СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 април 2012
Мислења
31.921
Поени од реакции
63.839
Помалку аронганција и self-entitlement, повеќе фудбал, и нема да имаш проблем.

 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.127
Поени од реакции
11.170
Како што кажав, топката е секако шутната од аут. Тој еден милиметар не менува ама баш апсолутно ништо во траекторијата на топката и не е видлив за човечко око, односно буквално секој нормален човечки судија на светов ќе ти каже дека таа топка е излезена надвор.

А тоа што сега имаме компјутер што ти кажува како да играш, тоа е друга работа. Следно е сензори и механизми во копачките на фудбалерите што ќе им ги корегираат движењата и така ќе имаме кристално чиста игра што сто проценти ќе се придржува до кристално чистите правила.
Претпоставувам дека ова да беше на спротивната страна, истиот ТИ ќе ни пишуваше дека тој 1 милиметар е битен и дека се е регуларно. Гледајте малку реално на работите, а не да стенкате како што ви чини вас.
Правилото е то, топката НЕ Е ВО ЦЕЛОСТ НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ, што значи голот е регуларен.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
Баш тоа сакав да го искоментирам, наместо да слават луѓево останаа да го чистат стадионот. Играат со Хрватска наредна и сум повеќе од сигурен дека можат да се носат со нив и многу повеќе од тоа ... да ги згазат :)
А може и да полетаат малце во облаци и да добијат трезнење од старите коски. ;) Модриќ сам има повеќе елиминациски утакмици на светски првенства одиграно отколку Јапноија во целата своја историја.

Искрено, мислам дека Јапонија ќе пројде и може да ја згазат Хрватска, но од друга страна „старциве“ се секогаш најсилни кога ќе ги потцени некој така што ајде да почекаме до утакмицата.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.484
Поени од реакции
109.583
Јапонија може да пројде ама дека ќе ја згазат Хрватска тоа мало сутра. Они се екипа што игра на контри и чека грешка на противникот, не се Бразил па да те доминираат 90 минути и да ти дадат 20 гола. Реално Хрватска е далеку поквалитетна и фаворит во овој меч, особено средниот ред кој е класи погоре од јапонскиот.

Ме интересира Шпанија против Мароко, цврста екипа се Мароканциве и знаат да убодат контри, башка Зијеч е во страшна форма на ова СП. Хакими и Зијеч по десната страна против глушецот Алба, мислам дека тука ќе ја бараат шансата Африканците или евентуално од прекин. Шпанија секако ќе замара со 80% посед и бескрајни додавања на тоа крлежите од Барса.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.173
И после се Белгија пак ќе остане 2ра на Фифа ранк.

Како овие биле 1/2 место последниве 3/4 години стварно не ми е јасно.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.472
Поени од реакции
3.277
Знаеш ли ти колку титули и милиони се освоени во тенисот поради милиметарско топче кое завршило на линијата? Или одбојка, или кошарка
Знаев дека некој ќе направи споредба помеѓу фудбал и факинг ТЕНИС, само чекав :D

Имаш правила и сега технологија која овозможува некои од нив стриктно да бидат почитувани и добиваме вакви ситуации. Единствено решение би било поинаку да бидат дефинирани правилата.

А "милиметар" секогаш ќе остане, како и да ги дефинираш или ќе биде на слободна проценка и повторно ќе имаш проблем после одлуките. Како што е и при гол, вчера вака топката да беше меѓу стативите, гол технологијата немаше да интервенира.

Исто е и за офсајд. Мене ми беше најдобра таа опција што почна од Англија, малку подебела линија и ако некој е толку блиску тогаш не е офсајд. Но и во тој случај се милиметри.

Најголем проблем е при офсајд е ситуации како онаа на Ловрен вчера. Кога е нога лесно ќе измериш, но за рамо ептен станува проблематично. И тука пак доаѓаме дека тоа со малку подебела линија делува некако направено и најфудбалски, за да има некоја предност и напаѓачот, а и фудбал се игра за голови.

Но и во тој случај пак ќе биде проблем некој милиметар, тоа не може да се реши, освен да се врати одлуката на помошните судии. Само што тогаш повторно ќе имаме признаени голови од очигледен офсајд поради грешките на судиите.

Подобро офсајд поради милиметар, отколку признаен нерегуларен гол од половина метар.
Автоматски споено мислење:



Ова е нешто друго, ги мешаш работите.

Првото е стриктна примена на правилата, а "корегирање на движење" ти е нешто како "технолошки допинг". :D

Технологија во спортот може најмногу да ти помогне во прибирање информации за тоа што треба да направи одреден спортист, каква одлука да донесе, а не да му ја исправа веќе донесената одлука и одиграниот потег.
Која е поентата технологијата волку стриктно да ти кажува што е аут а што не, ако истата таа технологија досудеше дека е аут доколку топката беше 1 мм понадвор на пример? И во двата случаи исходот од шутот ќе беше ист. Со други зборови имаме буквалистичко судење за нешто што човек не би се ни сомневал дека е аут, не е нешто во матно па да има некаква дебата. Имаш сензор што ти вика дека милиметар од топката бил во допир со линијата и на тој сензор не му е битно ништо друго освен тој сув податок што во случајов не значи ништо. Ебате таквиот фудбал.

Претпоставувам дека ова да беше на спротивната страна, истиот ТИ ќе ни пишуваше дека тој 1 милиметар е битен и дека се е регуларно. Гледајте малку реално на работите, а не да стенкате како што ви чини вас.
Правилото е то, топката НЕ Е ВО ЦЕЛОСТ НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ, што значи голот е регуларен.
Интересна претпоставка што ја донесе врз основа на ништо. Не сум на ничива страна јас, ме заболе и за Шпанија и за Германија и за Јапонија. Само се чудам до кај стигна работава со ВАР срањево.
Голот иначе НЕ Е РЕГУЛАРЕН зашто топката со 99.99% од својата површина беше надвор од теренот, тоа едно влакно што ја допирало линијата не менува ништо. За мене тој шут засекогаш ќе биде шут од аут, и тоа е тоа, мое мислење.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.943
Поени од реакции
9.580
Кај можам да најдам колку пенали се свирнати до сега на првенствово.
 
Член од
9 октомври 2013
Мислења
118
Поени од реакции
282
Кај можам да најдам колку пенали се свирнати до сега на првенствово.
  • Enner Valencia (scored) - Qatar vs ECUADOR
  • Mehdi Taremi (scored) - England vs IRAN
  • Gareth Bale (scored) - USA vs WALES
  • Lionel Messi (scored) - ARGENTINA vs Saudi Arabia
  • Robert Lewandowski (saved) - POLAND vs Mexico
  • Ilkay Gundogan (scored) - GERMANY vs Japan
  • Ferran Torres (scored) - SPAIN vs Costa Rica
  • Alphonso Davies - (saved) CANADA vs Belgium
  • Cristiano Ronaldo - (scored) PORTUGAL vs Ghana
  • Salem Al Dawsari - (saved) Poland vs SAUDI ARABIA
  • Bruno Fernandes - (scored) Uruguay vs PORTUGAL
  • Lionel Messi - (saved) Poland vs ARGENTINA
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.275
Поени од реакции
57.430
Не им беше Шпанија најголема пречка, туку општо се подзачисти ждребот од нивната страна. Останува уште со Гана да играат во 1/8 финале.

Не е дека изгубила Аргентина една, туку од пред стартот на превството ми има многу небалансиран тим. Тргни го Меси и имаш во најмала рака просечен тим, составен од пар старци, неколку анонимуси и по некој фудбалер што има фудбал во него ама сеуште нема оставено некој позначаен печат "на големата сцена". Не за џабе требаше Меси да дава гол од 25 метри за да ги отворат Мексико пред некој ден.

Бразил од друга страна, го сакам најмалку од сите што ќе бидат на таа страна од ждребот, ама некако делат во квалитет пред Аргентина, Хрватска и Холандија. Не само во првиот тим, туку имаат и општо поширок состав и различни опции од клупа. Ниту една од горенаведените репрезентации го нема тоа, а имај во предвид дека ќе треба да се игра и по 120 минути во случај на нерешено.

Е сега нормално, фудбалот не се игра на хартија и сигурно ќе има некое изненадување, ама мислам повеќе шанси има изненадувањето да се случи на мечевите на Холандија и Аргентина.

Америка ми е некако дарк хорс во тој дел од ждребот. Имаат добар среден ред и може да се надтрчуваат со било кој тим, иако очајно им фали класа шпиц.
Е ова е веќе друго образложение, многу подобро од чист пат до финале.

Се согласувам јас за Бразил, дека имаат најдобар состав заедно со Франција каде на секоја позиција се покриени со по 2 добри играчи, само што ете може и нив некој пех како повредава на Нејмар да ги измести од контрола, пошто на таа позиција против Швајцарија ниту Пакета ниту Родриго у продолжение успеаа да го надополнат отсуството.

Колку е значаен Меси за Аргентина толку е и Нејмар за Бразил, иако коа ќе погледнеш на хартија не изгледа така, ама на терен е баш така со оглед на тоа што е најдобар и најискусен офанзивец од сите.

За Аргентина јас пишав после утакмицата со Мексико колку им е пореметен тимот од почетокот на сезонава до сега. 3-4 клучни играчи мака мачеа со повреди и отсуства.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.146
Поени од реакции
23.260
се чудам до кај стигна работава со ВАР срањево.
Баш до кај што треба е стасан за проверка на гол или еве гол-аут. Нема судиско убедување, или е надвор или е внатре. Сакала топката била 99,99% била надвор или не. Убаво кажа некој претходно, подобро за милиметар внатре, него она од пола метро на Англија внатре, ама не виделе.

Ама тоа е и работата на сезонските гледачи на фудбал, да се чудат до кај е ВАР срањето.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.963
Поени од реакции
14.008
Која е поентата технологијата волку стриктно да ти кажува што е аут а што не, ако истата таа технологија досудеше дека е аут доколку топката беше 1 мм понадвор на пример?
Па баш за тоа да биде се прецизно и да не се остава на слободна проценка. А ќе досудеше аут, доколку беше аут, многу е едноставно. Топката не беше во аут со целиот обем, тоа е клучно, правилата се испочитувани. Единствено да напишат дека топката е надвор, доколку е таков субјективниот впечаток, а дури тогаш ќе има големи проблеми.

Немам друго што да напишам, се префрлам на ова што сега следи.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.921
Поени од реакции
63.839
Знаев дека некој ќе направи споредба помеѓу фудбал и факинг ТЕНИС, само чекав :D


Која е поентата технологијата волку стриктно да ти кажува што е аут а што не, ако истата таа технологија досудеше дека е аут доколку топката беше 1 мм понадвор на пример? И во двата случаи исходот од шутот ќе беше ист. Со други зборови имаме буквалистичко судење за нешто што човек не би се ни сомневал дека е аут, не е нешто во матно па да има некаква дебата. Имаш сензор што ти вика дека милиметар од топката бил во допир со линијата и на тој сензор не му е битно ништо друго освен тој сув податок што во случајов не значи ништо. Ебате таквиот фудбал.


Интересна претпоставка што ја донесе врз основа на ништо. Не сум на ничива страна јас, ме заболе и за Шпанија и за Германија и за Јапонија. Само се чудам до кај стигна работава со ВАР срањево.
Голот иначе НЕ Е РЕГУЛАРЕН зашто топката со 99.99% од својата површина беше надвор од теренот, тоа едно влакно што ја допирало линијата не менува ништо. За мене тој шут засекогаш ќе биде шут од аут, и тоа е тоа, мое мислење.
Не си ми јасен, искрено, сите ти викаат дека според правилата, она не е аут, и сензорот што го збориш, патем, не сум сигурен дали има сензор во топката за аут да покаже, баш си ја завршил својата работа. Toa и му е фукцијата, да каже дали нешто е црно или бело.

Тебе не ти се допаѓа апсолутноста на одлуката. Милиметар или центиметар, аут е аут, и гол е гол.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
mene hrvatska mi deluva presporo i ako ne povede vo prvo vo vtoro i prodolzenija japoncite ke ja namalat razlikata u kvalitet so sila i brzina. hrvatska ke ima sansi na prekini... treba toa da izvezbaat, toa mislam ke im e najlesen nacin do golot.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.861
Поени од реакции
9.127
Нема нешто поселско од тоа кога ќе дувне судија пенал и ќе земат да ја копаат белата точка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom