СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?

  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.730
Поени од реакции
11.565
Декември било, не можело по папучи и бугарка да глеаш у двор, куров ми не знам уште за што се не се ќенкаше пред да почне, ама светсково пружи најбоље и најлуда групна фаза у споредба со последниве неколку големи репрезентативни натпреварувања а уште не е ни завршена истата. :motorce:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.838
Поени од реакции
23.083
мк ганер Цепенков и ГаволРулз Пејчиновиќ.

Сеа фали некој да ми рече у Паланка се збори вака и таман да биде опфатена цела Македонија. :D
У Гостивар сум чул исто да го користа ова "на"
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Од прашања што ме мачат, да замислиме дека ова е гол линија дали ќе биде гол ова или топката уште цела не е во гол ?
Хахах, не е гол брат, ако погледнеш од агол под 135.4 степени ќе забележиш дека едно фибер влакно од топката допира на линијата. Компјутерот си кажа :)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.847
Поени од реакции
24.284
Хахах, не е гол брат, ако погледнеш од агол под 135.4 степени ќе забележиш дека едно фибер влакно од топката допира на линијата. Компјутерот си кажа :)
Не знам што не е јасно, кога правилото си е кристално чисто "топката треба целосно да ја помине линијата за да се рачуна како гол или како out of play." Нема тука отстапки па макар ни за еден милиметар.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.970
Поени од реакции
25.284
Значи ова е позитивно првенство за Германија. Имаат исто порази како Аргентина, Франција, Шпанија.
А кога ќе го додадеш фактот што они играа а Италија не се ни пласираше, ондак ова е и повеќе од позитивно СП за швабите.

Аргентина помина даље, прво место е у група, 4-0 скор во последните 2 утакмици.
Германија прими гол од сите, 2 од Коста Рика.

Не ми едначи испаѓање у група и 1/8 финале те молам, пратиш фудбал 500 години.
Ироничен бев на твоето дека сите тие репрезентации изгубиле по 1 натпревар и дека тоа не е ништо страшно. А забораваш дека и Германија загубија еден натпревар.
Значи не важи тоа правило за секого. За кого како ни одговара.
Ама ете Аргентина поминала во група со Саудиска Арабија и утепаните од Полска. Сега и со Австралија ќе му покажат на светот како се игра.
Да видат остатокот од светот па и Германците како се игра фудбал со Бога.

Шала на страна, не е спорно дека се во слаба форма Германците и дека треба ресет малку, но дека таму станува збор и проблем за никакви играчи, не се согласувам. Па уште одозгора на тога твоите обиди за форс за Мусиала да го спомнуваш за да го омаложуваш со Никлас Силе и остали е смешно. Детето има 19 години, изгази и се гледа дека ќе биде топ топ играч, ама ти и покрај тоа што како сам што велиш не си го гледал во Баерн, а и покрај тоа што се изделува во таа слаба репрезентација моментално (а велиш го гледаш СП) пробуваш као со потсмев да зборуваш чиниш за Мегвајер и Силе зборуваме, и форсираш безвеза.
 
Член од
9 октомври 2013
Мислења
115
Поени од реакции
248
dali e mozno na ova svetsko prvenstvo da nema grupa so reprezentacija koja osvoila 9 boda ?
posledno takvo nesto se desilo 1994 na svetskoto vo amerika
ostanuva da vidime sto ke napravat brazil i portugalija
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.891
Ако може да прати некој слика како укрстуваат репрезентациите до финале. Не можам нигде да најдам.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Не знам што не е јасно, кога правилото си е кристално чисто "топката треба целосно да ја помине линијата за да се рачуна како гол или како out of play." Нема тука отстапки па макар ни за еден милиметар.
Како што кажав, топката е секако шутната од аут. Тој еден милиметар не менува ама баш апсолутно ништо во траекторијата на топката и не е видлив за човечко око, односно буквално секој нормален човечки судија на светов ќе ти каже дека таа топка е излезена надвор.

А тоа што сега имаме компјутер што ти кажува како да играш, тоа е друга работа. Следно е сензори и механизми во копачките на фудбалерите што ќе им ги корегираат движењата и така ќе имаме кристално чиста игра што сто проценти ќе се придржува до кристално чистите правила.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
473
Поени од реакции
1.497

Знаеш ли ти колку титули и милиони се освоени во тенисот поради милиметарско топче кое завршило на линијата? Или одбојка, или кошарка
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
1.721
Поени од реакции
3.016
dali e mozno na ova svetsko prvenstvo da nema grupa so reprezentacija koja osvoila 9 boda ?
posledno takvo nesto se desilo 1994 na svetskoto vo amerika
ostanuva da vidime sto ke napravat brazil i portugalija
бразил и со 2 тим да игра треба да победи вечер, едноставно прејаки се..
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.782
Поени од реакции
13.467
Ниеден чип или сензор не може да ме убеди дека ова не е во аут. Ти ебем фудбалот ако треба компјутер да ти кажува дека топката била еден нанометар на линијата, а тоа се приметувало само од специфичен агол. Ама тоа е..
Имаш правила и сега технологија која овозможува некои од нив стриктно да бидат почитувани и добиваме вакви ситуации. Единствено решение би било поинаку да бидат дефинирани правилата.

А "милиметар" секогаш ќе остане, како и да ги дефинираш или ќе биде на слободна проценка и повторно ќе имаш проблем после одлуките. Како што е и при гол, вчера вака топката да беше меѓу стативите, гол технологијата немаше да интервенира.

Исто е и за офсајд. Мене ми беше најдобра таа опција што почна од Англија, малку подебела линија и ако некој е толку блиску тогаш не е офсајд. Но и во тој случај се милиметри.

Најголем проблем е при офсајд е ситуации како онаа на Ловрен вчера. Кога е нога лесно ќе измериш, но за рамо ептен станува проблематично. И тука пак доаѓаме дека тоа со малку подебела линија делува некако направено и најфудбалски, за да има некоја предност и напаѓачот, а и фудбал се игра за голови.

Но и во тој случај пак ќе биде проблем некој милиметар, тоа не може да се реши, освен да се врати одлуката на помошните судии. Само што тогаш повторно ќе имаме признаени голови од очигледен офсајд поради грешките на судиите.

Подобро офсајд поради милиметар, отколку признаен нерегуларен гол од половина метар.
Автоматски споено мислење:

А тоа што сега имаме компјутер што ти кажува како да играш, тоа е друга работа. Следно е сензори и механизми во копачките на фудбалерите што ќе им ги корегираат движењата и така ќе имаме кристално чиста игра што сто проценти ќе се придржува до кристално чистите правила.
Ова е нешто друго, ги мешаш работите.

Првото е стриктна примена на правилата, а "корегирање на движење" ти е нешто како "технолошки допинг". :D

Технологија во спортот може најмногу да ти помогне во прибирање информации за тоа што треба да направи одреден спортист, каква одлука да донесе, а не да му ја исправа веќе донесената одлука и одиграниот потег.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom