Свадба - да или не?

Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Ako se prasam jas ne bi pravela svadba tolku mi e bezveze toa adeti toa precekuvanja,gosti toa igranje,svirki leleeeeeee :nesvest: ne mozam da go izdrzam toa garant poveke sum za miren cin na primer davanje zbor najprvo pa potoa idenje u maticno i edna prekrasna vecera so najbliskite kolku da se nazdravi i odbelezi :back:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
А ако само си замислите што тоа би значело за вашите родители и дедовци, баби...честопати старите велат -да дочекам да ти заиграм на свадба па после не е битно и да... што покажува колку е значајно сето тоа за другите генерации.
Инаку за коктел или седенка, вечера...може да се направи било кога, но дали ќе се запамети, дали ќе се израдуваат другите блиски...

нема никаква врска со другите земји
едноставна причина, џабе малтретирање толку подготовки и трчаници речиси еден месец или нз колку, за еден ден, кога на крај бракот во денешно време се разведува во 90 % од случаевите и плаќаш судски трошоци :pos2: (се шалам) и не значи дека ако свадбата ја праам со сите обичаи т.е е традиционална ке имам среќен брак до крајот на животот...
Дајбоже да имаш и најсреќен брак. Но за одржување и среќа свадбата не е гарант исто како и коктелот или патот на Малдиви кои би ја замениле свадбата. Се знае, вие двајца сте најбитни за бракот, а се друго е споредно.
Има подготовки, спремање и тоа како, навистина е дури и напорно. Но како традиција е вредно, обновување на стари обичаи, музика, фолклор...инаку од сите настани јас имам запаметено до ден денешен само неколку меѓу кои свадбата и раѓањето на моите деца.

А за другите народи, тоа го споменав само во контекст дека во другите држави си држат до обичаите и фолклорот во голема мера. Е сега кој колку има од тие обичаи. Ние имаме навистина многу и на младите генерации им делува пренападно и кичерски, застарено, назадно можеби, но...
да не филозофирам, еднаш само човек може да си заигра на своја свадба, нешто кое дефинитивно се памети за век. Но се е до личен став кој пак со текот на годините и се менува :wink:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Значи сум на свадба кај мој прв брачет и ме ставиле бајрактар. Дали некој знае што точно треба јас да правам. Знам дека треба да играм прв на оро кај невестата ама друго?
 

Misha

шмизлеТО
Член од
28 март 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
свадба НЕ :ija: ако некои склучиле брак, кој к-р ќе викат 400-600 гости на свадба?!?! за тие пари фино лепо ќе си одат на одмор некаде, ќе си ужифкаат еден со друг.а свадби такви ѓаванции, па бабата треба да го баце зетот, дедото да ја бричи невестата :pov:
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Свадба е кога роднините ќе си речат меѓу себе, ај па да се гледаме само за вакви убави работи. Демек неможат некој обичен петок да се видат и мораат свадба или некои "вакви убави работи" да чекаат.

Да се ја питам би напраил свадба само у круг на најблиски роднини пошо само они би се радувале вистински на мојата и среќата на мојата сопруга/жена/девојка/невеста.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Свадба е кога роднините ќе си речат меѓу себе, ај па да се гледаме само за вакви убави работи. Демек неможат некој обичен петок да се видат и мораат свадба или некои "вакви убави работи" да чекаат.

Да се ја питам би напраил свадба само у круг на најблиски роднини пошо само они би се радувале вистински на мојата и среќата на мојата сопруга/жена/девојка/невеста.

Ти не знаеш колку се радувам вистински коа ке сфатам дека гага ке пијам на некоја свадба...Тој факт го заборави.
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Ти не знаеш колку се радувам вистински коа ке сфатам дека гага ке пијам на некоја свадба...Тој факт го заборави.
Мислев на радување на среќата на младоженците.

А иначе гага у неограничени количини за некои луѓе не е(читај за мене). Ќе се начукаат и ќе се десат некои немили настани како повраќање, промашување веце школка, драпање певаљки, тепачки со музичарите зашто нејќеле да ја свират лепша од ночи, неупалување на онаа малска ономатопеја чкс чкс по женски па се до запејување на микрофон.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Свадба е кога роднините ќе си речат меѓу себе, ај па да се гледаме само за вакви убави работи. Демек неможат некој обичен петок да се видат и мораат свадба или некои "вакви убави работи" да чекаат.

Да се ја питам би напраил свадба само у круг на најблиски роднини пошо само они би се радувале вистински на мојата и среќата на мојата сопруга/жена/девојка/невеста.
Eeeeee колку се согласувам со тебе:)
Потполно си во право.Мајка ми ми има кажувано дека на нејзината свадба дошле поканети гости кои ги видела само тогаш.
Ц ц ц,свадбата е само за блискиот круг на роднини и пријатели мислам нема потреба од канење на 150-200 души и само тогаш ке ги видеш.
Трошок:toe:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
еве сеа и русите по примерот на американциве- со фотоапаративе за свадба
На сите гости им се дава по еден ваков - за да може секој што сака да слика ии истите на крајот им се враќаат на младоженците
цената е смешна од$1.49


http://www.thegiftmallonline.com/
 

Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
42
Свадба, да!
Ама онаква, со стил, америчка. Сигурно помисливте на свадба од бајките.!! Не, не не таква.
Сакав да кажам дека не ги сакам овие нашиве, македонски обичаии, со шлапање, па за девојката пари даваат, божем таа е крава, па ја продаваат. Па оние песништана, одвратни ми се. Па шлапање, бакнување со роднини. Ма бљак!
Јас сакам свадба со стил, фустан класичен, локација: на отворено, музика: некои класици, и мојот омилен бенд, чоколадна фонтана, тоа би било тоа, без ора!! Тоа најважно, сакам интимна свадба, со само блиски личности. Многу пати за ова ми пререкувале моите дома, кога разговараме за слични работи.
Па што..А и знам дека не треба да се надевам за ваква свадба, нема да биде подржана од никој. :pos2:
А и знам дека е само ‘‘фантазија‘‘.
Бреееј! Зарем целиот овој пост го напишав јас!!?! Ма не не, рано ми е мене за свадби!! Скраја да е. :pos2::pos2:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Поано бев против сега сум за, само не огромна со милион гости туку поблиските. Убаво е да се овековечи таков момент и онака еднаш се прави.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Во ниеден случaј клaсична балканска свадба од 300 -400 гости од кои пола не ги ни знам, а 50 сум ги видел само на нивната свадба... Нема смисла да се троши огромна сума пари за да се `отсрамиме пред народот`, `да му затвориме устата на народот`, `он ме викна и јас ќе го викнам` и слично. Свадбиве личат на се само на ден за младенците НЕ. Се канат луѓе само за да не се слушаат муабети на страна, се трошат пари на скапи работи за да не може народот да збори дека свекорот е циција и бла бла.

На свадба само најблиските, пријатели, родителите, браќа/сестри и евентуално први братучеди. Во ресторан каде ќе платиш повеќе но ќе си поминеш подобро и далеку од српска музика. Останатата пара што е планирана за чалам пред народот може да се искористи за убаво свадбено патување :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.768
Поени од реакции
9.888
Убедливо најглупи обичаи имаме ние и за свадби и за погреби...Балканците општо
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.404
Поени од реакции
2.510
Свадба???Даааааа
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Полска нова мода - свадби без алкохол- на кои гостите ќе се забавуваат само со овошни сокови , лимонади, газирани и минирелна вода без иједна капка алкохол :nesvest:
http://www.wprost.pl/ar/204245/Wesela-bez-alkoholu/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom