Светско Првенство - Главна Фаза + натпревари за пласман

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.031
Поени од реакции
70.415
Бидејќи нема тема за натпреварите кои ќе се играат од сабота натаму решив да направам тема каде што ќе може да се дискутира се што ќе се случува на првенствово до крај.
Ако темава е непотребна слободно може некој модератор да ја избрише.

Тоа што не очекува до крајот на првенството од аспект на нашата репрезентација е следново:

Сабота 13:00:
Македонија-Русија

Доколку победиме ќе играме за 13-то место против победникот од мечот Катар-Чиле (15:30 часот во недела), а ако изгубиме од Русија тогаш во недела од 13 часот ќе играме против поразениот од дуелот Катар-Чиле.

Во главната фаза на ова СП групите и табелите изгледаат вака:


upload_2019-1-18_0-0-7.png

upload_2019-1-18_0-0-19.png


Распоредот на мечевите во двете групи е достапен во спојлер

Полуфиналињата ќе се играат на 25 Јануари, а финалето и борбата за трето место ќе се игра ден подоцна.
 

Attachments

Член од
5 април 2013
Мислења
2.788
Поени од реакции
4.299
Таман си е темата, нема зошто да не ја користиме, кој има што да каже, нека си постира тука за главната фаза :)

Едино отворив тема за разигрувањето 13-16 место, колку за да се избегне, постовите за нашата репрезентација да ја преплават темава :)
 

Tomasino

Semper etiam ubique superiores
Член од
19 март 2009
Мислења
9.120
Поени од реакции
18.024
Следува разврската.
Според мене како главни фаворити за освојување на медалите се Данска и Франција, а можеби како фаворити од сенка се јавуваат Германија, Норвешка, зошто да не е Хрватска.

Данците засега перфектни, но реално немаа некој сериозен тест пред себе, освен со Норвешка сите други утакмици им беа загревање, а доста загреани влегоа во тоа дерби со своите комшии.
Хансен сеуште е алфа и омега во репката, речиси е невозможно да се задржи лудакот, тука како бекап е Лауге кој има огромно искуство насобрано од претходни првенства.
Главен проблем како и секогаш за Данците е десната бековска позиција, доказ дека добри леваци се раритет во светот на ракомет, макар и за таква ракометна средина како Данска, да имаа добар левак ќе беа речиси перфектна репка, вака секогаш им фали тој последниот детал.
Гледајќи го резервниот ростер на бекови не делуваат којзнае колку страшно, можеби тоа ќе им недостига во тие клучни мечеви, ќе видиме, не може нон стоп да се потпираат на Хансен.
Сепак, домашен терен, не е мала работа, треба да стигнат макар до полуфинале.

Франција има на хартија најдобар ростер, покриени на сите позиции, но сеуште се бараат.
Сега со Карабатакот треба да ја добијат таа сигурност во напад, која им фалеше на минатите мечеви, пред се да наоѓаат решенија кога нападот е УКОЧЕН, а имаа проблеми, со Бразил, со Русија, со Германија, не е течен нападот.
Ќе видиме, реално се фаворити за највисок пласман, имаат најголемо иксуство од вакви мечеви, што може да е клучно за ваков систем на натпревари.

Хрватска како и секогаш се мои фаворити, искрено се надевам дека сезонава ќе дотуркаат далеку.
Да имаа еден лев бек, како Лацковиќ во убавите денови со овај ростер ќе беа страв и трепет, вака премногу зависат од тие индивидуалци техничари.
Но засега сето тоа функционира, на хартија ги имаат можеби најдобрите средни бекови во светот, дуел играчи кои не се склони на правење технички грешки, кои знаат да ја извдат екипата кога не оди, можеби и тоа ќе биде доволно, плус одбраната доста солидна, Шего одличен засега.
Се надевам дека ќе се пласираат во полуфинале.

Германија,
Иста приказна како и Данска, широк ростер, но им фалат бекови во ротацијата, посебно на лев бек, а и на среден не се баш најсајни, на пикер и крила се речиси перфектни и можеби најдобри на првенството.
Засега не прикажаа дека може да се носат со притисокот, посебно на мечот со Русија, со Франција за очекување беше таков резултат.
Ќе видиме како ќе се снајдат, фаворити се со Исланд и Шпанија, нема збор тука, можеби клучен меч ќе биде оној со Хрватска.

Шпанија,
Катастрофална игра прикажаа досега, како да ги фати зимски сон од мечот со Јапонија, а и со нас не блескаа, туку не победија со толкава разлика само заради тоа што ние паднавме тотално во второ и се откажавме од секаква борба.
Со ваква игра немаат што да бараат со Франција и Германија, ништо чудно и Бразил да ги попари.

Норвешка

Фаворити од сенка, страшна репка,
Многу балансиран тим, доколку ја подобрат одбраната можат многу да направат, нападот не е проблем, имаат играчи кои од секоја позиција може да погодат.
Би требало добро да се држат во втората фаза.

Од ДРУГИТЕ репки.

Бразил, Ислан и Унгарија се репки кои може да направат беља ( доколку ги потцени некој ) и би требало да се борат за пласман од 6-10 место.
Тунис и Египет се реално најслаби и самиот пласман во ова друштво за нив е голем успех.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
2.788
Поени од реакции
4.299
Тунис и Египет нема што многу да бараат, не одиграа којзнае што на првенството имаат само среќа да се на далеку полесната страна на ждрепката па една од нив ќе заврши 9-10, а другата 11-12. Бразил е опасна екипа, ама со "големите момци" мислам дека ќе се изгубат. Толку им е лимитот за ова СП, повеќе на идното :). Од Тунис и Египет се појаки ама ништо чудно да бидат зад нив на крајниот пласман бидејќи нема разигрување меѓу 9 и 12 место, а овие од полесните групи имаат предност.

Исланд е незгоден ќе даде отпор на Франција и Германија, и веројатно на крајот ќе изгуби на искуство како што паѓаа против сите освен со нас. Унгарија е класика, се е некако на снага, имаат играчи, ама немаат баш игра. Ќе бидат 8 на крајот и ќе си се проблечат до олимписките квалификации. Златна ждрепка, инаку мислам дека се послаби од Исланд, па можеби и од Бразил.

Е сега за борбата за полуфинале. Франција, стандардно, слабо стартува, ќе видиме дали стандардно и ќе ја крени формата во втората фаза. Чудо е како го оспособија Карабатиќ, макар што катастрофа беше со Русија, прашање колку е паметен тој потег, не е уште во натпреварувачка форма.

За Шпанија, веќе неколку пати кажав, нема никаква игра во позицион напад, сигурно најслаби од сите овие 10 екипи кои ќе се борат за полуфинале во тој аспект. Можностите на екипа што се базира само на одбрана, голмани и класични контри мислам дека е лимитирана. Очекувам да бидат 4ти во групата иако можи да скинат некој бод од Германија и Франција не се знае.

Германија нема којзнае каква игра, ама е супер мотивирана, носена на крилата на публиката и мислам ќе протуркаат некако до полуфинале (ако треба и со судии). Кога ќе влезат во налет се многу опасни.

Хрватска од оваа "А страна" најмногу покажа досега. Лино не е омилен, ама е мајстор за да постави ваква игра - целосен фокус на одбраната + индивидуално солирање во напад, а баш таков состав имаат хрватите овој пат. Нема да биде лесно им треба барем бод со Германија и Франција, ама мислам ќе стигнат до полуфинале. Заслужуваат според досега прикажаното, иако кога тогаш, не земањето на класичен лев бек шутер ќе ги кошта победа која може да значи медал.

Од другата страна, тешка битка меѓу скандинавците за влез во полуфинале. Овде се 2 од медалистите, веројатно и шампионот. Многу поодморени во однос на другите ќе стигнат до полуфинале. Данска со домашната публика и веќе запишаната победа на Норвешка е во пол позиција за медал. Досега најмногу покажаа на првенството. Норвешка е во најлоша стартна позиција, ама и тоа како се опасни и можат да одат до крај - немаат особена слаба страна, комплетен тим. Шведска до пред 2 дена ќе продолжев да ја промовирав како тим кој ќе изненади и ќе стигне до титулата, но им се повреди Готфридсон и ако не го оспособат, прашање е дали ќе стигнат и до полуфиналето. Главен играч им е, мозокот на екипата, не верувам дека можат без него. Ако го рехабилитираат и е во соодветна форма, Швеѓаните се и тоа како опасни. Добро скоцкана екипа, со една од 2-3 најдобри одбрани и најдобар голмански пар, а за разлика од порано, овој пат имаат и доста ротација и избор и во различни напаѓачки варијатни (па ако сакате и искуство).

Типувам на полуфинале Данска - Германија, Хрватска-Шведска. Ќе видиме дали така и ќе испадне.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
987
Поени од реакции
1.396
Каков ракомет.:vozbud:
Соле 9/9 за едно полувреме,овој дефинитивно е најдобро десно крило на свет,незнам како уште игра во Тулуз,сите гиганти ќе се потепаат по него.:cuc:
Иначе дојде како замена за морковот наш во тој тим.:pos:
Ќе биде јако второ полувреме еве го Арпад сега стапи на сцена.
Ова ти е ракомет милина за очи,какви играчишта играат.
Фабрегас машина напред назад.
Н'Гесан :cuc:каков скок шут,топ има у раката нема ни блок ни ништо за овој.
Само уживање ќе биде до крај.:)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.932
Поени од реакции
5.806
ете француски голман има право да тепа во голмански простор :icon_mrgr:
а се буневме, мислам со Исланд беше кога Гоце окрка со нивниот голман
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
12.768
Поени од реакции
13.460
Sramno sudenje, sea dali namerno ili tolku znaat ama vlecat nakaj francuzive


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.031
Поени од реакции
52.201
Какви млади црнчугишта имаат Французиве на бековските позиции, пак нема да има зима за нив...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.031
Поени од реакции
52.201
Ова е веќе апла срамно издание на судииве...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
987
Поени од реакции
1.396
I ebaa majka sudiive na Spanija cc

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Па не гледам искрено зашто толку се бунат Шпанците според мене корекно судење имаа.
Можеби во ситуацијата Ентрериос кога шутна требаше 9 метри да свирнат ,ама и во таа ситуација Ентрериос форсираше да шутне,после сами клупата се бунеа и пцуеа по судите,затоа и добија исклучување.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
12.768
Поени од реакции
13.460
Па не гледам искрено зашто толку се бунат Шпанците според мене корекно судење имаа.
Можеби во ситуацијата Ентрериос кога шутна требаше 9 метри да свирнат ,ама и во таа ситуација Ентрериос форсираше да шутне,после сами клупата се бунеа и пцуеа по судите,затоа и добија исклучување.
Se zaebavas taka?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
На врв Bottom