Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Секогаш сум реална кога се опишувам себе си. Повеќе сум реална кога се опишувам и анализирам во себе - нормално, но не оставам многу преќутени работи и пред другите. Знам да си ги кажам и признаам и добрите и лошите страни во мене. А и зошто да не, кога и мојата најлоша страна е посветла од најлесниот престап со кој се оди во затвор на пример.
Значи, која сум јас? Човек сум пред се`, во вистинска смисла на зборот. Тоа без грижа на совест можам да го потврдам затоа што доволно добро се познавам и знам дека и во најтешки ситуации и со најлошите луѓе јас се однесувам човечки. Штом тогаш и со нив не се преобразувам во некој непознат, деструктивен и злобен лик, верувам дека можам да се наречам така.
Е сега, овој човек е многу добар. На моменти по потреба доста строг, но секогаш добар. Сака секогаш и секаде да помага, колку што може и умее, дури и ако не е повикан да го направи тоа.
Не лаже, но по потреба може да сокрие или преќути нешто, што во никој случај не би повредило никого.
Сочувствителен е дури и повеќе од што треба. Знае да се трогне и расплаче на туѓа несреќа, а знае и да бликне од радост и повторно да се расплаче на туѓа среќа.
Чувствителен исто така. Често мисли дека нема посентиментален човек на светов од него.
Семејството му е крајно најголем приоритет во животот и го сака најмногу и безусловно. Ако некогаш би бил лош, веројатно тоа би се десило доколку треба да убие некого за нив. Или би одел на операција од која смртно се плаши, само ако треба да им даде некој орган на некој од нив, скраја да е.
Знае и може да простува и да ги разбира дури и најголемите непријатели.Толерантен е и повеќе од што треба. Може да се гази мнооогу долго пред да му стане јасно дека треба да го прекине тоа.
Не е одмаздољубив, до некоја граница, а таа границата е кога конечно сфаќа дека според сите земски закони и чувства е доста. После таа граница, знае и може да го чека вистинскиот момент да му се насмевне во лице на тој што му згрешил. И тоа го смета за одмазда и доволно му е. Но и кога се насмевнува, ретко е така затоа што сам посегнал нешто да врати. Најчесто остава се` на кармата, а таа често добро се покажува.
Никогаш и никому со намера не му прави или мисли лошо. Посебно не на тие кои не го повредиле.
Сака животни. Премногу сака животни и им помага на сите на кои може.
Музиката му е најдобар другар. Скоро никој не може да му влијае така како што може музиката.
Кога сме кај другарите... ги има малку, но ги сака со љубов голема колку за цел свет. И тие му се на скоро исто ниво со семејството. А и не би требало да има разлика, освен различната крв во вените.
Авантурист в крај. Иако води прилично монотон живот, секоја прилика за будалаштини ја искористува. И да знае однапред дека не чинат некои работи, ги прави затоа што потоа ќе има време да се кае или оправдува ако треба.
Не се фали и кога има потреба од тоа. Всадена култура која на моменти е и смешна.
Верува во љубовта и кога нема причини за тоа. Колку и да е безнадежно се`, секогаш верува дека некогаш ќе најде друг човек достоен за љубовта што може да ја даде.
Ајде малку за лошата страна...
Слабо верува во луѓето и секогаш со сите има резерва. Но, тие кои ќе ја здобијат неговата доверба, од него може да имаат и добијат се`! Ако истата се изгуби, не ја враќа целосно никогаш.
Не прифаќа совети, дури и кога ги бара. Нарцисоидно верува во себе и го прави тоа што мисли дека треба, макар и да не е сигурен дека така е исправно. И ако згреши, сака сам да го искуси тоа.
Туѓите интереси и потреби, често ги става на листа пред своите. Поради тоа страда често, но би страдал повеќе ако би реагирал поинаку, па ко ќе видиш...
Тврдоглав до немајкаде. Голем инает. Често наивен. Срамежлив и неснаодлив (освен кога мора). Има преголеми граници за се`, но над нив - пренервозен урлач со гнасен речник. Голем мрза најчесто. Перфекционист. Многу малку луѓе има околу себе... тешко прифаќа секој-некој. Излажи го или изневери го, но гледај да не дознае.
Уф, ќе да е доста.
Постов испадна цел во машки род, но нели човек сум и ретко истакнувам или делам машки и женски особини. Тука таква потреба немаше.