Што е работата со Српски весници кои се продаваат во Македонија со доцнење од еден ден?
Пример денеска се продава изданието од вчера од Петок 28 Април.
Прашав во Четвртокот на една трафика спроти пазарот Буњаковец и жената од трафиката ми кажа дека Слободен печат ги донесувал така весниците доцна навечер во трафиките и затоа се продавале со доцнење. И жената не знаеше дали ќе се подобри ситуацијата.
Знам дека 2 месеци немаше Српски весници во Македонија, бидејќи МПМ не плаќале пари на таа некоја Српска фирма од Белград, но ова што го прави Слободен печат е без врска. Нема логика да се купува весник со доцнење и да се читаат бајати стари вести.
Инаку Српските весници се интересни, имаат скоро сите страници во колор, и поинтересни им текстовите. Нашите весници се праисториски, малку страници се во боја. Да не зборувам што се исполитизирани весниците кај нас.
Инаку денес е последниот број на Утрински весник и Вест, повеќе нема да излегуваат.
Како тоа може Дневник и понатаму да излегува, а овие не можат? Некој се погрижил Дневник да опстои.