RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Чале ( за кој мајка ми ќе рече дека сум карактерно плукната) одамна ме научи дека еден живот е премал за човек да разбере зошто е на земјата. А про по тоа, не можам да се самоанализрам премногу квалитетно како човек. Уште не научив доволно за себе. Јас имам само спомени и туѓата перцепција за мене. Има неколку приказни преку татко ми се обидел да ме научи нешто, а една од нив е оваа: Го прашале некој 100 годишен човек, за толку време на земјата што научил и тој им рекол дека тоа време е прекратко за да одговори. Како растев, се повеќе ми се потврдува таа негова приказна, животот е колку да пукнеш со прсти, оп уште некој месец и ќе наполнам 25 години.
Се обидувам да се сетам на детски спомени и неколку ми надоаѓаат на ум. Првата е кога имав три години, во куќата во село трчам нагоре на втор спрат и треснувам на скали па почнувам да плачам, мајка ми испоплашена вика по мене (карактеристика која не ја изгуби до ден денес, да вика кога ја фаќа паника), а пред мене стои дедо ми кој пак нејзе ја прекорува да не ми вика. Облечен е во темносин работнички капут. На ликот не можам да му се сетам. Го знам само од слики. Друг спомен од него ми е кога се убив од плачење додека колеа некое теле во двор во село. Го натера татко ми да ме тргне од прозор зашто не можеше да ме гледа како плачам. Само на тоа се сеќавам од него. Почина кога имав три или четири години во несреќа. Тој е единствениот човек кој никогаш не го запознав, а кој мислам дека го знам цел живот и кој ми недостига. Според описот и приказните за него, мајка ми греши. Повеќе наликувам на нејзиниот свекор отколку на татко ми.
Другиот дедо пак ме научи се што знам. Ниту еден ден не поминав во градинка или забавиште. Ме исчуваа родителите на мајка ми. Дедо ми ми ја разви љубовта кон книгите. Првата тетратка, молив и гума ми ги има купено тој. Ми текнува гумата беше розева и мирисаше убаво. Ме научи да пишувам, читам, собирам и затоа во прво одделение ми беше смртно здодевно. Затоа и мојот наставник влегуваше во конфиликт со мене, зашто цртање полжави и кругови ми беше малтене глупа работа. Тој ме научи да играм и шах. Инаку човекот е со вечерно, и на свои 72 години уште работи. Не можам да го замислам да седне. Да е здрав и жив уште сто години и да работи до крај оти гледам дека тоа го исполнува. Баба ми ги прави најубавите кришки на светот. Ми текнува како деца со брат ми се будевме со тој мирис кога седевме таму. Исто така секогаш ама баш секогаш една гугутка ( јас мислев дека е една те иста ко дете ..
) ме будеше. И до ден денес кога ќе чујам гугутка ме потсетува на утрата кај баба ми и дедо ми.
Моето детство го поминав рака под рака со брат ми. Де во конфликт, де за рака. Од првиот до последниот ден, тој ми е мојата слаба точка.
Никогаш не ми била тешка социјализацијата, макар што многу често ми се случувало да имам страшна аверзија кон одреден тип на луѓе чија карма ја осеќам од далеку и кои прават да се чувствувам непријатно, а тоа ме прави да молчам. Отсекогаш сум ги сакала добрите души. И најпростиот човек на овој свет ќе добие се од мене, ако ја осетам таа добра жичка. За добрите луѓе не ставам цена, макар ги сретнала еднаш во својот живот. Страшно ми влијаат на психа туѓите животни приказни. Ми се случува толку да ме погодат, да со денови мислам како да решам туѓ проблем. Секако никогаш не сум го решила, ама нејсе. Исто така истиот тој човек нема никогаш да дознае дека имам непроспиени ноќи ради него. Не гледам додуша ни потреба тоа да му го кажам. Таква ми е ќудта.
Ретко зборувам за себе, за минато, за соништа. Некако премнгоу ми се свои тие работи за да ги делам. Не сакам фалбаџии и егоисти. Човек кој пет пати во пет реченици вика ЈАС нема почитување кај мене макар бил Алберт Ајнштајн. Сметам дека делата зборуваат за луѓето не тие самите за себе. Се друго е вишок.
Страшно сум горделива. Мразам сарказам со лоша намера, циници и луѓе кои се исмеваат од било која причина. Не умеам да исмевам човек. Да ме праша за најпростата работана светот секогаш се поставувам како да ме прашале најтешката. Така и им одговарам. Едноставно не ја разбирам туѓата потреба да се прават паметњаковичи. Ако те прашал некој нешто, цени што се дрзнал да ти се обрати за помош. Ако не сакаш да помагаш, барем не одмагај. Не сакам луѓе кои зборуваат за својата интима, домашни проблеми, кои ги озборуваат пријателите, дечкото, девојката, не сакам прељубници, безобразни и невоспитани луѓе. Не сакам остра реторика и секогаш се обидувам да имам коректен однос кон сите. Многу ретко ми се случило да се развикам или да излезам од кожа. Два три пати во мојава кариера. Не плачам. Не знам зошто едноставно не можам. Порано додуша потежок карактер бев, сега малку омекнав.
Како минува времето гледам дека музиката ми стана еден вид религија. Тоа си е посебен свет за мене, кој никогаш нема да го опишам. Исто како кога гледам добар филм.
Не можам да се пожалам дека не ме љубеле, но можам да најдам замерка дека тоа никогаш не биле луѓе со кои сум имала нешто заедничко. И тоа ме прогонувале интензивно. Секогаш во ранг од три до четири години. Никогаш не видов што гледаат во мене за толку долго време да ми се додворуваат. Никогаш сум немала ништо со таквите. Мислам оти за нивно добро подобро што било така. Оти човекот за мене не е вреќа која можам да ја шутирам. Ако осетам дека нема никакви емоции кај мене, не давам лажна надеж. Тука доаѓа она моето, до 12 сум рационалист од 12 натака емотивец. Рациото ме победува ама буквално секој пат. И фала богу што е така.
Некогаш бев поприлично амбициозна, после тоа сфатив дека чале има право. Човекот работи колку да има што да прави со себе од кога ќе стане додека да си легне. Титулите на работните места ги лепат самите луѓе, а и онака сите сме прав и пепел. Ама си викам на себе доста често, да се родев на малку поинакво место досега ќе бев многу понапред.
Си ги сакам пријателите. Они се истовремено толку исти, а толку различни од мене. Ме исполнуваат таму кај што немам, јас пак давам кај што немаат тие. Тоа се така фини односи кои по дефиницја не може да ги фатиш. Битно поврзаноста со нив три, нема никогаш да згасне. Пријатели какви што ова време ретко познава.
Мојот сон е да си бидам раат. Да не ме боли глава за пари, болест, осаменост, да не ми патат драги луѓе. Не ми треба многу. Едно човече кое личи на Гилмор, а има боемска душа ко на Џибони или Шербеџија, дом кој ќе го создадам заедно со него, и дечки кои ќе бидат подобри од мене во секоја смисла.
На стари години ќе пишувам книги осеќам....