Има една народна која често ја спомнуваме низ смеа.."Умот ти е ко срча, неЗнајш кога че пукни".
Скрос е точна.
Кој не го искусил тоа "пукање", никогаш нема да знае што е тоа (да чува Господ).
Нема ни реченици..ни зборови..па ни доволно букви да го опишат пеколот што може да се случи во психата.
Физичката болка спрема тоа е прошетка низ парк.
Некогаш изборот ти се сведува на ужасен крај или ужас без крај.
Дали има излез? (Сакам да) Верувам дека има.
Но се си има своја цена, и без лузни нема да помине.
Во најголем дел од случаите на самоубиство најверојатно се работи за такво ,,пукање,, односно тежок ментален проблем, независно коа била причината која го предизвикала тој ментален проблем или се јавил и без некоја видлива причина.
Но има и случаи кога самоубиството е резултат и на здраворазумско расудување, на пример кога некој тешко болен кој знае дека му остануваат месец или два живот ( во тој случај дискутабилен е и називот живот) кои ке треба да ги помине во тешки болки и агонија, ке реши да си ги скрати маките, и своите и на семејството. Или кога се самоубивале комитите кои ке се нашле во безизлезна ситуација и здраворазумски резонирале дека е подобро да се самоубијат отколку да паднат живи во рацете на непријателот во кој случај секако пак ке биле убиени но би биле подложени на тешки мачења...
Но овдека муабетот е за случаите во кои нема здраворазумско резонирање туку се работи баш за тоа ,,ментално пукање,,. Веројатно и секој човек има праг на ,,пукање,, но кај некои е премногу низок тој праг така што причините за самоубиство често се и многу банални. Кај некој причината за пукање може да биде на пример со автомобил си го согазил сопстевното дете или се десило некое слично срање, додека кај некој кај кого прагот на пукање е премногу низок причината за пукање може да биде и доста банална како на пример и се скарал дечкото, го изневерила девојката, го избркале од работа, загубил на комар, имал голем кредит, несогласување со родителите, наводна сиромаштија, немал телефон како сите други деца..... Кога ке пукне човек на кој прагот му е многу висок, тешко е да му се помогне, најчесто помошта за таквите случаи е хемија која ги претвора во зомби, секој обид за прекинување со хемијата резултира со наклонетост кон самоубиство или друго срање. Додека оние кој кои прагот на пукање е доста низок сметам дека на таквите е и многу полесно да им се помогне, дури и без хемија и доктори, едноставно со човечка подршка, но најчесто таквите ги немаме во вид и не очекуваме да пукнат бидејќи сите судиме според нашиот праг, резонираме ,, ме боли стапот оти ме избркале од работа така да нема потреба да се превзема и нешто посебно внимание да се посвети на другарот кој исто така го избркале од работа и него го боли стапот, ке си најде друга работа,,... ама тој пукнал како срча и го нашле обесен...