Тешко е кога немаш никој да ти даде поддршка тогаш кога ти е потребно Тешко е кога немаш апсолутно ништо вредно за да ти даде сила да се продолжи безвредниот живот.
Тешко е и безвредно да живееш живот без љубов кога знаеш дека си безвреден за било која.
Тешко е и безвредно да живееш без пријатели.
Тешко и безвредно е да живееш живот во кој немаш со кого да испиеш едно кафе или да излезиш на журка.
Тешка е самотијата и неподнослива.
Тешко е кога во животот ти се нема случено ништо убаво.
Тешко е и безвредно кога гледаш дека животот си тече си поминува крај тебе а ти си во ќорсокак.
Тешко е кога другите си го живеат животот а ти си една бледа сенка.
Тешко е кога ти навираат спомените од минатото кое беше така црно.
Најтешко е кога гледаш дека и иднината е исто мрачна.
Мизерно е да се живее таков живот во кој на никого не му си потребен и не му значиш барем малку, и кога знаеш дека со твојата смрт нема да повредиш никого бидејќи на никого не му е гајле за тебе кога е се веќе така црно а душата боли самоубиството е единствениот лек за таа болка наречена безвреден живот во кој си жив само во матична книга на родени и никаде на друго место. Нешто по кое се ќе заврши
Тешко е... животот е непредвидлив, исто како и мислите.
А тие, МИСЛИТЕ, сами надоаѓаат, не можеш да ги контролираш.
И бев до КРАЈОТ, и сѐ ми беше сеедно.
Дел од секунда, може и пократко трае ТАА МИСЛА.
Но, голем ГРЕВ е да кренеш рака на себе.
...
Моментумот ти се чини како вечност, ама ќе помине.
До сега никој не ми одговори, колку долго трае вечноста.
Дали знаеш ти можеби???