СП 2014 Бразил - генерална дискусија

Член од
23 август 2010
Мислења
39.902
Поени од реакции
116.259
@TheTrooper
Цело време заборавам да те прашам, Хрват си или имаш нешто Хрватско во тебе што си за Хрватска или онака ги симпатишаш? :) Нема везе не ми смета уопште него само онака прашувам, пошо гледам дека ептен знаеш за нив скоро во сите спортови. :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Мене Колумбија ми се скроз фаворити од сенка. Ако пред 4 години таа улога ја имаа Уругвај, оваа Светско ми се Колумбија. Топ екипиче, не толку тешка група. Мех мех, за мерак. :D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
@TheTrooper
Цело време заборавам да те прашам, Хрват си или имаш нешто Хрватско во тебе што си за Хрватска или онака ги симпатишаш? :) Нема везе не ми смета уопште него само онака прашувам, пошо гледам дека ептен знаеш за нив скоро во сите спортови. :)
:pipi:yup
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.902
Поени од реакции
116.259
Мене Колумбија ми се скроз фаворити од сенка. Ако пред 4 години таа улога ја имаа Уругвај, оваа Светско ми се Колумбија. Топ екипиче, не толку тешка група. Мех мех, за мерак. :D
Каква Колумбија бе, башка и без Фалкао многу тешко. Не верувам некое драстично изненадување да направат. Јас како изненадување ги гледам Чиле, и тоа на сметка на Холандија. Помизерна одбрана мислам дека немале Лалињата, барем јас не памтам. Чиле како што игра таков брз фудбал со висок пресинг мислам дека може да им заебе работа и тоа во голема мера.

Исто очекувам добар настап и на Португалија, одличен тим се и верувам дека ќе пројдат заедно со Германија која ми е апла преценета на првенствово. Сега кај и да видов е во топ 4 фаворити, а мене реално не ми е за топ 4 фаворит. Сега и Ројс им се повреди така да уште толку се десеткувани. Немаат прав напаѓач што се вика сем 540 годишниот Клосе. Не дека се лоша екипа, да не ме сфатите погрешно, ама сепак мислам дека сеуште не им е време на оваа генерација да направат нешто поголемо. На следното Светско може да се прави муабет за такво нешто, со поискусни Геце, Ројс, Гундоган, Дракслер и компанија.

За денешниов меч нема да коментирам многу, само ќе кажам дека според мене не ги задоволи очекувањата и дека не се изигра некој посебен фудбал, а судијата апла ја уништи утакмицата со оној смешниот пенал.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.256
Реално најголеми фаворити за титула е Бразил,Аргентина и Шпанија...
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.088
Поени од реакции
7.062
Катастрофа беа Бразил една шанса права немаа, плус пеналот небеше пенал Фред изглуми али на прв поглед изглеаше ко пенал не е крив судијата секунда е тоа. Ко Челзи да ги гледав а не Бразил али тоа е, тешко да земат титула со ваква игра.
 
B

Blade Torch

Гостин
Бразил нека наредат 3 убедливи победи во прва фаза , ама suddenly да не им летне главата уште у 1/8 финале :pos: Ја замислувам само сликата , издишани во фаците и играчи и навивачи . Ќе им остане да викаат " but we have 3 wins in the group " . Само нека не им помагаат судиите и понатаму , аман . Реков , не е ова Јужна Кореја или Јапан .
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Ај сеа со малце ладна глава може да се каже дека имам право да се љутам ради судиска кражба,но и дека можеше подобро.Одбраната беше цврста,но не можам да се ослободам од впечатокот дека можеше да се направи нешто повеќе кон напред. Исто така ме изнервира и преголемата ноншалантност на некои играчи (Олиќ најмногу - брат ако си во Бразил не значи дека си на жога бонито таму). Требаше многу поостро и поконцентрирано да реагираат. Ми делуваш Бразилците како да се пола чекор понапред на секоја топка и како секоја 50/50 ситуација тие да ја добиваа.

Исто така ме неврвира тоа што и играчите и Ковач и целата јавност многу малку внимание посветуваат на играта.Знам дека е тешко вака да те украдат дур те мази резултатот,но што е тука е.
Не е за бодовите изгубени (и онака тешко беше да се оечкува дека ќе се земе и тој 1 бод),туку за психолошкиот ефект кој ќе го има оваа утакмица на играчите. Немаше да е проблем да изгубеа асално,kako bog zapovida што се вика,ама ова е тотално друга работа.
Некако не ми делуваат толку ментално силни за да може да се вратат и се ме потсеќа на 2006 година.
Тогаш според играта праведно ќе беше 1-1 да завршеше (навистина тогаш Хрватска имаше мислам повеќе шанси и еден период и посед,ама еден момент на генијалност на Кака пресуди) и сите збореа за тоа како Хрватска била добра и не заслужила да изгуби и дека против Јапонија ќе биде друга приказна.
Против Јапанците и пенал се утана и се направи едвај 1 шанса во 90 минути,а против Австралија (која ми делува како денешен Мексико - последниот противник директниот конкурент) беше комедија.Австралијците примија 2 гола од 2 шута,а не им беа досудени и 2 пенала и црвен на Шимуниќ. Тоа беше катастрофална утакмица.
Се ме потсеќа ова првенство на тоа од 2006.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.505
Поени од реакции
2.423
Хмм, само се прашувам дали сите вака реагиравте кога Хрватска доби три жолти картони во Германија 2006, против Австралија?
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.247
Поени од реакции
8.161
Хмм, само се прашувам дали сите вака реагиравте кога Хрватска доби три жолти картони во Германија 2006, против Австралија?
Tогаш Хрватска испадна па немаше потреба да се реагира, на некој начин правдата беше задоволена. Сега Бразил профитираше од судиска одлука и затоа се реакциите.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Хмм, само се прашувам дали сите вака реагиравте кога Хрватска доби три жолти картони во Германија 2006, против Австралија?
Хрватска си испадна тогаш,а и да не испаднеше утакмицата ќе се преигруваше. Башка што таа утакмица на Греам Пол му ја запечати кариерата како судија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom