Светско Првенство 2019 во Данска и Германија - генерална дискусија

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Епа кажувај ни на нас џаболебарите што сакаме брзи пари. Одма кога ќе заврши утакмицата сите знаат дека е местено. Што не рече пред почеток на првенство дека ЕХФ и ДХБ се договориле дека ќе си ја наместат и тоа е тоа :D
Ова ко на сериине "ej abe znaev deka vaka ke zavrsi dzabe gleavne hehee". Па ако си знаел дека е местено нема зашо да глеаш или да се надеваш хах. Мене реприза од утакмица или местена утакмица не ми е интересна да ја гледам. Освен на Џаро тие местенките ракомет што завршила 0:0. Таа би ја гледал ако е вистина, само за да видам што све праеле :D
Дали сега би го кажал или тогаш, ти истото би ми го кажал и тогаш и сега. Твојот став би бил ист. Немаше да ти смени ништо.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
"Bи реков" e најчестата и најлошата експертиза на секој човек на Балканот, а не сум сигурен дали го има и на друго место. "ви реков дека ќе ја свртат, све за кладилница играат" e безвезе муабет. Пошо обичниот човек ќе го има истиот став. Имам неколку пати пример од пријатели или роднини и секад е ова : Завршува некое дерби 4-3 или 5-3 "види ги ја наместија 7+ за кладилница, у 93та даде гол " Истото дерби завршува 0-0 "види ги, цел свет ги игра голголтриплус (после ггпрво ггвторо најчесто спомнуван тип у кладилница), а они си поделија бодови наместија, ЗНАЕВ!!!" Така и ти :)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ок е колумната ама мислам дека има 2-3 работи кои се нереални.

1. Нашите млади играчи не се толку изгубени заради неискуство и невоведеност во репрезентацијата, колку што се изгубени заради комбинацијата на притисок и физички заостаток. Колку сака нека се искусни ракометно школувани и воведени во репрезентацијата, кога имаш "таленти" ситни на раст, со слаба атлетост, џабе ти е ако се и ракометно најинтелигентни, пак има да стравуваме со "толку од детето". Кај нас талент се смета некој кој има желба за ракомет. А реален талент е некој со физички и атлетски предиспозиции да се носи со елитата. И згора на сето ова доаѓаат тотално нереалните очекувања во јавноста креирани од лакомите избезумени медиуми кои создаваат налудничава атмосфера само заради "кликови".

2. Се е тоа ок, за Б репрезентација (која патем и јас ја поддржувам), за следење преку цела година, собири, натпревари, пробување на сите можни тактики, ама сето тоа е само теоретско филозофирање и во голема мера неупотребливо во реалноста. А реалноста е дека играчите се "сопственост" на клубовите и тие можат што сакаат да прават со нивниот развој и минутажа, а и постојано ќе се борат да не ги отстапуваат играчите на повеќе од 3-4 недели по сезона (а и тоа разцепкано на неколку наврати). Треба малку и да сфатиме дека репрезентативни успеси повеќе се прават со талент и мотивација, отколку со уиграност и тактика бидејќи реално и не може којзнае што да се подготви во малкуто време кое им е на располагање на собирите на ререзентативците кои се такви какви што се заради клубовите.

П.С. Тренер на клуб и селектор на репрезентација е доста различна работа и не случајно голем дел од успешните клуски тренери имаат проблем да постигнат успеси на репрезентативен план. Лино Червар не бил успешен на репрезентативен план заради "засукување ракави" и "месење на тестото" (што е практично неупотребливо на репрезентативен план) туку заради уникатната способност да ги мотивира играчите особено на национална патриотска база. А "месењето" е корисно во клубовите со долгорочна визија. Е таму таа способност доаѓа до израз...
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Малце покасно ја читам дискусијава за популарноста на ракометов, малце повеќе :D, но да се надоврзам. За истово Вујо зборуваше во емисија и нагласи дека тоа е поради незаинтересираноста на Америка, кога погледнале некоја утакмица, им рекле дека е премногу бавен спорт и не го прифатиле, друга песна ќе беше тие да го протуркаа. Според мене треба да се одбројува време за напад како во кошарка, 40тина секунди по напад отприлика се доволни.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Данска делуваат како од друга планета, ова е нивно првенство дефинитивно.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Не е можно толку да се лоши Франција, данциве како на тренинг да се а не на утакмица која значи финале.
Не ми се верува толку да се можностите на Франција, што знам..
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Динарт е крив, каква поставае извади кога му е најпотребно. Лагард цело првенствно не го играше сега го стави да решава, јбг. Ремили кој е многу подобар од Ричардсон и Мем многу малку минутажа, абе катастрофа беа на моменти само стискаа заби во одбрана.
Хансен бог.

Норвежаните браво еј, ги спуштија на земја гомната сега и од Франција ке изгубат ке се без медал.
Сагосен кој мотор е ..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Малце покасно ја читам дискусијава за популарноста на ракометов, малце повеќе :D, но да се надоврзам. За истово Вујо зборуваше во емисија и нагласи дека тоа е поради незаинтересираноста на Америка, кога погледнале некоја утакмица, им рекле дека е премногу бавен спорт и не го прифатиле, друга песна ќе беше тие да го протуркаа. Според мене треба да се одбројува време за напад како во кошарка, 40тина секунди по напад отприлика се доволни.
кошарката пркна кога измислија тројка.......
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.392
Поени од реакции
2.430
Линк за Хрватска - Шведска?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom