Колку и да ги почитувам во ракомет Хрватите,а не ги сакам Швабите во ракомет ( најмногу заради провокатори од калибарот на Силвио ), но многу мило ми е шо им се врати денес кармата на Хрватите и ги тресна во лице по она нивно шарлатанско и криминално влегување во мечот со Бразил.
Денес,заслужија барем бод, го имаа во рака, судиите ги искинаа во клучни моменти, но така им треба на таквите репки, никако поинаку.
Наместо вчера лаганица да си пројде мечот со Бразил, без многу замарање, па да влезат полесно на денешниот меч и да го префрлат притисокот врз Германија, тие се изглупираа вчера до максимум, ова што им се случи вечерва е нормално и очекувано.
Шо очекуваа,дека среде Келн ќе добијат перфектно судење?
За инает на Лино, време е чиката да си ги собере парталчињата и да си се врати во Умаг и да си оди фино лепо во пензија, време е, нека се занимава со туризам, рибарење, нека им кажува таму на пензионерите како бил единствен селектор на Хрватска кој разбира нешто, нека игра шах, нека се замислува како тој е специјален,било шо нека прави само нека исчезне да не го гледам повеќе со неговите тактики, ми се одмилува и ракомет и се од тренери како него, ракометен анти-тренер, класичен лицемер, самобендисан, секогаш тој е во право ( дури и кога греши )
, од секаде го избркаа, помина времето на вакви тренери дефинитивно.
Кој дебакл од тренер, последен тајмаут, наместо да земе да ги советува играчите тој урла, се расправа со делегат, судии, Доминиковиќ му го водеше тајмаутот,Лино на кадар го нема.
Така им треба, за репки како Хрватска кои потценуваат противници не смее да има повеќе, не дека Германија е нешто подобра на ова СП, тие бетер се, со Русија за грев беа, со Франција шо изиграа нешто подобро, денес очај беа во второ, посебно кога ги фати таа кризата, се изгубија тотално.
Ништо не прават со ваква игра со Скандинавците, има да го измети подот Данска со нив во полуфинале, нема да знаат патот да го најдат назад за Германија.
Кога сме кај Швабите, кој рече дека само ние промашуваме зицери, се убија од промашување денес, чисто ситуации, за малку ќе ги чинеа тие егзибиции пораз.
Премногу се осети отсуството на среден бек, сеа без Штробел којзнае што ќе прават, ако останат со Друкс тешко нив, дечкото е се само не е организатор на игра, успорена снимка.
Бразил уште еднаш покажа дека е ништо повеќе од егзотична репка со повремени рандом блесоци, кога ќе ги потценат противниците.
Изиграа колку што им дозволи Франција, искористија шанса со Русија која не вреди ни да ја споменувам ( за грев се тие )и на крај зенитот го достигнаа со вчерашниот триумф над чиката.
Инаку, нивната реалност и вистинска вредност е далеку од потребното ниво да бидат некој фактор во ракометот, туку ќе важат за интересна репка која може да направи некоја беља, ќе си губат со двоцифрени разлики кога ќе играат противниците сериозно, ништо повеќе од просечна репка, како нивните комшии Аргентина.
Шпанија ќе жали за криминалното издание со Хрватска, кратко и јасно,
Норвешка покажа дека е зрела за уште еден успех, секоја чест, колку лесно играат.
Шведска, без лидерот Готфридсон е сосема друга репка, незаменлив играч им е дечкото.
Имаат последна шанса, со Данска, но на гостински терен, во директен дуел ќе треба да се надминат за да направат сензација, ќе видиме во среда.