Стартот на Жерар над Соле беше најмалку за две минути исклучување.
Од авион се гледаше намерата да го повреди Соле, иако и Соле претера со влегувањето ( сакаше заедно со топката да влезе во гол ), но не смееше Жерар така да реагира, намерно се внесе во Соле и неговиот правец и падна врз него, па уште и реагира, класични 2 минути па и за повеќе од тоа..
Истото го правеше и со Бразил, неколку пати го акнаа во глава, па се изнервира до максимум, голман си, на Франција, резил.
Вакви ситуации се непотребни, настануваат заради тоа што и некои играчи сакаат да изведат што поспектакуларен потег за да бидат забележени од медиумите.
Манасков кога беше во Металург при чиста контра од премногу правење непотребни егзебиции наивно се повреди и го немаше повеќе месеци.
И играчите претеруваат со тоа влегување, си затвораат агол и му оставаат шанса на голманот со отворање да скрати агол.
МАЈАГЕРИТО на Густавсон беше подруга ситуација, повеќе би рекол трапав потег отколку намерен, не смее голман да изведува такви зафати, од причина што лесно може да дојде до некоја повреда на играчите, сепак не е ММА спорт ракометот, но кога нема правилник или кодекс за тоа како да се однесуваат голманите во својот простор не ме чуди што гледаме вакви нинџа потези.
На слободна одлука на судиите се вакви ситуации, наш голман да беше во таа ситуација ќе имаше сигурно 2 минути исклучувања, во наша лига ќе имаше дури и црвен картон.