Сведоштва за континуитетот - Поменот на антиката во македонската историја

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Големиот писател и револуционер Ѓорги Пулевски,исто така сметал дека Македонците имаат и античко македонско потекло.Ќе наведам извадок од неговата поема Самовила Македонска од 1878:

Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат:
Од Македонци појунаци над них не било -
Цар Александар Македонски триста лета пред Христа
со Македонци сву вселену повладал
Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат
зашто само назе под ропство оставјат
зато и мие хоштеме своју домовину...
Браќа наши Македонци од православна вера,
да се сви сложиме, јуначки бориме,
како наши стари под цар Александром
повтор спомен своим по нас да оставиме!
Историју стару да оживиме

Македонцим ув прилог

Татковина је ово место мило Македонцим,
кралевина било под краљом Филипом,
старо царство јесте од цара Александра,
наш цар, македонски,
познат Александар Велики ув вселену,
он је наше царство в Полостров Балкански
је го оставил все горским славјаним. [...]

Требит да хоштеме своју домовину
и све да чиниме да ју добијеме:
стара нам је кралевина наша македонска.
Да се собереме, сви да се сложиме
и све да чиниме да се избавиме.
Хајте браќа, сви христијани наши Македонци,
јазик с јазиком, род с родом сви једно да бидеме!

Зашто само назе под ропство оставјает
зато и мије хоштеме своју домовину.

Братије наши Македонци от православну веру
да се сви сложиме, јуначки бориме
како и наши стари пот цар Александром.
Пофтор спомен своим имјам по нас оставиме,
историју стару да ју оживиме,
мије глејте сега да ју исполниме.

Прадедовци наши стари македонски
тије нами добар спомен оставиле
овим делом сега коски им прелејеме
и све да чиниме да их посветиме
и слатни јим венци мије направиме;
војно-македонски бајрак стари развиеме,
та на платно образ свјатоѓеоѓевски,
а од другу страну свјатодимитревски,
та да се бориме пот свјатим знамењем.

Војни свјатост - крстат бајрак тољку очувахме,
та тој се находит при племство мијачко,
Мијаци и днеска с него се поносат,
знак је сушти - от слободу братско-македонски,
Мијаци го носат, та с него се дичат
ув своји веселја јавно пред злотвором.

(Ѓорѓија Пулевски, Македонска песнарка, Софија, 1879 година)
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
он је наше царство в Полостров Балкански
је го оставил все горским славјаним
Мијаци и днеска с него се поносат,
знак је сушти - от слободу братско-македонски,
Мијаци го носат, та с него се дичат
ув своји веселја јавно пред злотвором.
Две големи ИСТОРИСКИ вистини во народна песна - планинскиот карактер на Македонците запишан уште во антички времиња а опстојува ден денес и Мијаците и нивната поврзааност со Александар Македонски, интересно е неправењето разлика помегу Славјани и Македонци.

Браво Мисирков, но од кај знаел Митре овчарот вакви податоци 2 века од денес 20 века од тогаш за да сплете ваква убава песна?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Знаел од преданија, песни, од кажувањата на родителите, и од се што останало во коелктивното сеќавање на Македонскиот народ. Впрочем, народот знае историски детали кои нема теоретска шанса некој да му ги натури или неметне. 3атоа и им пречиме на околниве, бидејќи има и премногу докази за нашите врски со антиката.

Колку да сме најасно, и за време на Втората светска војна има пројави нашите водачи да ги споредуваат со Александар -- значи после пола век геноцид, масовни раселувања и страотни погроми колективното сеќавање останало.

Со оглед на тоа што грчката пропаганда многу ги злоупотребува Евреите во “спорот’’ од историска гледна точка, исклучително важна е изјавата на Претседателот на Израелскиот Кнесет, Рувеин Ривлин.

МАКЕДОНСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВООДУШЕВЕНА ОД ПРИЕМОТ ВО ИЗРАЕЛ

Добредојде за потомците на Александар Македонски

Претседателот на израелскиот Кнесет во добредојдето за спикерот Трајко Вељаноски рекол дека тој е првиот Македонец што се потпишува во книгата за впечатоци, но не е првиот Македонец што го посетил Израел, оти тоа бил Александар Македонски

Израел ги признава античките корени на Македонија. Претседателот на израелскиот Кнесет Реувен Ривлин вакво признание му даде на спикерот Трајко Вељаноски, кој минатата недела предводеше парламентарна делегација во тридневна посета во Израел.

Првиот човек на израелскиот Парламент Ривлин, кој важи за многу почитуван политичар во еврејската држава, во моментот додека спикерот Вељаноски се потпишувал во книгата за впечатоци, не штедел комплименти за него и за Македонија. "Претседателе, вие сте првиот Македонец што се потпишувате во книгата за впечатоци, но не сте првиот Македонец што дошол во Израел. Тоа бил Александар Македонски", рекол Ривлин. Ваквиот коментар на Ривлин пријатно го изненадил и воодушевил спикерот Вељаноски, но и членовите на македонската делегација.

Спикерот Ривлин, кој потекнува од едно од најстарите еврејски семејства, бил многу пријателски расположен кон гостите од Македонија. Додека делегацијата присуствувала на седница на Кнесетот, тој не штедел пофални зборови за гостите и цело време Македонија ја нарекувал со уставното име, иако Израел нe има признато под референцијата ФИРОМ.

За топлиот прием во Израел сведочат и членови на македонската делегација, кои не можеа да најдат зборови за да го опишат израелското гостопримство. "Просто сме воодушевени", вели пратеник и член на македонската делегација.

Како што е познато, за време на тридневниот престој минатата недела, македонската делегација беше примена од највисокиот државен врв на израелската држава претседателот Шимон Перес, спикерот на Кнесетот Реувен Ривлин и шефот на дипломатијата Авигдор Либерман.

На сите средби, кои биле проследени со сите државнички почести, Израелците ги истакнале блиските историски односи со Македонија. Висока делегација на Израел се очекува да дојде во Македонија на пуштањето на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, што е планирано за март 2011 година.

Н.Селмани



http://vest.com.mk/?ItemID=8E2EDD38B93CFD418B658D1DFF4CE857
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
иако Израел нe има признато под референцијата ФИРОМ.
Само да се надоврзам, Израел не има признато под уставното име...еве овде:

Bivsata Izraelska ambasadorka vo intervju za Dnevnik izjavila:

'Дали размислувате за признавање на уставното име на Македонија? - Ние веќе сме го направиле тоа. Секоја билатерална спогодба, па и моите акредитиви беа со уставното име на Македонија.'

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2611&stID=43701

Greska vo Vest.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Еве уште едно од преданијата раскажувани меѓу Македонците, запишано во "Зборникот" на Миладиновци.

Чисто да им се доразјасни на источниве за кој и чиј "Цар Александар" се работи цело време, во сите сведоштва запишани меѓу Македонците низ вековите.

 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Српска историја од 19 век: Македонците се најстар народ, Србите и Бугарите дојденци


Авторот на овој учебник за средно училиште од 1871 година, дваесетина години подоцна го менува мислењето и Македонците ги нарекува „аморфна маса“


Srpska.jpg

Историјата е најголемата лага - оваа позната реченица на Наполеон е можеби најточната дефиниција за манипулациите што се прават со оваа наука во политички цели.

Учебникот по географија, особено неговиот дел за историјата на Балканскиот полуостров од кој учеле српските средношколци во 1871 година е најдобриот пример за она што сака да го каже Наполеон. Автор на учебникот е српскиот академик Петар Драгашевиќ. И додека во оваа историја Драгашевиќ ги нарекува Македонците, „најстари Словени“ и „можеби најстар народ во Европа“, а Србите и Бугарите „дојденци“, истиот автор дваесетина години подоцна, плука врз својот труд, нарекувајќи не „аморфна маса“. Намерно или случајно, промената на ставовите на Драгашевиќ се случува токму во периодот кога тогашен Белград ја црта картата на „Велика Србија“.

Учебникот „Географија за средни училишта“ бил прегледан и одобрен од државна комисија во Белград, а печатен во државната печатница. Во делот „Југоисточен полуостров“ пишува:

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата...можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.

Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море. За Александар Македонски, стои дека, „творецот на македонската светска држава“, ги проширил границите до Индија. Во делот „Народ“, пак стои:

„Овој полуостров е мозаик на народи како и Австрија. На овој простор живеат 13,6 милиони жители и тоа: Словени 61 отсто, Турци 13 отсто, Арнаути 7 отсто, Грци 14 отсто, Ермени 3 отсто и останати 2 отсто. Што би се рекло, Словени има двапати повеќе од сите други заедно, а четирипати повеќе од Турците. Во Словени се бројат: Срби 3,6 милиони, Хрвати 0,5 милиони, Македонци 1,3 милиони, Бугари 3,2 милиони, останати 0,04 милиони“.

На страницата 163 се наведува дека „Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“. Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.

„Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. И покрај сето ова во нивните обичаи и во нивниот јазик можат да се најдат траги од сите оние народи, кои овде-онде, над нив владееја (нарочно Бугарите и Србите). Македонците и денес се карактеризираат самостојно и стојат во средината меѓу Бугарите и Србите“, пишува Драгашевиќ за Македонците.

Ништо помалку интересно е неговото пишување за другите народи: „Бугарите на овој полуостров се дојденци (за разлика од Македонците) исто како и Србите и денес ја зафаќаат целата источна страна на овој полуостров“. За Албанците, пак вели дека се во тесна врска со римските војници, а за Грците дека живеат во „Кралство Грчко“.




Симски: Така е и со другите истории

До овој учебник, пред еден месец дошол писателот и дипломат Стефан Симски.

- Сосема случајно ми го спомнаа колеги дипломати од Белград. Многу е интересно што автор на учебникот е истиот академик, кој 20 години подоцна комплетно го менува ставот за Македонците. И ова не е случај само со српската историја, туку и со бугарската и грчката - вели Симски, кој сега е шеф на одделението за македонско малцинство на Балканот при Секторот за дијаспора на Министерството за надворешни работи.


Извор
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тврдењето на денешните Грци дека античките Македонци всушност биле исто што и античките Грци уште еднаш е отфрлено како лага.

Во книгата на Чарлс Ролин, од 1730 - 1738 година, античките Македонци и античките Грци се опишани како два различни народа, па дури и во самиот наслов на книгата: „Античка Историја на Египќаните, Картагинците, Асирците, Вавилонците, Медијците и Персијците, Македонците, Грците“.

(Histoire ancienne des Égyptiens, des Carthaginois, des Assyriens, des Babyloniens, des Mèdes et des Perses, des Macédoniens, des Grecs)



Горе: фототип од насловот во оригинал на француски јазик; долу: фототип од насловот на англиски јазик.



Понатаму во книгата пишува (стр. 414) дека античките Македонци не се чувствувале како Грци:

"МАКЕДОНИЈА. Тоа
беше долго време пред Грците да имаа некоја голема врска со Македонија. Нејзините кралеви кои живеле во шумите и планините, се чини дека не се сметале како дел од Грција. Тие се преправале дека нивните кралеви, од кои Каран е првиот, потекнуваат од Херкул. Филип и неговиот син Александар ја зголемиле славата на ова кралство на многу висок степен. Тоа опстојувало четиристотиниседумдесетиедна (471) година пред смртта на Александар, и продолжило уште стоипеесет (150) години, до Персеј кој бил победен и преземан од страна на Римјаните. Во сите, шестотинидваесетишест години (626) години."

("MACEDONIA. It was a long time before the Greeks had any great regard to Macedonia. Her kings living retired in woods and mountains, seemed not to be considered as a part of Greece. They pretended, that their kings, of whom Caranus was the first, were descended from Hercules. Philip and his son Alexander raised the glory of this kingdom to a very high degree. It had subsisted four hundred and seventy-one years before the death of Alexander, and continued one hundred and fifty-live more, till Perseus was beaten and taken by the Romans; in all, six hundred and twenty-six years.")



http://macedonianspark.com/istorijaideologija/opropaganda/602-2011-07-31-19-30-04?lang=mk
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
228
Поени од реакции
203
Ако веќе го има избришете го.
Овде се книгите од Јустин
http://www.forumromanum.org/literature/justin/english/index.html

- book 3….part 2
During these transactions in Persia, all Greece, under the leadership of the Lacedaemonians and Athenians, was split into two parties, and turned their arms from foreign wars as it were against their own bowels. Of one people were formed two distinct bodies; and they who had so recently served in the same camp, were divided into two hostile armies. On the one side, the Lacedaemonians drew over to their faction the cities that had before been common auxiliaries to both. On the other side, the Athenians, renowned alike for their antiquity and their exploits, relied on their own strength. Thus the two most powerful people of Greece, made equal by the institutions of Solon and the laws of Lycurgus, rushed into war through envy of each other's power.
Ја нема Македонија, чудноo_O

- 6 книга- "The wars in Greece from 399 to 362 BCE" (Војните во Грција) - ги нема Тесалија, Епир ниту Македонија што значи Јустин не ги гледал како дел од "античка Грција"

- 7 книга-The inhabitants were called Pelasgi,1 the country Paeonia..... што значи дека Пеонците биле дел од античка Македонија...... Се спомнува Каран и тоа дека верувале дека прчот (козорогот) е свето животно. Може да се направи интересна паралела со Ѓорѓи Кастриот
http://i11.tinypic.com/2uesbno.jpg шлемот на Кастриот
http://www.makedonijaese.com/images/a5.JPG

-8 книга -
- The states of Greece, while each sought to gain the sovereignty of the country for itself, lost it as a body....
- To oppose Onomarchus, the Thebans and Thessalians chose as general, not one of their own people, lest they should not be able to endure his rule if he should conquer, but Philip, king of Macedonia, voluntarily submitting to that power from a foreigner which they dreaded in the hands of their own countrymen....
-Embassies came to him also from other states of Greece........ ако имаат амбасади значи не можат да бидат една држава
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
интересно...која е таа држава грција и народ грци во антиката?
има милиони "антички" написи, никаде грк не нарекол друг грк со име грк.... ниту држава грција....колу што има податоци, името грк е од 14 век, од ренесансните...
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
интересно...која е таа држава грција и народ грци во антиката?
има милиони "антички" написи, никаде грк не нарекол друг грк со име грк.... ниту држава грција....колу што има податоци, името грк е од 14 век, од ренесансните...
е сега сум збунет...14, 12...


ajde be...
a kako nie znaeme kako se odvivala bitkata, koga Plutarh e prvpat dostapen od 1517 g.?
sto bilo pred toa, 17 vekovi amnezija i naednas svetlina vo mrakot?
kade si videl original od Plutarh?
procepkaj ne po netot, tuku i po svetot, pa pokazi ni.

p.s.
i kazi ni, kako Plutarh pisuval na latinski, koga poimot Latin prvpat e zapisan vo 1160 g.?
ili pisuval na grcki, koga istiot poim e od 1165 g?

ili pisuval na romanski jazik, termin od 1135 g?

gledas, toj 12 vek bil mnogu cuden, Renesansa, se pojavile i grci, latini, romani.....
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
зошто збунет?
и јас сум збунет....забуната доаѓа од тоа каде ќе најдеш податок за 12 или 14 век....
проблематично е и тоа, некој напишал дека во 12 или 14 век некој друг напишал, а од тој другиот нема траги.....
пример, Данте ли беше, речиси вчера го закопаа, свечено...и после пак најдоа пепел ли беше од него, бил изгорен...
ај најди им крајот....
мислам дека тој што прв, во ренесансата, го превел Платон, се викал по чиста случајност Плато..и имал Платонска академија, исти идеи...
.
ние веруваме дека луѓето тогаш биле учени и писмени и многу знаеле...
пример, големата чума во европа....
во германија ли беше, се собрале учените да видат,како,зошто...
заклучок- марс бил во сенка на јупитер,и такви глупости....
и пак проблем, ако ги читаме внимателно тие извештаи и видиме кога се официјално откриени планетите.....

најважно е дека пред тоа време, никој, ама баш буквално никој не слушнал, ниту прочитал, напишал нешто за антиката....
тоа е и разбирливо, ние денес имаме какви не дрангулии за меморирање настани, ама ај некој нека ја опише битката од 2001 кај Радуша, кој, како, што, зошто.....имало ли битка или немало?..или тоа е табу тема?
колективната меморија достига до некоја древност, меѓутоа....да не забегуваме.....

п.с.
тоа за 12 век, е во контекст на моето поимање за почеток на "ренесансата", мислам дека не е спомнато во контекст на гејлада....можеби тоа е спомнато (не си го препрочитувам напишаното) во контекст на првиот преведен "антички грк",Платон....
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Ај некој од вас ако ја запамтил изреката на Александар Македонски,која ја прочита премиерот за време на говорот нека ја напише овде.

Цел интернет го пребарав и таква изрека не најдов....па затоа и ме чуди од кај ја извлекле...ама битно беше многу моќна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom