Сведоштва за континуитетот - Поменот на антиката во македонската историја

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Легенда за Цар Александар Македонски



Едно време Цар Александар беше дете. Он имаше татко. Татко му беше стар, а цар Александар беше дете малечко. Дојда време персискиот цар донесе којн у Македонија, сакаше да го продаде на цар Александар.




Ко го донесе и му го занесе на татко му на цар Александар за да го купе. Ка му го занесе којнот, којнот бил многу плашлив. Hикој не можел да го jaa. Дојде време цар Александар као 12 годишно дете се качува на којнот и летнува. Сонцето иде за да зада, а он оде спроти сонцето. Majкa му и татко му кога тргна тој кога e jaнa којнот си рекоа дека детто загина. По време на вечерта детто си дода со којнот и му вика на татко му:
- Татко - рече - фај којнот дека овој ке биде мој.
Татко му го послуша. Персискиот цар му го остави којнот и си отиде. Тогин Александар како дете немаше презето цар, татко му одговараше. секојa вечер тој ки легне да спие, се моле да умре татко му, за да презеде тој. И у кратко време татко му умире. Ка умре он беше дете 15-16 годишно. Ка умре презе он да располага со војската. Персискиот цар му прати на цар Александар, му вика: "Цapje, ти честитам сега на теб, оти ти си цар на местото на татко ти и ти располагаш со твојот народ и затоа да станиш да дојдиш да те учам као да станиш цар".
Цар Александар као дете му вика на персискиот цар: "Ти не си вреден мене да ме учиш. Многу си далеку".
Шо прави персискиот цар? Му прака тиникиња од конзерви, клопотарки и му вика: "Со овие можиш да си играш по улицата".
Цар Александар се замисли: "Aјдe, ајде - вика - ќе дојде време jac да ти расправам". Каде дојде у годинте му прака назад. Му вика: "Царе, ти шо ми праќше кутијте и клопотарките за да се занимавам по улицте со децта, jac ќи дојдам со се војскa да те видам теб, а не идам ти да ме учиш, не си поспособен да ме учиш!" И царот си вика: "Да станам у години!" Персискиот цар се насмеja: "Ех, то детто, тоа мисле да ме бие мен. Добро!"
Ко цар Александар дојдe на 20 години фаќа му вика: "Ајде да се спремаш за војна!" Цар Александар му вика. Персискиот цар: "Ех, ех - се Hacмeja - цар Александар ки дојде мен да ме бие!" Фака товара 3, 4 - 5 камили просо, му ги праќа во столицта на цар Александар. Со пратеници (тогајн немаше телифон) со којнтe, со камилите му испрака и му вика: "Еве ти царе Александре вие камилите просо, ако можиш да го изброиш во просто, тогин можиш ти Персија да ja победиш!"
Цар Александар му веле на војскатa:
- Ајде, деца - вика - удрети ги чизмите - вика - удрете ja македонската гајда, едно оро ќи Haпрајмe да пулат пратениците. Едно дробно ситно оро ќе напрајме, ќи сокршме сендуцте и ќи го согазме просото и така - вика - персискиот цар ќи го согазме!
И удрија Македонците една гајда. Фатија едно оро ситно и ги сокршија сандуцте со нозите. Ги изгазиja просто и му велат на пратениците:
- Еве - вика - го видовте просто како го согазивме, не го броjaмe, и така Персија ќи ja согазме! - Цар Александар уште вика -Ajдe, да ти пратам jac нешто од Македонија. Зева од вие чушките ситните едно кило, му вика. - На, ќи му ги дајте на царот ваш, ако може да ги изеде вие чушките, тогин може Македонија да ja повладе.
Фатије пратениците ги зeja чушките и ги зaнecoja во Персија. Ка му ги зaнеcoja на персискиот цар, му викат:
- Велики царе - вика - Македонецот направка едно оро, една гајда свиpeja, го согазија просто и викат дека така ќи не согазат. Туку ни дадоа - веле - вие чушките и ми велат: "Ако можиш да ги изеиш, тогајн цар Александар ќи падне!"
Зеве персискиот цар, каснува една. Не бре, брате, не се јаде никак, не се клава во устата. Се чуде, се уме да зеве друга, ама ништо, така го залути, не се јаде:
- А, не бива ва работа! Цар Александар му jaвувa:
Aјдe - рече - војнa!
И почна војнатa. Оде, оде, оде до река Илини. Дојде на река Илини. Оде cja, ќи влезе во персискиот цар. Ко дојде на река Илини, не можат да минат Македонците. Се чудат, се умат. Цар Александар као Македонец му вика на војскатa:
- Е, деца - рече - вие тука ќи окрепте. Jac ќи одам - вика - при царот да го видам шо му е планот, како работе и шо има. Да му го видам домакинството.
Му викат нејнитe, официрте, командири што му 6eja:
- Как - рече - велики царе, ти ќи одиш тамака. Ќи те фате персискиот цар, ние шо ќи npaјмe?
И вој му веле:
- Не бојтe се вие, jac ќи одам и ќи си дојдам!
И така прегазе преку ректа, преку река Илини и отиде. Отиде во персискиот цар. Отиде во персискиот цар, по патот си направи книга као од цар Александар иде, а он истиот. Ка отиде тамака:
- Добро вечер!
- Добро вечер!
- Велики царе, цар Александар ме прати менека ва писмото да ти го дам - вика - и да ми одговориш. Туку едно ќи ти кажам. устаj го!
И персискиот цар рипнува:
- Как - рече - да гу уставам. Голку илјади војскa ми натепа, толку жени има сираци, море ќи го терам сега, туку на река Илини да минам!
А он цар Александар си слуша, зева мерки. Еден беше од Солун, со цар Александар биле заедно во едно кафене. Му веле:
- Ех, абре, ти како те умее да си цар Александар?
И вој му веле:
- Да, истиот сум - веле - така приличам и за тоа мен цар Александар ме прака на на тешките работи. И во војската коа врвам, сета војскa ми стое, веле: "Цар Александар иде!"
И nepсискиот цар се замисли. Му вика на вој од Солун:
- Слуши ваки, добро е ако е он. Ќе те кладам на десната страна, ами ако не е он, ако не е цар Александар, шо прајмe?
Зеле да се чудат:
- Абре, он е, заедно ние, го знам - вика - он е!
- Иди - рече - питaj го пак. Оде там. Му вика тој:
- Абре, истиот сум - веле - ти кажувам оти истиот сум, на него прилегам. Ви велам затоа цар Александар ме прака мен.
Ајде вие пак застанаа. Дојде да вичерат:
- Ајде, - веле - сум изморен, да вичераме!
- Как ки речиш!
Дојде да вичерат. Му давале златни чеши. Boj цар Александар си ja испи чешта, си ja кладе во цебот. Му вели другарот:
- Е, ej - вика - шо правиш? Колку чеши ќе пиеш, толку златни чеши ако земиш, шо прајш?
- А, аа - веле - как ќи ме знае цар Александар оти колку чеши пи вино. Ќе му речам: "Ja, колку богат бил царот, колку чеши ми даде вино и чеште ми ги остави у цебот да ги земам!"
И царот се усрами, му даде уште една чаша. Тури, цар Александар си ги кладе у другте чеши. Персијскиот цар зе да се чуде. Не може ништо - дојден е. Вика:
- Мислејте, cлaгaјтe - му вика цар Александар - jaзикa да одам да приспијам тро и да ни правиш книга как да му одговорам на цар Александар.
- А, ќи му одговорам сега jac. Ќи ja соберам целата војскa и ќи те терам тебе!
- Добро!
Отидоа, му Haправијa тамака еден кревет. Си легна да спие. Ка легна да спие, шо праве? Клаве едно дрвце на креветот, клал една перничка и оде. На првиот стражар му вика:
- На ова чеша од царот, за как се врнам да си ja зевам! Оде на другата стража:
- На, на теб ваа чеша, ќе се врнам, ќи си ja зевам!
Оде на третата стража и нему му ja даве и таа чеша и станува си го вјaнyвa којнот. Цар Александар си избега. Вие мислат, кројат како да го фатат, а он си отиде сиромавиот.
Дојде времето персијскиот цар му вика на тој од Солун;
- Оди, бре - веле - разбуди го, белки ќи го докачиме на нешто. Оде вој. Ja дека спие. Се враќа назад и му веле:
- Ja го, нека спие!
- Ми, aj нека преспие уште тро. Дошло времето:
- Ајде, бре, оди скорни го, шо сака нека биде!
Ко одат да видат, во креветот нема го. Цар Александар си избегал сиромавиот. Излегват надвор:
- Бре, мина човек тука?
- Мина. Ми даде чеша златна!
Одат на другиот - чеша златна. Одат на третиот - чеша златна. Toj му ги дал и сега он ќи мине ќи си ги зеве чеште. И отамка летат и дошле на ректа Илини. Ко притераа они до реката Илини, пуле војскa. Цар со се војската лете на ваки. Му вика:
- Ej, не ги тепајте колите, jac сум истиот цар Александар, што дојдов да ве вида. Туку згазете се да не умира војската!
Цар Александар ja испулел ректа. Му вика на војската:
- Деца, - вика - на царот сега ќе му ja фатме целата војскa.
- Што? - Му вика војскатa. Рече:
- Ќе ja навртиме река Илини позад нив. Едно ќе секне водта, нијa на суво ќе поминме и Персија ќи ja победиме.
Ех, дошло времето как рекол. Фаќат војскатa копaj, копaj, ja навртеле ректа. Вие на ваки тргнуват и одат и го победуват. Тере, тере, как одел цар Александар го нашол царот легнат, ранет. Персискиот цар го фаќа цар Александар и му вика:
- Кажи, дали мојaтa војскa те рани или твојатa? И он му веле:
- Не од твoјтa - вика - мојтa војскa. Туку ти се молам цар Александре - му вика - скоро да стигнеме на палатот. Ќерка ми Илена да ти дaj столица, да ти биде домаќинка и царството да ти го потпишам!
Цар Александар киниса. Го зетна којнот, го занесоа персијскиот цар без којн. Ко го занесоа, му вика на ќерка му:
- Синку, керко - рече - скоро 3eвaj царските столици, туриј двете само колку да ве видам оти ти си кралица на Александар. Едно - вика - ќе ви кажам - на ќерка му и на зет му. - Да не се гордејте со вашто богатство. Jac бев најпрвиот богат, најголемиот цар, а дојде времето едно дете да ме падне и да ми го земе царството.

Според Никола Андонов (род. 1883) од македонското село Конопиште.
(Танас Вражиновски: Македонски народни преданија, цит. дело, стр. 26-29).
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
"Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!"

- Глигор Прличев во 1885 година во Солун, по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј.
Целото "Слово за св. Кирил и Методиј" одржано во Солун 1885 г. од страна на Глигор Прличев по повод 1000-годишнината од смртта на Методиј.





 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
"[Грчките шовинисти] ја фалсификуваат историјата прогласувајќи го племето на старите Македоно-Илири, заедно со водачите на тоа племе -- Македон, Филип Македонски и Александар Велики, како составен дел од старите Грци."

(В. Ивановски (Бистришки), "Зошто ние Македонците сме одделна нација", Четврт Конгрес на Македонскиот Народен Сојуз во Америка, Детроит 1934, стр. 51)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Сите што сакаат да останат со подзината уста од најновите истражувања на Аристотел Тентов.....кој воедно одржал предавање во "министерството за антиквитети Каиро"....и уште многу пропратни нови откритија погледнете ја емисијата на Миленко Неделковски(Тентов му беше гостин).

Тентов почнува да зборува после 10тата минута од емисијата отприлика.

п.с Да видите како и те како добро египетските историчари знаат за македонскиот континуитет.(y)
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Сите што сакаат да останат со подзината уста од најновите истражувања на Аристотел Тентов.....кој воедно одржал предавање во "министерството за антиквитети Каиро"....и уште многу пропратни нови откритија погледнете ја емисијата на Миленко Неделковски(Тентов му беше гостин).

Тентов почнува да зборува после 10тата минута од емисијата отприлика.

п.с Да видите како и те како добро египетските историчари знаат за македонскиот континуитет.(y)

 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Eve kako makedonskite vodaci go povikuvale narodot na vostanie vo 1902 godina:

"Македонци!

Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македониjа - великиот Александар Македонски; сетете се храбриот Цар Самоил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале, општословенcкa слава - дека во нив текла македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достоjни нивни потомци[...]"

(Рaд македонских комитета," Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2)
Повикот е издаден есента 1902 г. од врховистот Анастас Јанков, роден во село Загоричани егејска Македонија. Бил полковник во бугарската војска и имал лоши односи со македонските револуционери од внатрешната организација, меѓу другото токму и за обидот да се дигне востание во егејскиот дел во 1902 година за што ни народот ни организацијата не биле спремни.



Сепак самиот повик е доста показателен за тоа кои се македонските историски величини во чие име Македонците би се дигнале на востание.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Ќе го видиме во целост или има нешто за криење? Како обично.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Хаха, бугap, пак си дошол на скубење, а?

Не знам само дали воопшто ти остана барем едно пердувче од предходните пати?!

Еве специјално за тебе. После овие пасуси, следува нов пасус којшто гласи вака:

"Македонци, што живеат во странство

Чукна последниот час. Започна крвавата борба со тиранинот. Брзајте во своето родно место и помогнете му на робот кој војува. Сега е времето, кога треба веќе да заборавите секакви лични интереси и караници, да ги оставите вашите мирни професии и да притекнете на помош на својата скапоцена татковина. Ако тоа не го направите и не го слушнете гласот на робот што се бори, срам нека падне на вашите чела."

Нешто ми вели, дека сега посакуваш да не прашаше дали има уште. ;)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
” ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ

Македонскиот востанички комитет озаконува во 1878.

Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земjа Македониja поради причини од еготистички цели од страна на големите сили е оставена повторно на Турциja по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа, доjде во одредени области на нашата татковина до многу крвави сценипознати на секого.

Со желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот jaрем, секоj oд нас, кoj колку може, станавме да се жртвуваме, бидеjќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што се лее по полината и горите македонски ние служиме, како македонската воjска на Александар Македонски, за слобода со нашата девиза" 'Слобода или смрт!'....."


(извор: од приватната библиотека на Кирил, патриjaрх Бугарски. Заведено под сиг. Арх. Од дело 2341, AE 50, l.l. 30-61. Резиденциja нa манасторот во Драгалевци (Софиja) Бугариja).
За време на востаничките, револуционерни вриежи, во Македонија и во емиграцијата се пеела песна во која Европа се опева како “блудница Вавилонска“ а востаниците Македонци како “на Александра славни потомци“.

Песната е во различни верзии, а во источната соседна земја е запишана со преосмислен текст, за што имаме сведоштво:

(Николај Кауфман, “Б'лгарски градски песни“, Софија, 1968, стр. 201 и 210)



.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.739
Поени од реакции
1.137
"...jужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, и кои беа во Тракиjа уште пред Христа. Од север ги граничи шар Планина, од исток Родопите, од jуг Белото Море и Тесалиjа, од Запад Епир и Jужна Албаниjа. ..."

(Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе, Београд, 1872, стр. 35)


.
Значи по овој документ од 1872 можеме да заклучиме дека антички или словени не постојат тоа се едни исти Македонци што низ вековите си го пренесувале фолклорот , носијата ,традициите , обичаите и дека потполно нема разлика каде и да се наоѓале во етничка Македонија. Секоја чест за соседиве ако не беа тие немаше светот да дознае колку е вредна нашата Македонија :)
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Значи по овој документ од 1872 можеме да заклучиме дека антички или словени не постојат тоа се едни исти Македонци што низ вековите си го пренесувале фолклорот , носијата ,традициите , обичаите и дека потполно нема разлика каде и да се наоѓале во етничка Македонија. Секоја чест за соседиве ако не беа тие немаше светот да дознае колку е вредна нашата Македонија :)
Античките Македонци не биле Грци!

http://www.scribd.com/doc/55478658/Александар-ДОНСКИ-АНТИЧКИТЕ-МАКЕДОНЦИ-НЕ-БИЛЕ-ГРЦИ
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Императорот Анастасиј Први со словенско потекло



Неговиот спомен сеуште живее во модерните македонски банкноти:


Folis, copper, Anastasie I (491-518)

The mоnetary reform in 498 made by Emperor Anastasie was to eliminate the inflation and monetary chaos in the eastern part of the Roman Empire. The uncontrolled minting of copper coins was replaced by introducing a new weight of copper folis of 9,10 grams, which is 72-nd equal part of the copper pound. The folis with M had a value of 50 numies, with a K - a value of 20 numies and with an I a value 10 numies.Decorative stucco ark from the south wall of the church of St.Panteleimon in Gorno Nerezi, Skopje. This is the frame for the fresco od St.Panteleimon, the patron of the church which was built in 1164 and contains magnificent frescoes. St. Panteleimon was a doctor, always presented with a scalpel and bottle of medicine in his hand, a protector of doctors and health.

 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Овој Атанасиус бил од татко Славко и мајка Славејка.
А може и не бил.

http://books.google.com/books?id=ep6U-meRt00C&pg=PA89#v=onepage&q&f=false

Бил роден во:
http://sq.wikipedia.org/wiki/Durrësi

Важно бил до вода.
Сега?
А да, оние од Durrësi немаат поморска етимологија.

И сега?
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 04:33 ---
p.s...
vidi vo POLSKA may evidence genetic discontinuity between medieval and Iron-Ages.
i sega?
nema slavsi, nema slavski car...
p.s.
toa vo polska, namesto tie da dojdan navamu, mongoli im vlegle doma...i si sedele so niv...nikoj ne se preselil...
 
E

emission

Гостин
Предание од Македонија, запишано од Кузман Шапкарев 1891 година.




Без разлика како ги нарекувале зборниците, дали поради местото на издавање или поради други причини , во преданијата на Македонците секогаш е присутен Александар Македонски. Овде е запишано верувањето дека тој ја измислил војната.


Да го додадам и ова запишано од Миладинови, 1861 година иако мислам дека некаде го имав постирано но не можев да го најдам.

 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Хаха, бугap, пак си дошол на скубење, а?

Не знам само дали воопшто ти остана барем едно пердувче од предходните пати?!

Еве специјално за тебе. После овие пасуси, следува нов пасус којшто гласи вака:

"Македонци, што живеат во странство

Чукна последниот час. Започна крвавата борба со тиранинот. Брзајте во своето родно место и помогнете му на робот кој војува. Сега е времето, кога треба веќе да заборавите секакви лични интереси и караници, да ги оставите вашите мирни професии и да притекнете на помош на својата скапоцена татковина. Ако тоа не го направите и не го слушнете гласот на робот што се бори, срам нека падне на вашите чела."

Нешто ми вели, дека сега посакуваш да не прашаше дали има уште. ;)
Сам си го најдов.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom