Саем на книгата

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.962
Поени од реакции
34.336
До сега ништо. :( Чекам Или Или, Три, последните 3 Хари Потер-и од Арс Ламина, Бегемот... Евентуално нешто друго ако ми фати око, ама се сомневам.
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.106
Поени од реакции
9.930
Како постигнуваш друже алал вера :D
Таман видов каталог од Бегемот, а ти си го веќе постирал.
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Им ги наоѓам каталозите пред да ги објават официјално :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.962
Поени од реакции
34.336
Никаков попуст. :( А имаат многу добар избор меѓу класиците и научната фантастика. Среќа лани си го зедов Улис, сега уште поскап е.
Автоматски споено мислење:

И тука, прескапо. :( Ама може некоја сликовница од „Во пет кај вртелешките“ едицијата да се земе. За тие кои имаат деца, препорака: „Нешто друго“ од Кетрин Кејв, по ново е изборна лектира за 3 одделение, редовна цена и е 350 денари, на саемов гледам - 200.
Автоматски споено мислење:

Е овие, алал! :cuc: Како и секоја година! Вака треба да изгледаат саемски цени, а не нормална 700, саемска 690 денари. Има книги по 50, 90, 100 денари. И таа едицијата трилери им се скоро сите книги по 100-150 денари.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.260
Поени од реакции
36.080
Вистинска добивка е 200 денари за Морфиум и 300 денари за Алијас Грејс.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.827
Поени од реакции
13.649
Гледајќи ги каталозите, не може да не се воочи трендот на се повеќе изданија за деца. Изгледа дека се најисплатливи.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.361
Поени од реакции
25.059
Генерално сите издавачки куќи ги кренале цените, и со попустите за саем уствари ги спуштаат на ниво на стандардните цени што им беа до пред една година. Најмногу се познава тоа во каталогот на Македоника Литера, кој уствари не е ни каталог, туку табела, затоа што никако не успеаа да направат барем некоја допадлива креатива сите овие години дејствување иако имаат доста квалитетни изданија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom