Девојка која иако наполни 21 година, се уште сака да биде дете, за да барем повремено не ги осеќа работите кои ги осеќа жена на 40 години.Девојка која скоро секогаш го следи срцето, а поретко разумот.И иако срцето знае да ја измами со лажна надеж за да и донесе разочарувања, таа се уште му верува притоа противејќи му се на разумот.Меѓутоа, кога ќе каже доста, тоа навистина значи доста.Кога сакала или нејкела ќе дојде до точката на претеризам, посекако мора разумот да го слуша, затоа што од срцето најчесто искачаат болка и тага, барем така таа заклучува.
Од детството па до сега, претрпено има тешки работи кои сепак ги чува само за себе.
Ги чува за себе и ги крие дури и од оние кои и се најблиски.Или не сака да ги сподели затоа што во секого има мала доза на недоверба, или затоа што се плаши дека истите тие ќе бидат злоупотребени.
Главни но и понекогаш дефинитивно залудни карактеристики и се упорноста и амбициозноста.
Затоа што иако е упорна, и толку амбициозна што од време на време мисли дека небото и е граница, сепак нешто сосема трето ќе ја удри по глава и ќе ја приземји, за да седне и да размислува зашто не успеала во намерата.
Тешко прифаќа критики и има необичен начин на прифаќање комплименти.Критиките тешко ја гаѓаат во срце(нормално покрај се останато што си придава на истото), особено ако знае дека има доза на вистина во нив но не презела ништо околу тоа.
Иако таа потешко или воопшто не се отвара на другите, сепак другите и се отвараат на неа за најразлични проблеми и ситуации.Ги ислушува, но не секогаш до крај, затоа што претпоставува во која насока понатаму ќе се движат тие разговори, па затоа го прекинува зборувачот и преминува на решавање на проблемот.Нормално, иако таа не ги слуша советите од другите, другите мораат да ја слушааат неа.Тоа понекогаш ја иритира и самата неа, но што е тоа е.
Доколку пак таа реши да се отвори на некого, тоа нема да биде од прва, ниту од втора, ниту пак од трета.Ќе дозволи трпеливо да помине одредено време, за најпрво да сфати со кого си има работа и дали може да има доверба во таа особа.Е, кога ќе ја стекне таа доверба, таа се отвора, но не стапка по стапка, туку целосно.Иако постои мала доза на страв затоа што тие нејзини вистини скриени можат да бидат искористени или свртени против неа, таа сепак го прифаќа тој предизвик.
Вообичаено не прифаќа предизвици, барем не секакви.Сака да се држи до стандардното, како што си е.Но, ако смета дека тој предизвик би влијаел на неа и е за нејзино добро, после добро размислување го прифаќа и тера додека не и стивнат сите сили.Нормално, никогаш предизвикот не е лесен, и не секогаш го освојуваме, меѓутоа девојкава полека полека, мислам дека почнува да се учи да станува после паѓање.
Мана и е, како што кажав погоре, што се си става на срце, буквално секоја ситница.Таа може да плаче и да вриска по дома, но надвор кога ќе искочи е секогаш насмеана и подготвена на секого да помогне, без разлика што таа си има и свои проблеми.Мана и е, што згора на тоа што се си става на срце, тие работи ги чува во себе.Чува додека еден ден не експлодира, и потоа го истресува сето тоа на оној кој прв ќе и пријде.Тоа поправање е во процес, надежно дека исходот ќе биде позитивен =]
Инатот порано беше многу карактеристичен за неа, гордоста и егото ретко ги меша во пријателства и љубов.Затоа што според неа, иако не го покажува тоа, таа цени и почитува, ја цени секоја ситница што е направена за неа.Нормално, инатот никогаш нема да успее да го искорени од себе сосема, но сега барем знае кога и како да го употребува.
Кога спомнав љубов, девојкава љуби за да живее.Не дека другите работи не и се важни, но љубовта има големо значење за неа.Кога таа е вљубена, го дава максимумот од себе иако со тоа се изложува да биде повредена и оставена.Се бори до самиот крај за љубовта и жртвува многу работи.Понекогаш намерно или ненамерно нешто ќе згреши, но кажува извини кога тоа е потребно и се кае за истото иако ниту тоа не го покажува.На моменти оди и над границите на лошото однесување, љубоморна е, губи самоконтрола, несвесно дава грди коментари и критики (за кои потоа сфаќа дека биле непотребни и повредуваат) што и се многу големи грешки, но сепак, така се надградува карактерот, со сфаќањето на грешките и поправање на истите.Да, најмногу учи од грешките кои премногу ја повредиле.
Е тогаш на Мартина повторно ќе и проработи мозокот и ќе почне да се гледа од една сосема друга страна.И потоа по долго размислување и разгледување на секоја ситуација во која имало нешто од таквото понашање, укапирува дека стварно тоа не е во ред и почнува да си посветува повеќе време на себеси и на промената која сака да ја постигне.Што е најбитно, истрајна е во тоа.
Се јаде во себе кога таа промена другите не ја забележуваат и мислат дека е само една фаза која ќе пројде.Затоа, таа ќе почне да се докажува, прво на самата себе, а потоа и пред другите.А кога промената конечно ќе стане видлива и позитивните коментари ќе пролетаат, се чуствува горда сама на себе, на постигнатото.
Си стои на зборот, може да се спријатели со секого и да се вметне во било каков муабет, но веднаш откако ќе направи проценка дека тој или таа ќе има негативно влијание врз неа се повлекува.
Претпазлива, стравува од неуспех на секое поле, подготвена за промени и вметнување на нови работи во нејзиниот живот, па макар и да станува премин од макијато на еспресо=]