- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.140
- Поени од реакции
- 8.252
Мислам дека е исцрпено изданието.Колку е на ново Раковиот напоредник? Пред 2 години имаше страшен попуст, ама не ја зедов.
Мислам дека е исцрпено изданието.Колку е на ново Раковиот напоредник? Пред 2 години имаше страшен попуст, ама не ја зедов.
333 ден. е во редовна продажба. Додека траеше промоцијата, ја продаваа по 300, но јас ја купив за 262 ден.П.С. Колку беше на Кристина книгата? Ептен ми е криво што ми излезе нешто неочекувано и не можев да отидам, а сакав и за неа и Гилјермо да ми ги потпише книгиве.
А од Јанковски - Невидливи љубови да не знаеш колку е?Утре, од 13 до 15 на штандот на Или Или дружење и потпишување книги со Игор Станојоски, Фросина Пармаковска, Живко Гроздановски и Силвија Митевска. Јас одам по автограм од Игор. Ја почнав „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ и ми изгледа одлична, за сега. Па може и ќе се излажам и ќе ги купам Додека Данте спие и Куфер за тројца, иако се изначитав негативни коментари и за романот и за збирката.
Плус, на штанд на Антолог ќе има дружење со Владимир Јанковски, од 12 до 13. Таман, дека и баш по Невидливи љубови ќе одам.[DOUBLEPOST=1460723706][/DOUBLEPOST]
333 ден. е во редовна продажба. Додека траеше промоцијата, ја продаваа по 300, но јас ја купив за 262 ден.
150 мислам.А од Јанковски - Невидливи љубови да не знаеш колку е?
Ришард не го препорачувам. Имам една книга „Патување со херодот“, многу досадна и крајно претенциозна книга. Типично за квази хипстерана.Прегледај го приврзокот 143651
Хулио Кортасар ~ Клинкамен (или Куцкамен кај Табернакул)
Ова последно го земав од саемот, иако не планирав. Ја купив пред влезот на саемот од тезгата -- 200 ден., а кај Табернакул беше 400 ден. со саемскиот попуст.
Кај Бегемот ме изненади тоа што денес кога бев, само едно издание им беше останато од Мраз од Јацек Дукај (досега најверојатно отишло и тоа). Сè друго се распродало oд таа книга. Добар избор е Мраз, а добра е и цената. Многу ја купуваа и Империјата од Ришард Капушќињски (поим немам што е ова). Во вторникот кога купував од кај нив, во тие две минути пет копии продадоа, буквално.
Дали Фросе ќе биде повторно таму? И до кога е саемот?Утре, од 13 до 15 на штандот на Или Или дружење и потпишување книги со Игор Станојоски, Фросина Пармаковска, Живко Гроздановски и Силвија Митевска. Јас одам по автограм од Игор. Ја почнав „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ и ми изгледа одлична, за сега. Па може и ќе се излажам и ќе ги купам Додека Данте спие и Куфер за тројца, иако се изначитав негативни коментари и за романот и за збирката.
Плус, на штанд на Антолог ќе има дружење со Владимир Јанковски, од 12 до 13. Таман, дека и баш по Невидливи љубови ќе одам.[DOUBLEPOST=1460723706][/DOUBLEPOST]
333 ден. е во редовна продажба. Додека траеше промоцијата, ја продаваа по 300, но јас ја купив за 262 ден.
Не е баш така. Изданиево што го имам од Куцкамен (Клинкамен, поконкретно) од едицијата Ѕвездите на светската книж. е во превод на Ненад Велковски од Casta Diva. Ненад Велковски ги има преведено речиси сите најзначајни автори од хиспаноамериканската книжевност, вклучувајќи ги Сабато, Борхес, Кортасар, Маркес итн. Сите книги што ги имам од Борхес во издание на Бегемот се негов превод (поназад ги постирав, сите до една). Ги имам Тунел и Херои и гробови од Сабато, преведувач е Ненад Велковски. Најверојатно и Куцкамен од Табернакул е во превод на Ненад Велковски. И да е лош преводот на овие книги од Велковски, подобар на македонски нема да најдеш.Дали Фросе ќе биде повторно таму? И до кога е саемот?
Инаку сум пишал и порано за Куфер за тројца, подобро земи Сто потези со четка наместо тоа
@Shepard Fairey мислам дека си требал да одиш со изданието на Табернакул на Куцкамен, овие што се Ѕвезди на светската книжевност се малку килави во преводите, јас од неколку изданија што сум имал прилика да ги прочитам сум разочаран, ајде да се надеваме дека токму тој превод е добар.
Откако го напишав постот претпоставив дека се си имаш педантно здиплено, знам дека кај тебе нема грешка и кога бараш знаеш што барашНе е баш така. Изданиево што го имам од Куцкамен (Клинкамен, поконкретно) од едицијата Ѕвездите на светската книж. е во превод на Ненад Велковски од Casta Diva. Ненад Велковски ги има преведено речиси сите најзначајни автори од хиспаноамериканската книжевност, вклучувајќи ги Сабато, Борхес, Кортасар, Маркес итн. Сите книги што ги имам од Борхес во издание на Бегемот се негов превод (поназад ги постирав, сите до една). Ги имам Тунел и Херои и гробови од Сабато, преведувач е Ненад Велковски. Најверојатно и Куцкамен од Табернакул е во превод на Ненад Велковски. И да е лош преводот на овие книги од Велковски, подобар на македонски нема да најдеш.
Лектурата на моево издаение е на професорот Томислав Треневски од Катедрата за македонски јазик (веројатно друг е лекторот на изданието на Табернакул, не знам). Ти гарантирам дека нема ниту една правописна или лексичка грешка или лоша синтакса.
Но ти ја разбирам скепсата насочена кон едицијата Ѕвездите на светската книж., прв пример што ми паѓа на памет е сакатењето на преводот на Румена Бужаровска на Твен преку лектурата. Веројатно знаеш за ова.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103141019494&id=16&prilog=0&setIzdanie=23289