Самит на НАТО; Чикаго - мај 2012; (општа дискусија)

Ќе биде ли Македонија ставена на дневен ред на овој самит?

  • Да

    Гласови: 25 20,5%
  • Не

    Гласови: 97 79,5%

  • Вкупно гласачи
    122

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.343
leandra
Пошто одлуката за членство во ЕУ и НАТО се базираат на концензус, тогаш условите за влез во овие алијанси се всушност услови на секоја земја членка посебно. Декларативните услови се некои општи услови кои мора да признаеме дека можат да се прескокнат и да се замижи пред нив.

Едит: Принципиелноста не е одлика на политиката.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Јас не гледам НИКАКВА закана доколку не влеземе во НАТО, остајте го овој гркоманот Реален што тропа глупости, како прво, скоро сите наши соседи ни се во НАТО,
Гејција,Бугарија,Албанија, а ако некој мисли дека Косово ќе ни биде закана тоа е глупост бидејки и Косово е под НАТО, не е членка ама е под контрола на НАТО, ако гледаме и пошироко надвор од Западен Балкан, исто така и Турција е во НАТО, а ако ги гледаме западните земји, тие пак сите до еден се во НАТО, така да незнам зошто некои членови се загрижени !!! Ако мислите за нашите албанци дека ќе направат нешто тука,тогаш сте во голема заблуда, тие веќе си добија она што го бараа, а ако барат уште јас не верувам дека ќе имаат подршка од ЕУ и НАТО, веќе сите џокери им се потрошени, НАТО заради геостратешки причини нема да дозволи повторно да има војна во Македонија..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.343
НАТО заради геостратешки причини нема да дозволи повторно да има војна во Македонија..
Кога веќе поставуваш своја теза за ситуацијата, неможеш во 90% од постот да кажуваш дека нема опасност, а во 10% од постот да ја кажеш причината зошто е тоа така, без никакви образложенија. Последната реченица нема никаква тежина без подробно образложение на тоа кои се тие геостратешки причини заради кои НАТО нема повторно да дозволи да има војна во Македонија.

Но и доколку е тоа што го тврдиш точно, доколку НАТО бара стабилност на територијата на Македонија, зарем таа стабилност нема полесно да се постигне со поделба на оваа територија меѓу две НАТО членки?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.399
Поени од реакции
5.030
Придобивки и предности секако дека би имала Русија, доколку во блиска иднина би се афирмирала како сила на опозитната страна на НАТО. Прашањата не се како и зошто, тие се очигледни и неминовни. Прашање е дали и како тие глобални текови се одвиваат.

Кратко и јасно по тоа прашање би се изјаснил позитивно од причина што хаосот што настана во западниот свет после студената војна, би можел да се контролира само со проектирана закана од некоја реална сила. Како поткрепа на тоа ги ставам воените магнати, на кои една таква состојба би им донела големи профити. Секако дека конфликтите и интервенциите и „инсталирањето демократија“ или некаков опозитен режим, нема да престанат во земјите кои ќе останат надвор од тие блокови. Нова студена војна во секој случај би и одговарала и на САД и на Русија во моментов.
Малку тешко ќе биде за нова Студена војна, бидејќи Русија е многу поблиска со Западот отколку било кога. Според мене, многу е поверојатен воен конфликт Русија-Кина отколку Русија-САД, иако сеуште постојат заладени односи во некои сфери меѓу Русија и САД.
Бидејќи комунизмот (социјализам) беше огромна закана за Западот и обратно, во пост воен период, денес такви услови не постојат, а не гледам ни причина зошто би постоеле во иднина. Дека Русија и Кина ќе стануваат (тоа е во прогрес) се посилни на сметка на САД, тоа да, но да стигне дотаму да се развие нова Студена војна, не верувам...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Те молам не ме навредувај со вакви коментари. Сите добро знаеме дали ги исполнивте критериумите и дали до ден денес ви се исполнети.
Ние во НАТО сме блокирани, во ЕУ според овие критериуми (економски) не ни се исполнети, но исто и вас не ви се исполнети. Среќа ваша вие сте внатре, ние сме надвор. Само немој те молам да ми објаснуваш ЕУ како прави прием, Турција е веле економска сила па е надвор од други причини.
Фактот што вие сте во ЕУ поради икс други причини не ви дава за право да се правите паметни во однос на нашиот влез.
Доволно е да прочиташ, а не толкова многу да зборуваш на палет. Паметна избледнjaва, писаното остава.
Леандра, кои са тиja економски критериуми бе. Даj ги овде да ги чуем гласно бе. Вие уште преговори не сте започнали... за какви услови ми зборуваш?!
Абсолутно ке ти обеснам како ЕУ прави прием, заштото се уште не си прочитала ми личи, а тоа што вие имате да одите, ние го минавме. Не само што имаме вакво право Леандра, треба да го изгласаме вашиот влез.
--- надополнето: 30 април 2012 во 15:39 ---
leandra
Пошто одлуката за членство во ЕУ и НАТО се базираат на концензус, тогаш условите за влез во овие алијанси се всушност услови на секоја земја членка посебно. Декларативните услови се некои општи услови кои мора да признаеме дека можат да се прескокнат и да се замижи пред нив.

Едит: Принципиелноста не е одлика на политиката.
Тоа не е точно. Има един многу точен услов и тоj се вика добрососедски односи.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не бе фми тоа се вика упикување без подмачкување ради еднократна употреба а после фрлање на буниште.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.343
Тоа не е точно. Има един многу точен услов и тоj се вика добрососедски односи.
Очигледно е дека интепретацијата на таа точка кај некои држави може да доведе до услови кои немаат ништо со декларативните вредности кон кои би требало да се залага Европската Унија и НАТО.
--- надополнето: 30 април 2012 во 16:03 ---
Малку тешко ќе биде за нова Студена војна, бидејќи Русија е многу поблиска со Западот отколку било кога. Според мене, многу е поверојатен воен конфликт Русија-Кина отколку Русија-САД, иако сеуште постојат заладени односи во некои сфери меѓу Русија и САД.
Бидејќи комунизмот (социјализам) беше огромна закана за Западот и обратно, во пост воен период, денес такви услови не постојат, а не гледам ни причина зошто би постоеле во иднина. Дека Русија и Кина ќе стануваат (тоа е во прогрес) се посилни на сметка на САД, тоа да, но да стигне дотаму да се развие нова Студена војна, не верувам...
Не викам дека не се блиски(и двете се дел од тн западна цивилизација која се заснова на истите основи), туку зборам за обостран интерес. И западните и источните земји ја губат контролата во својот двор. Обидот на САД да го промовира исламот како генерална закана и замена на комунизмот заврши неуспешно и многу бргу и со доста контраверзи, пошто на крај ги срушија секуларните режими за да инсталират исламистички режими.

Ова е една теорија, за која има некакви скромни најави, но треба да ја опфатиме во посебна тема.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Makedonija na nekoj nacin nema sreka bidejki sekoja sosedna drzava na odreden nacin osporuva nekoi elementi vrz koi bi trebalo da se izgradi identitetot.

Ednostavno poradi sporot za imeto Grcija go blokira vlezot na Makedonija vo NATO i EU, ne go priznava nitu postoenjeto na makedonsko malcinstvo vo Egejska Makedonija.


Bugarija ja negira makedonskata nacija i jazik. Srbija ne saka da ja priznae avtokefalnosta na Makedonskata pravoslavna crkva, a mu zameruva na oficijalno Skopje i za priznavanjeto na Kosovo.


Tokmu problemite sto gi ima Makedonija so sosedite, no i vnatresnite meguetnicki tenzii,gi koristat razuznavackite strukturi na zapadnite zemji zaedno so sosedite na Makedonija na koi im odgovara nestabilna drzava, posle samitot vo Chikago jas mislam deka ke ima turbulentni periodi vo Makedonija.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.343
Нема интерпретациja. Тоа е услов поради простата причина,дека подпишуването на договор за зачленуване се ратификува от сите парламенти на државите членки.
Сакаш да кажеш дека основното право човек да се чувствува како што сака, не е дел од вредностите за што се залага Европа? Ако еден парламент тоа го изгласа, тоа тогаш важи за цела заедница, ако тоа имплицира услов за прием на членка во таа заедница.

Уствари, ти си од Бугарија, тоа за вашите стандарди е далеку од кршење на човекови права....
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
После самитот во Чикаго МКД ќе оди само надолу и надолу, како на економски план така и на безбедносен план..
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Makedonija na nekoj nacin nema sreka bidejki sekoja sosedna drzava na odreden nacin osporuva nekoi elementi vrz koi bi trebalo da se izgradi identitetot.

Ednostavno poradi sporot za imeto Grcija go blokira vlezot na Makedonija vo NATO i EU, ne go priznava nitu postoenjeto na makedonsko malcinstvo vo Egejska Makedonija.


Bugarija ja negira makedonskata nacija i jazik. Srbija ne saka da ja priznae avtokefalnosta na Makedonskata pravoslavna crkva, a mu zameruva na oficijalno Skopje i za priznavanjeto na Kosovo.


Tokmu problemite sto gi ima Makedonija so sosedite, no i vnatresnite meguetnicki tenzii,gi koristat razuznavackite strukturi na zapadnite zemji zaedno so sosedite na Makedonija na koi im odgovara nestabilna drzava, posle samitot vo Chikago jas mislam deka ke ima turbulentni periodi vo Makedonija.
Аве турчине, само турциа сака Македониа а? Па Турциа освен со Бугариа, со кои нема проблеми - со Сириа, Грциа, Армениа, Ирак, па вие на 20 милиона курди има викате "планиснки турци", негирате има нациа и език, држите ги во 18 век намерно, ама овде си Алфа и Омега. Ке си ги средиме работите со македонците ние, ама тоа вас не ви одговара - на Вас, србиве и грциве. Ама Нели знаш, кога американците и русите решат - ке има Курдистан, држава со 35 милиона курди и тогаз ке те питам каква е состоибата во турциа. Турциа сакала МАкедониа, па сега Гоце и јане се вртат во гробот алоооо, миротворецо, држи се нормално.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Значи, да разберам добро...

Сакаш да го смениш името на државата за да се влезе во НАТО и ЕУ?
 
I

Iblis

Гостин
"невидена активност во дипломатското поле" (што ли значи оваа реченица). .
Абе до кога треба да ве учам, ова значи дека активноста во дипломаткото поле не е видена, демек до толку е голема што не се гледа.
Исто како она кога ќе ти кажат дека си малоумен т.е. како мал си бил многу умен, ето се појасно (y)

Наскоро на темава најчест збор ќе биде " предавник ", сака некој опклада?
1: 300 давам однос!
 

JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Значи, да разберам добро...

Сакаш да го смениш името на државата за да се влезе во НАТО и ЕУ?
Ако не разбра од сето горе напишано не сакам да ти објаснам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom