Малку офтопик во тие времиња Англија имаше страшен страшен тим, но играа прелош фудбал на чело со Горан Ериксон. Единствено имаа слаб голман во Робинсон и Крауч напред, другите играчи беа ѕвезда до ѕвезда. Невил, Кол, Фердинанд, Тери итн итн. Колку за илустрација Карагер седеше на клупа, а во тие моменти беше меѓу 10-те најдобри стопери во светот, ако не и јаче. Мислам да го споредиш споредиш тој тим со било кој на свецково би бил подобар(индивидуално гледано). Навистина несфатливо е како се брукаа дотолку тогаш.[DOUBLEPOST=1531162463][/DOUBLEPOST]
Потценет ти е Харгривс, стартер и важен играч на два ЛШ шампиони (баерн 01 и јунајтед 08), убедливо најдобар играч на англија на СП 06.. 2002 се повреди, 2004 не го играа, 2008 не беа на европско.. Можеше да ги реши овај проблемите на англија во средниот ред да имаше поќе среќа
Керик веќе 10 год се спомнува како потценет на крај преценет ќе го напрајте.. Солиден играч во шампионска екипа.. Ништо повеќе.. Поќе накај Џон Оши него Сколс
Харгривс беше исто супер играч, ама тој ептен многу се повредуваше. Јас имам впечаток дека во просек по 7-8 месеци по сезона беше повреден, можда и грешам. Но, кога и да беше во ред добиваше доста солидна минутажа за репрезентацијата. Од друга страна Керик пример беше и зад тој Паркер од Тотенхем во ротацијата. Не дека беше лош Паркер, ама ептен го потценуваа Керик, бар во репрезентацијата и по медиумите. Делумно ради англискиот стил, а многу повеќе ради тоа што Горан беше труба.