OmarSpears
Stelar
- Член од
- 11 декември 2009
- Мислења
- 1.406
- Поени од реакции
- 3.310
Јас сум против. Не ми се свиѓа да имам свадба со народна музика, ора, чочеци, пијандури кои се качуваат на тапани, лепење пари на потни чела - НЕ!! Е сега кога дел од свадбата е финансирана од старешините во фамилијата, многу нормално дека мора да има народна музика, оти ако им пуштиш нешто модерно ќе испозаспијат по маси. И гостите - е тоа е прича за собом. Канат гости кои зетов или невестава ги виделе едвај 3 пати во својот живот, некои 2ри братучеди за кои и не се ни знаеле дека постојат. Еден мој братучед (не знаев дека сме роднини) правеше модерна свадба во кафич со шведски стол, ни тој во зет, ни таа во невеста облечени, модерна музика. Беа со мене и мајка ми и татко ми ја преседаа цела свадба..