Темава треба да послужи за отварање душа према себе? Нека биде така.
Кога би требал сам да се анализирам како пред психолог, тогаш ќе треба да се истурам од давање пари. Причината е што од прв пат нема да може никој а уште помалце јас да се објаснам кој сум, каков сум, што сакам и сл.
Најпрво, имам променливо расположение и однос кон луѓето во зависност кој колку ми згазил на нервите.
Сум прилагодлива личност. Можам да се вклопам во било која ситуација од најразлични причини, било кога станува збор за мој план, за мој интерес или пак за интерес на некој близок.
Буквално во друштво на хоштаплери можам да се однесувам како нив, кога сум со некои нафурани на маса е тогаш ми се најинтересни. Се правам мутав, ги слушам до кај им иде паметот, а тие мислат дека им верувам. Кога треба да се збори за некоја тема, да не речам филозофска во одбрано интелигентно друштво, се трансформирам како член на Советот на старци во Атина.
Особено сакам со некого да дискутирам на било која тема се со цел со капциозни прашања, без да бидам приметен, да го анализирам и оценам каков човек е за пола саат.
Мене не ми чини од карактерот што скоро се ставам на срце, било добро или лошо (нормално повеќе лошо).
Ако гледам дека нешто потсвесно сум згрешил кон некој кој ми е драг, или несакајќи сум ја оплескал ситуацијата, јанза ќе ме јаде 4-5 дена.
Е тогаш Сашо нема да јаде, нема да може да спие навечер, сафра ќе го фаќа да седи дома, нема да збори со луѓе, ќе пуши по 2 кутии цигари дневно, ќе му иде да го фрли мониторот од 5-ти спрат итн.
Во друга ситуација кога сите овци, коњи и друга стока ми е на број можам да се чувствувам како цар. Тогаш ги сакам сите, по жив сум, осеќам дека имам пулс после подолго време. Интересно е што учам од успесите а не од грешките, кои се трудам да избегнувам да ги правам се со цел да не ми се случува истото од претходниот пасус.