Дуел на денот според мене е Шведска-Норвешка овде ќе има ракомет за мерак,две скандинавски репрезентации кога играат што друго да се очекува.
Ќе се игра брзо,со многу голови и цврсти одбрани.
Голема улога ќе имаат голманите,може и ќе бидне пресудно за победникот.
Јас типувам на Норвешка само заради Сагосен.
Ако тепаат Хрватите вечер ќе биде чудо,изморени се од вчера,го немаат Циндрич ,ништо чудно да ја имаат спукано играчите со Лино.
Од друга страна се Германците со нивна публика,судиите на нивна страна,одморени пошто играа завчера.
Ќе видиме ќе биде интересно на дуелов,сега ситуацијава ме потсеќе како лани на ЕП кога требаше Хрватите да играат со Норвешка,цела држава плукаше по играчите и по Лино на крај ги затнаа.
Само тогаш беа дома сега не е исто.