи. Тоа се задачи на клубовите. И првенствено на играчите.

Вториот тип се селектори како Лино Червар и Звонко Шундовски. Засукани ракави и по цел ден до лакти замесени во тестото од кое се обидуваат да направат нешто што ќе може да се проголта. Работеа во клубови кај нас, ги имаа на увид сите играчи, некаде можеа да влијаат, некаде не...ги имавме, не ни чинеа.

Има и трети и четврти типови, како Дагур Сигурдсон кој ако е точна легендата за 700.000 цела година ја подготвува Јапонија и заврши последен, како Кристијансон, Ривера итн. што работат напорно за петро долари и имаат репрезентација што е клуб и што .. еве на крајот видете им ги резултатите.

Како најголем проблем на македонската репрезентација би ги издвоиле нереалните очекувања. Хрватска беше наш таргет... Хрватска што на центар ги има Дувњак, Циндриќ и Карачиќ, а ние ги имаме Филип Лазаров, Чурлевски и Крстевски... И на крајот уште се чудевме и бевме разочарани како сме загубиле. Виновен беше Филип Лазаров, виновен беше Раул, седум на шест итн.

Помалку очекувања, повеќе работа

Се сеќавам на еден натпревар што Металург го играше во Кил. Пред 4-5 години. Филип Талески тогаш блесна, постигна три гола, а јавноста беше воодушевена. Медиумите што за да се „шитне“ некој клик, што изгорени од желбата да најдеме замена за Лазаров веќе го ставивме на пиедестал.
Не беше стишана еуфоријата, кога недолго потоа, еден од повозрасните играчи на Металург ми призна.
„Не форсирај, правиш беља. Цела клупа подрипнавме кога Винцек отиде на Тале. Помисливме, толку од детето“...

Талески и Кузмановски преживеаја некако но, уште се младите од кои чекаме, а никако да дочекаме нешто. Одново не сме реални, фактите се дека едниот грее клупа во РНЛ, другиот игра цела сезона против Борец, Радовиш, а ние чекаме да ја изрешетаат Шпанија со Морос, Гвардиола и Кањељас во ѕидот.
Серафимов, Танкоски и другите? Лично не би сакал да видам нивни дуел со Патрик Винцек или не дај боже Фин Лемке.

Кирил Лазаров во 1999 за пет минути ни докажа дека аматерска грешка направија Нишевиќ и Стефановски кога Мандиќ го имаа за прв десен бек. На ова СП, немаше играч да покаже дека заслужил повеќе.

Чекор по чекор

Две изјави се издвојуваат од тие од кои на новинарите им се крева коса на глава. „Одиме без бело знаме“ и уште побесмислената „Одиме чекор по чекор“...

Македонија има осмислен систем на натпреварување. Чекор по чекор. Имаме пионери, кадети, јуниори, сениори. Сите репрезентации се натпреваруваат во своите категории, се функционира како што треба, но финалниот производ...рековме, не сакаме да го видиме во дуел со Фин Лемке.
Може да ни биде кој сака селектор, ништо нема да може да смени. Па имавме многу звучни имиња за селектори, а резултатите ни беа исти. Времето почна да не гази, а паниката ќе станува се поголема, затоа што нема нов Лазаров на хоризонтот.

Македонија нема добро осмислен, осносно нема никаков систем за инетеграција на играчите од една во друга репрезентација.
Серафимов, Танкоски, Чурлевски... премногу лесно станаа сениорски репрезентативци. Немаат стабилен статус ниту во клубот, а оваму треба да играат против Виран Морос, Жељко Муса. Па потоа тие се виновни, што не ја победивме Хрватска.
Читајќи ги нашите тренери по ФБ, излезе дека најголемата грешка на Раул е што Кукоски не е во состав или Димитриевски... Некако немаме јасна слика околу тоа кој што може колку може, дали може, дали сака, дали е спремен?

Потребна е „Б“ репрезентација или како и да се вика. Таму треба да играат кандидатите за А тимот. Да играат како што вели Раул - Медитерански игри (Патем имавме и медитеранска селекција што играше годинава, па истиов Раул од тој список не повика „никого“) .
Сеедно, поентата е дека треба да покажат дека се вредни да бидат во А тимот. Да играат цела година, да ги води селектор што ќе биде цело време овде, не само да селектира, туку и да тренира. Да се расправа со Чирковиќ, Петковиќ, Брестовац, Парондо за минутажа, да им докажува на Андоновски, Котевски, Матлиески дека направил добар избор.
Потребен е скаут што ќе ги следи младите играчи и ќе ги ислуша тренерите и ќе ги проверат нивните играчи, ќе ги препорачаат за тој „Б“ тим, што ќе мора аргументирано да одговори на критики...

Најпотребен е малку поинаков пристап, помалку очекување и фалење, повеќе работа. Требаат натпревари на кои ќе се игра и седум на шест и шест на шест и 3-2-1, и 5-1. На кои ќе ги видиме и Кукоски и Димитриески и охридските надежи и тие надежи од кадетско-јуниорскиот тим... Треба систем што ќе направи подобар продукт. Сениорскиот „А“ тим со сите 5-6 дена за подготовка, треба да биде спремен и репетиран како автомат кога ќе треба да се игра.
http://www.g-sport.mk/vest-statija/71712/komentar-ni-treba-malku-poinakov-pristap
 
Член од
17 август 2014
Мислења
1.571
Поени од реакции
1.002
Јака статистикава од Талево.
Со оглед на то дека шутираше од неизградени позиции, и не е лоша.. пример Карачич шо е играч на влез, имат ист процент на реализација, мене најочајни ми беа крилата, и Стоилов, катастрофална реализација 14/31, Пешевски газеше искрено, штета шо не е играч за во два правца, од вгодина ќе го имаме и Никола Марковски (кој се надевам дека со Еурофарм ќе се пласират во Сеха лига па ќе имат колку толку квалитетни утакмици), вршит доста работа во одбрана, ако се вратит и Жути здрав и жив, Кузмановски и Крстевски во меѓу време во нивните нови клуба добијат добра минутажа, Танкоски да се искалемит исто за то време, мислам дека ќе сме 2 пати поквалитетни во споредба со ова првенствово.
- Друга работа, кога имаш играчи 2метраши ко Талески, греота е да имаш 26 удари од 9 метри цело првенство,според мене најдобро е да играат 6 на 6 со појќе удари од 9 метри (барем имаш време да се вратиш во одбрана), а 7на6 да се играт од време на време во зависност од ситуација, неможиш цело време со 7на6, две топки да ти прејчат на празен гол, те падват психички баеги, ко случајот со Шпанија.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
4.530
Поени од реакции
4.811
@Vardarecc
Брат статистикава треба да биде 30/52
Не помочани 17 гола од кои 80% се против убијаниве екипи.Да не заборавиме дека имаше неколку и од центар на празна мрежа.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
86
Поени од реакции
11
Дали некој воопшто го гледаше интервјуто на Раул, човекот отворено кажа дека самите играчи сакаат да играат 7:6 пошто се осеќаат комотно, е сега тоа што се трупци крилата и Столе под своето ниво кој ни е крив. Како стратег Раул нема проблем со ниедна тактика ама треба да има кој да ги изврши задачите
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
8.542
Поени од реакции
2.550
Ете ви полуфинале:

Германија - Норвешка
Данска - Франција

Финале Данска - Германија.

Збори ми за тоа колку не е наместено првенството....
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
958
Поени од реакции
845
Ете ви полуфинале:

Германија - Норвешка
Данска - Франција

Финале Данска - Германија.

Збори ми за тоа колку не е наместено првенството....
Е ако е наместено шо не фукна 1000 евра дека финале ќе играат Данска- Германија? Ако веќе знаеш кој е победникот, јас ќе ти дадам 2000 евра само кажи ми кој ќе победи. Боже сачувај, наместено било, ете ви реков. Па ако е наместено шо не фати :D Хрватска да си ги тепаше Бразил, ова ќе ти паднеше у вода. Кој им е крив :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
8.542
Поени од реакции
2.550
Е ако е наместено шо не фукна 1000 евра дека финале ќе играат Данска- Германија? Ако веќе знаеш кој е победникот, јас ќе ти дадам 2000 евра само кажи ми кој ќе победи. Боже сачувај, наместено било, ете ви реков. Па ако е наместено шо не фати :D Хрватска да си ги тепаше Бразил, ова ќе ти паднеше у вода. Кој им е крив :)
Многу ретко уплаќам, а и кога го правам тоа, го правам за 50 денари максимум. Не мора да значи дека ако сум сигурен во нешто дека треба да го уплатам за да фатам пари.
Не сакам така да ги добивам парите, а тоа што го уплаќам за 50 денари е за занимација во слободно време и никогаш до сега не сум фатил бидејќи шкрапам што ќе стигнам.

Германците си ја наместија утакмицата со Хрватска. Не дека и претходно не се знаеше за ова, но вака излезе на виделина и сите видоа. Лино не го сакам и не го поддржувам, но овој пат беше во право за тоа што се буни за пеналот во последните минути. Имаше пенал и тоа од Месечината се виде. Го признаа и судиите, дека ја оштетија Хрватска.

Политиката, бизнисот, криминалот е насекаде во светот, а зачестен е и во секој спорт. Од Формула 1 до ракометот.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
958
Поени од реакции
845
Не сакам така да ги добивам парите...
Епа кажувај ни на нас џаболебарите што сакаме брзи пари. Одма кога ќе заврши утакмицата сите знаат дека е местено. Што не рече пред почеток на првенство дека ЕХФ и ДХБ се договориле дека ќе си ја наместат и тоа е тоа :D
Ова ко на сериине "ej abe znaev deka vaka ke zavrsi dzabe gleavne hehee". Па ако си знаел дека е местено нема зашо да глеаш или да се надеваш хах. Мене реприза од утакмица или местена утакмица не ми е интересна да ја гледам. Освен на Џаро тие местенките ракомет што завршила 0:0. Таа би ја гледал ако е вистина, само за да видам што све праеле :D
 
На врв Bottom