Сведоштва за континуитетот - Поменот на антиката во македонската историја

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Македонскиот револуционер Тодор Александров во интервју од 2. ноември 1923 година ја опишал Македонија како земјата на Александар Македонски, на Св. Кирил и Методија и на Св. Климент Охридски.

Александров бил интервјуиран од виенскиот весник „Рајхспост” (Reichspost) неполна година пред да биде убиен по наредба од бугарскиот царски двор, кој пак, континуирано целел да го инфилтрира и преземе ВМРО и да ја сузбие борбата за независна македонска држава.

Во интервјуто, Алексадров јасно ги посочува Македонците како посебен народ и спомнува други малцинства што живеат во Македонија - Турци, Албанци, Грци и останати.

Александров објаснил дека страшните услови, предизвикани од теророт на окупатроските власти во поделена Македонија го убедиле дека македонскиот народ може да се ослободи само со самостојна борба и тоа само преку една силна борбена организација.

- „Уште за време на мојот прв престој во Македонија ми успеа да создадам густа мрежа на организации, во чии редови се врбојуваат не само Македонци туку и други малцинства, како Турци, Албанци, Романци, па дури и Грци. Локални Срби во Македонија воопшто и нема. …

Целиот народ, сите Македонци се мои војници, додека јас сум само првиот од истите во борбата. Тврдењето на Србите дека македонските чети се обучуваат во Бугарија и ги преминуваат границите е само една легенда. Сите ние кои сме родени во земјата на Александар Велики, на Кирил и Методиј и на св. Климент, сме едни по крв и месо.

Нашите стремежи можат да се сумираат во следните зборови: Слобода или смрт! Вистина е кога велам дека не постои никаква моќ на Земјата не може да ја уништи нашата Организација, без притоа да се доведе во опасност да искрвави…”

ИЗВОР: „Рајхспост”, Виена, 2 ноември, 1923 година, стр. 3-4.

1645093348732.png
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.066
Поени од реакции
16.182
интересен сериал на Продукција Аристон..... има повеќе делови
 
Член од
2 август 2022
Мислења
206
Поени од реакции
121
Откриен логор на кралот Персеј

Маја Неделковска

Логор на последниот македонски крал Персеј, кај Асарлак, во близина на велешките села Кочилари и Караслари, неодамна откри екипа на Катедрата за археологија, предводена од археологот Виктор Лилчиќ.

При истражувањата екипата нашла две монети со познатиот симбол молња и со богот Зевс, дваесетина парчиња потковици, нож, клинци, олово, амфора за вино и други предмети. Лилчиќ објаснува дека ова се првични претпоставки за локалитетот Асарлак, а понатаму ќе подготват проект за детално да се истражи местото.

- Интересно е што го имаме местото каде што последниот македонски крал собирал војска за да ги победи Римјаните. Кралството тогаш се наоѓало во тешка ситуација и Персеј барал помош од други водачи. Тој бил овде во февруари-март 168 година пред новата ера, само неколку месеци пред да биде последната битка кај Пидна, кога пропаднало Македонското Кралство - вели Лилчиќ.

Тој објаснува дека, според историските податоци, тогаш на местото Асарлак кралот Персеј подигнал логор. Лилчиќ вели дека Персеј тргнал од Пиерија под Олимп за да се договори со водачот Клондик за да му плати војска, но не се договорил. Бидејќи било студено, кралот бил сместен во ѕидан објект, од кој има остатоци, а останатите војници биле во шатори на рамнината. Имало 22.000 војска, меѓу кои 4.000 биле коњаници.

- Во следните истражувања потребно ни е да најдеме недопрени предмети, нешто што не е раскопувано. Претпоставувам дека ќе најдеме зачувани чаши, пари, злато кое го понел Персеј со себе, како и други вредни материјали, бидејќи, сепак, тој бил крал. Познато е дека со себе носел пари бидејќи морал да ја плати војската што требало да ја договори - вели Лилчиќ, нагласувајќи дека местото би било одлична туристичка дестинација, бидејќи има и добра местоположба, се наоѓа покрај магистрала.

Претходно се мислело дека на тоа место има тумул, односно гробници, па затоа видливи се траги од диви копања. Ова истражување е дел од проектот „Античкото кралство Македонија во Република Македонија“.
Капела од прва светска војна, Долно Караслари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom