Саем на книгата

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.368
И уште една заборавив: Невестата на змејот од Влада Урошевиќ. Сабота одам пак.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@Zlatikevichius Очекувам да кажеш каков е преводот на Глувци и луѓе и Ловец во `ржта. На вторава и се мерачев, ама се пишманив од страв дека е лошо преведена.
П.С. Колку беше на Кристина книгата? Ептен ми е криво што ми излезе нешто неочекувано и не можев да отидам, а сакав и за неа и Гилјермо да ми ги потпише книгиве. :(
П.П.С. Си го добив првиот роман на Петар Андоновски и романот на годината ко подарок и тоа вториот потпишан. :D

drn mrn.JPG
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.103
Ми се допаѓа изборов на неколкуте членови што се изјаснија. Ками, Оксфордските убиства па и романов на годината.
@Shawn Spencer за Глувци и луѓе зависи како гледаш. Јас ја имам баш од Магор, ако си добар познавач на добриот превод ќе ти се допадне. Пошто, по малку е чудно преведена - делува многу така... архаично напишано чиниш Марко Цепенков ја превел. Но вреди. Многу и тоа.
Другиве што направивте? Дај пофалете се малку :D
 
Член од
1 јуни 2014
Мислења
191
Поени од реакции
281
Вчерa бев,aмa штo знaм некaкo сaемoв не ме вooдушеви нештo.Јa купив сaмo Куцкaмен oд Хулиo Кoртaзaр (Тaбернaкул).Читaв мнoгу пoфaлни збoрoви нa фoрумoв зa книгaвa,се нaдевaм не згрешив.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.368
Утре, од 13 до 15 на штандот на Или Или дружење и потпишување книги со Игор Станојоски, Фросина Пармаковска, Живко Гроздановски и Силвија Митевска. Јас одам по автограм од Игор. Ја почнав „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ и ми изгледа одлична, за сега. Па може и ќе се излажам и ќе ги купам Додека Данте спие и Куфер за тројца, иако се изначитав негативни коментари и за романот и за збирката.

Плус, на штанд на Антолог ќе има дружење со Владимир Јанковски, од 12 до 13. Таман, дека и баш по Невидливи љубови ќе одам.[DOUBLEPOST=1460723706][/DOUBLEPOST]
П.С. Колку беше на Кристина книгата? Ептен ми е криво што ми излезе нешто неочекувано и не можев да отидам, а сакав и за неа и Гилјермо да ми ги потпише книгиве. :(
333 ден. е во редовна продажба. Додека траеше промоцијата, ја продаваа по 300, но јас ја купив за 262 ден.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Утре, од 13 до 15 на штандот на Или Или дружење и потпишување книги со Игор Станојоски, Фросина Пармаковска, Живко Гроздановски и Силвија Митевска. Јас одам по автограм од Игор. Ја почнав „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ и ми изгледа одлична, за сега. Па може и ќе се излажам и ќе ги купам Додека Данте спие и Куфер за тројца, иако се изначитав негативни коментари и за романот и за збирката.

Плус, на штанд на Антолог ќе има дружење со Владимир Јанковски, од 12 до 13. Таман, дека и баш по Невидливи љубови ќе одам.[DOUBLEPOST=1460723706][/DOUBLEPOST]
333 ден. е во редовна продажба. Додека траеше промоцијата, ја продаваа по 300, но јас ја купив за 262 ден.
А од Јанковски - Невидливи љубови да не знаеш колку е? :D
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
најдов и ја кој ден да идам, со децана денеска, гунгула :D
земав -

Х. Томпсон - страв и гадење во Лас Вегас = 200 д
К . Чапек - РУР = 100 д

...имаше еден штанд со книги на српски, 2 за 100, исчепкав -
К. Чапек - рат људи и даждевњака + Х.Џ.Велс - рат светова = 100 д

...а на друг имаше доста СФ книги на српски, земав -
Х.Џ.Велс - невидљиви човек = 150 д
А. Кларк - састанак са Рамом = 200 д
И. Асимов - богови лично = 300 д (или може Кларк беше 300, а Асимов 200, ? ги помешав...)
имаше и од Желазни, Хајнлајн, Ле Гвин, Шекли,... Поларис СФ Антологија '93/'94/'95, итн..
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
IMG_20160415_221809.jpg
Хулио Кортасар ~ Клинкамен (или Куцкамен кај Табернакул)
Ова последно го земав од саемот, иако не планирав. Ја купив пред влезот на саемот од тезгата -- 200 ден., а кај Табернакул беше 400 ден. со саемскиот попуст.

Кај Бегемот ме изненади тоа што денес кога бев, само едно издание им беше останато од Мраз од Јацек Дукај (досега најверојатно отишло и тоа). Сè друго се распродало oд таа книга. Добар избор е Мраз, а добра е и цената. Многу ја купуваа и Империјата од Ришард Капушќињски (поим немам што е ова). Во вторникот кога купував од кај нив, во тие две минути пет копии продадоа, буквално.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.103
Прегледај го приврзокот 143651
Хулио Кортасар ~ Клинкамен (или Куцкамен кај Табернакул)
Ова последно го земав од саемот, иако не планирав. Ја купив пред влезот на саемот од тезгата -- 200 ден., а кај Табернакул беше 400 ден. со саемскиот попуст.

Кај Бегемот ме изненади тоа што денес кога бев, само едно издание им беше останато од Мраз од Јацек Дукај (досега најверојатно отишло и тоа). Сè друго се распродало oд таа книга. Добар избор е Мраз, а добра е и цената. Многу ја купуваа и Империјата од Ришард Капушќињски (поим немам што е ова). Во вторникот кога купував од кај нив, во тие две минути пет копии продадоа, буквално.
Ришард не го препорачувам. Имам една книга „Патување со херодот“, многу досадна и крајно претенциозна книга. Типично за квази хипстерана.
За куцкамен си имал среќа.
Јас утре ќе појдам по втор пат, денес требаше но ме навјаса работа од сабајле. Планирам Ремарк да го барам секаде, исто и Дефо. Ако најдам, саемов ќе го сместам као една од најсветливе точки за оваа година.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Утре, од 13 до 15 на штандот на Или Или дружење и потпишување книги со Игор Станојоски, Фросина Пармаковска, Живко Гроздановски и Силвија Митевска. Јас одам по автограм од Игор. Ја почнав „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ и ми изгледа одлична, за сега. Па може и ќе се излажам и ќе ги купам Додека Данте спие и Куфер за тројца, иако се изначитав негативни коментари и за романот и за збирката.

Плус, на штанд на Антолог ќе има дружење со Владимир Јанковски, од 12 до 13. Таман, дека и баш по Невидливи љубови ќе одам.[DOUBLEPOST=1460723706][/DOUBLEPOST]
333 ден. е во редовна продажба. Додека траеше промоцијата, ја продаваа по 300, но јас ја купив за 262 ден.
Дали Фросе ќе биде повторно таму? :rolleyes: И до кога е саемот?

Инаку сум пишал и порано за Куфер за тројца, подобро земи ги флаерите од АМЦ Компјутери наместо тоа :D

@Shepard Fairey мислам дека си требал да одиш со изданието на Табернакул на Куцкамен, овие што се Ѕвезди на светската книжевност се малку килави во преводите, јас од неколку изданија што сум имал прилика да ги прочитам сум разочаран, ајде да се надеваме дека токму тој превод е добар.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Дали Фросе ќе биде повторно таму? :rolleyes: И до кога е саемот?

Инаку сум пишал и порано за Куфер за тројца, подобро земи Сто потези со четка наместо тоа :D

@Shepard Fairey мислам дека си требал да одиш со изданието на Табернакул на Куцкамен, овие што се Ѕвезди на светската книжевност се малку килави во преводите, јас од неколку изданија што сум имал прилика да ги прочитам сум разочаран, ајде да се надеваме дека токму тој превод е добар.
Не е баш така. :) Изданиево што го имам од Куцкамен (Клинкамен, поконкретно) од едицијата Ѕвездите на светската книж. е во превод на Ненад Велковски од Casta Diva. Ненад Велковски ги има преведено речиси сите најзначајни автори од хиспаноамериканската книжевност, вклучувајќи ги Сабато, Борхес, Кортасар, Маркес итн. Сите книги што ги имам од Борхес во издание на Бегемот се негов превод (поназад ги постирав, сите до една). Ги имам Тунел и Херои и гробови од Сабато, преведувач е Ненад Велковски. Најверојатно и Куцкамен од Табернакул е во превод на Ненад Велковски. И да е лош преводот на овие книги од Велковски, подобар на македонски нема да најдеш. :)

Лектурата на моево издаение е на професорот Томислав Треневски од Катедрата за македонски јазик (веројатно друг е лекторот на изданието на Табернакул, не знам). Ти гарантирам дека нема ниту една правописна или лексичка грешка или лоша синтакса.

Но ти ја разбирам скепсата насочена кон едицијата Ѕвездите на светската книж., прв пример што ми паѓа на памет е сакатењето на преводот на Румена Бужаровска на Твен преку лектурата. Веројатно знаеш за ова.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103141019494&id=16&prilog=0&setIzdanie=23289
 
Откако го напишав постот претпоставив дека се си имаш педантно здиплено, знам дека кај тебе нема грешка и кога бараш знаеш што бараш :)

Јас не сум толку насочен во детали, и ете, сум се изгорел 2-3 пати и од „ѕвездите“ гледам да сум што понастрана.

Мојата перцепција е многу просто развиена и вели - Табернакул, Бегемот и Блесок се најдобри, Магор и Антолог се така-така, од другите не земај. :D
И вака функционирам, малку примитивно...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom