СП 2014 Бразил - генерална дискусија

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Уште 646 дена до почетокот на 20-тото Светско Првенство во футбал, организирано од Бразил.
Борбата за едно од 32 места во групната фаза од Светското Првенство е почната од поодамна во Африка, Океанија и Јужна , Северна и Централна Америка , додека во петок на 07.09.2012 започнува битката на репрезентациите во Европа.

Ова се групите од сите региони во светот со кратки анализи и мои предвидувања
:​
Европа
Група А​

- Хрватска, Србија, Белгија, Македонија, Шкотска, Велс

Една од најнеизвесните групи.“ Секој секого може да победи“ - цитирајки го селекторот на Белгија.
Иако фаворити, мислам дека Хрватска и Србија ќе имат огромни проблеми со останатите репрезентации. И двете балкански сили не играт во добра форма,посебно Србија се наоѓа во лоша состојба. Хрватска се ставени ко фаворити од страна на кладилниците, но овде многу лесно можат ко први да ја завршат групата Белгија , репрезентација на која подолго време се чека да направи бум, а сега делува ко и да е време за тоа , посебно што во ростерот во имаа играчи како : Фелаини, Миралас, Лукаку, Мертенс, Витсел ,Хазар, Дембеле , Вермален итн. Дефинитивно едни од фаворитите за земање на првите две места. Ако селекторот Вилмотс успее да ја усогласи добро репрезентацијата,мислам дека ќе ја гледаме Белгија во Бразил.
Хрватска има опасен напад: Манџуќич, Силва, Олич Јелавич, Петрич , средниот ред е составен од Модрич, Перишич, Ракитич,Бадељ и Крањчар.Според мене одбраната им е најслабиот дел : Вида, Чорлука, Шилденфелд и Шимунич. Мислам дека доста проблеми ќе имат во одбрана, што се виде во пријателската против Швајцарија ( пораз од 2:4 ). Мислам дека ќе го земат едно од првите 2 места, предност им е тоа што оваа репрезентација заедно игра подолго време и имат веќе постигнато одредени успеси , за разлика од Белгија која нема пласман на Европско или Светско првенство.
Србија е во фаза на промена на генерација, моментално во репрезентацијата повеќето од футбалерите се под 25 години. Мислам дека тоа ќе игра клучен дел од нивниот пат кон Бразил. Моментално се во многу лоша форма, само 1 даден гол на последните 5 натпревари и ниту една победа. Всушност на псоледните 10 одиграни натпревари остварија 3 победи, но тие 3 победи беа против : Северна Ирска 2:1, Фарските Острови 3:1 и Ерменија 0:2. Лично не ги гледам во Бразил,многу ќе зависи од нивната ментална спремност, дали ќе успеат да го издржат притисокот и критиките од јавноста.
Шкотска и Велс веќе со децении играт типичен британски футбал, ќе бидат опасни и дефинитивно не се за потценување, Велс ги има Бејл, Белами, Рамси, сепак мислам дека нема да се изборат за место во Бразил, премногу слаба одбрана имат. Шкотска пак ми делува ко репрезенација која може да изненади. Имат солиден напад ( Роудс , Мелоуни, МекКормак, Најсмит ). Мислам дека имат доста добри шанси за борба барем за втората позиција во групата.
И доаѓаме до онаа репрезентација која најмногу не интересира,но според мене, ќе заврши ко последна во групата. Реално гледано,моментално можеме да се бориме рамноправно само со Србија , мислам дека Велс,Шкотска,Хрватска и Белгија ќе земат бодови од нас. Највисок дострел за Македонија , според мене , е пласман на 4-тата позиција, и тоа само ако Србија продолжи да игра лошо и ако успееме да победиме против Велс. Во првите 2 кола не очекуваат тешки гостувања во Загреб и Глазгоу и тогаш мислам дека ќе се види реалниот квалитет на нашата репрезентација.

Прво коло 07-08.09.2012

Велс - Белгија
Хрватска - Македонија
Шкотска - Србија

Група Б​
- Италија, Данска, Чешка, Бугарија,Ерменија и Малта.

Прво нешто што ви паѓа на ум е лесен пласман на Италијанците, нели ? Епа не верувам во тоа. Ќе имат огромни проблеми со Данска и Чешка и на гостувањето во Софија. Мислам дека Чешка ќе биде една од репрезентациите која ќе освои едно од првите 2 места, сметам дека овој тим игра доста добар футбал и располага со доста добри футбалери. Данска секогаш е фаворит од втор план. Холандија ги потцени на Европското и знаеме како си поминаа. Според мене, трети фаворити во групата се тие. Бугарија е тотално непредвидлива, сепак мислам дека немат шанси за едно од првите 2 места,едноставно немат доволно квалитет за да се борат со Чешка и Италија,иако мислам дека ќе ги намачат Италијанците во Софија. Ерменија и Малта ќе бидат само за собирање бодови, го видов футбалот во Малта, полупрофесионален, иако играт со мотивација, заостануваат многу во квалитет. Од тука очекувам Чешка да заврши прва, додека Италија и Данска да одлучуваат за втората позиција.

Прво коло :

Малта - Ерменија
Бугарија - Италија
Данска - Чешка
Група Ц​
- Германија, Шведска, Ирска, Австрија, Фарските Острови, Казакстан

Ф.Острови и Казакстан немат никакви шанси тука, реално гледано Ф.Острови ќе ги загубат сите натпревари ( можеби против Казакстан дома ќе направат нешто ), додека Казакстан може да биде рамноправен дома против Австрија и Ирска,но и за тоа се мали шансите. Едноставно квалитетотна футбалот кај овие 2 земји е лош.
Австрија , Ирска и Шведска ќе треба да се борат за втората позиција, бидејќи мислам дека Германија тука завршува прва без конкуренција, едноставно премногу квалитет имат во споредба со другите репрезентации. Мислам дека Ирска ќе успее да ја освои втората позција, веќе неколку пати беа близу до пласман на завршницата од Европското или Светското , се пласираа на последното Европско и мислам дека треба дабидат втори фаворити. Австрија има лоша одбрана и неконстантен напад, додека Шведска паѓа во форма. Германија прва, Ирска втора .​
Прво коло :​
Германија - Ф.Острови
Казакстан - Ирска​
Група Д​
- Холандија , Турција , Унгарија , Романија , Естонија и Андора

Според мене оваа група ќе ги има најатрактивните натпревари и секој натпревар ќе изобилува со голови. Холандија се моемнтално ранети по бламажата на Европското, додека Турција,Унгарија и Романија веќе подолго време ги градат своите репрезентации и покажаа добар футбал. Ниедна од овие 3 репрезентации не смее да биде потценета ко Естонија и Андора, репрезетации кои нема што да барат во оваа група. Не верувам дека Холандија лесно ќе ја освои групата, ќе имат огромни проблеми со Турција,Унгарија и Романија,додека фаворитот за втората позиција нема ни да пробам да го предвидам. Унгарија има опасен напад, но слаба одбрана, Романија е нешто покомпактна екипа, тоа што имфали во напад , го компензира со одбрана, додека Турците се тотално не предвидливи и се ќе зависи од нивниот ментален склоп, квалитет сигурно имат.

Прво коло :

Андора -Унгарија
Холандија - Турција
Естонија - Романија​


Група Е​
- Норвешка, Словенија,Швајцарија, Албанија, Кипар и Исланд

Исто тешка и непредвидлива група.
Мислам дека Швајцарија ќе успее да освои едно од првите 2 места, Норвешка е во голем пад, имат премногу ветерани во селекцијата, додека Словенија може да се вмеша за борба од едно од 2-те места, се пласираа на минатото Светско,можеби и сега ќе успеат да постигнат нешто. Од Албанија не очекувам ништо посебно , мислам дека 70% од натпреварите ќе ги загубат, можеда изненадат со некој нерешен резултат, но воглавно според мене, тие се најслаба репрезентација во групата. Исланд и Кипар играт сличен футбал, брз , офанзивен, бидејќи секако имат слаби одбрани ,па единствена надеж за освојување бодови им е да дадат повеќе голови отколку што ќе примат. Мислам дека Словенија и Швајцарија овде ќе јапоминат групата, Швајцарија директен пласман, Словенија второ место.

Прво коло :​
Исланд - Норвешка
Словенија - Швајцарија
Албанија - Кипар
Група Ф
- Португалија, Русија , Израел, С.Ирска, Азербејџан и Луксембург

Мислам дека тука е прилично јасно. Русија и Португалија ќе се борат за првите 2 места, додека останатите 4 тима нема да имат некои посебно добри шанси за тие две позиции. Израел можеби може да предизвика некое изненадување , но не ми се верува многу во тоа, можеби дома против Русија и Португалија имат некоја шанса, меѓутоа двете репрезентации се класа над нив, не го гледам Израел во Бразил за 2 години. С.Ирска, Азербејџан и Луксембург немат некој квалитет, едноставно ќе служат за зголемување на бодовното салдо на Русија и Португалија.

Прво коло :

Русија- С.Ирска
Луксембург - Португалија
Азербејџан - Израел
Група Г
- Грција, Словачка, БИХ, Литванија, Латвија, Линхештајн


Мислам дека Литванија,Латвија и Линхештајн немат никакви шанси тука, додека БИХ и Грција ми се фаворити за првите 2 места. Словачка ми е знак прашалник, играа на Светско, па минаа лошо во квалификациите за Европско, премногу нестабилна екипа, мислам дека Босна може да се надигрува со нив и дека може да го освои барем второто место. Грција , реално гледано, го има најсилниот состав од групата, редовно се на Светско или Европско, и со право се први фаворити. Меѓутоа не сметам дека лесно ќе го освојат првото место, БИХ тука многу лесно може да ги престигне, ако Босанците успеат да победат на гостувањата кај Латвија и Литванија , мислам дека шансите за играње во Бразил ќе им се зголемат многу, дома мислам дека ќе ја победат Словачка.
Би рекол БИХ и грција тука ја минат групата.

Прво коло :

Линхештајн - БИХ
Литванија - Словачка
Латвија - Грција
Група Х
- Англија, Црна Гора, Украина , Полска, Молдавија и Сан Марино

Сан Марино прв , Молдавија втора :D
Ама одоздоле ако ја гледаме табелата.
Англија би требало да заврши прва, но како и секогаш , најверојатно и сега , ќе успеат да си ја искомпликуваат работата. шансите на Црна Гора мислам дека се минимални, додека од Украина и Полска, би ја одбрал Полска во втор фаворит во групата. Мислам дека Полска и Англија би ја поминале групата.

Прво коло :

Црна Гора - Полска
Молдавија - Англија

Група И
- Шпанија, Франција, Белорусија, Грузија и Финска

Интересна група. На прв поглед делува ко лесен пласман за Шпанија и Франција, но Белорусија може тука да им ги помати сметките. Белоруската репрезентација сега е составен од футбалери кои имаа успехи на малдинските Европски и Светски првенства, прилично опасен тим се сега. Но колку можат да издржат против поквалитетните Шпанија и Франција,тоа е прашање. Франција после бламажата на последното Светско , мислам дека ќе тргне доста мотивирана, дури би рекол дека има можснот да заврши прва пред Шпанија. Грузија ќе биде последна , додека Финсците имат силен напад, но слабата одбрана ќе биде пресудна тука, мислам дека на нивните натпревари ќе има доста голови.

Прво коло :

Грузија - Белорусија
Финска - Франција​
Јужна Америка
Овде се игра во една група, 16 натпревари вкупно , првите 4 се пласираат директно , додека петопласираната репрезентација ќе игра интерконтинентален плејоф. Бразил се пласираше дирекно како домаќин.

Деветте репрезентации кои се натпреваруваат во Ј.Америка се : Аргентина, Чиле, Перу, Боливија, Уругвај, Парагвај, Венецуела и Еквадор.​
Веќе се одиграа 6 некомплетни кола, моментален лидер е Чиле со 12 бода, зад него е Уругвај со 11, но и натпревар помалку. Аргентина се трети со 9 бода,додека Еквадор се четврти со 8 бода. ОВие 4 репрезентации моментално ги држат местата кои водат директно во Бразил. На петтата позиција е Венецуела со 8 бода.

7-мо коло :

Колумбија -Уругвај
Еквадор - Боливија
Аргентина - Парагвај
Перу - Венецуела​
Северна/Централна Америка и Карибите

Моментално се наоѓаат во третата рунда од квалификацискиот формат. Се Играт 4 рунди, од третата рунда се квалификуаат првите 2 репрезентации и во 4-тата рунда играт меѓусебе дома/гости со што првите 3 репрезентации одат дирекно во Бразил додека четвртопласираната ќе игра интерконтинентален плејоф.
Се поделени на 3 групи :

Група А : САД, Јамајка,Гватемала и Антигуа и Барбуда
Група Б : Мексико,Костарика,Ел Салвадор и Гуана
Група Ц : Панама, Канада, Хондурас , Куба

Во групата А , САД би требало да го освјат првото место, додека Гватемала и Јамајка би требало да се борат за втората позиција. АИБ не би требало да направат проблеми на ниедна репрезентација. Би рекол , САД и Гватемала ќе минат во 4-тата рунда.​
Групата Б би требало да ја поминат Мексико и Костарика, додека Групата Ц е најинтересна и според мене Панама,Канада и Хондурас ќе се борат за првите 2 позиции , додека Куба нема да игра некоја клучна улога. Би рекол Хондурас и Панама, бидејќи одбраната на Канада е тотална катастрофа.

Прво коло :

Јамајка - САД
Гватемала - АИБ

Ел Салвадор - Гијана
Костарика - Мексико

Куба - Хондурас
Канада - Панама

Африка
Моментално се игра втората рунда од квалификациите и репрезентациите се поделени во 10 групи со по 4 репрезентации. Само освојувачите на групите се поминат во третата рунда од квалификациите каде ќе играт меѓусебе дома/гости и екипите кои ќе ги освојат дуелите, ќе се пласират дирекно во Бразил. Значи од Африка одат директно 5 репрезентации.

Група А : Етиопија, Ј.Африка,Боцвана и Централната Афричка Република

Се игра третото коло од оваа група, лидери се Етиопија, додека фаворитите Ј.Африка се трето пласирани и заостануваат 2 бода зад лидерите.

Група Б : Тунис, Сиера Леоне, Екваториална Гвинеја и Зеленортските Острови

Лидери и фаворити се Тунис со максимални бодови ,додека зад нив се Сиера Леоне со 4 бода и 2 бода заостанување, а Екв.Гвинеја имат само 1 бод.
Група Ц : Брегот на Слоновата Коска , Мароко, Гамбија и Танзанија

Многу тесна група, разликата меѓу лидерите БСК и последнопласираните Гамбија е само 3 бода, има да се играт уште 4 кола, така да се е можно овде, Танзанија се изненадување со 3 освоени бода.

Група Д : Судан, Гана , Замбија, Лесото

Исто тешка група , разликата меѓу лидерот Судан и третопласираната Замбија е само 1 бод. Лесото не верувам дека имат шанси во волку тешка група.

Група : Е : Конго, Габон, Буркина Фасо, Нигер

Габон има прилично добар состав, веќе играа на Светско првенство за млади, имаа добар успех на овогодишниот Афрички Куп на Нациите и мислам дека ќе можат да направат нешто овде , моментално трката е меѓу нив ив Конго, и двете селекции имат по 4 бода.

Група Ф : Нигерија, ,Намибија, Малави,Кенија

Мислам дека тука Нигерија нема да има многу проблеми, моментално се лидери и иако табелата вели дека ова треба да биде тесна група, сепак мислам дека Нигерија без проблеми ќе се пласира во третата фаза.

Група Г : Египет, Гвинеја, Зимбабве , Мозамбик

Борбата треба да е меѓу Египет,кои се моментални лидери и Гвинеја ,кои се второпласирани. Зимбабве и Мозамбик немат доволно квалитет.

Група Х : Бенин, Алжир , Мали , Руанда

Ова е тешка група. Според мене нема фаворити, Мали се врати полека после тешкиот период, Алжир се секогаш меѓу првите фаворити во Африка, додека Бенин се разви во футбалска нација, барем на ниво на Африка.Руанда е топло-ладно и моментално делува дека само ќе биде топовска храна.

Група И : Либија, ДР Конго, Камерун, Того

На прв поглед се очекува борбата да биде меѓу Того и Камерун , но Либија се моментални лидери, ДР Конго се зад нив, Камерун со 3 бода е третопласиран, додека Того има само 1 бод и е последен. Сепак ова треба да биде доста тесна група.

Група Ј : Сенегал, Уганда , Ангола, Либерија

Би требало Сенегал, имат поголем квалитет од останатите репрезентации. Ангола може да се вмеша во борбата за втората позиција,но премногу нестабилно играт. Либерија и Уганда нема што да барат тука.​
Азија
Се игра 4-тата рунда од квалификациите. Моментално репрезантациите се подолени во 2 групи со по 5 репрезентации , се игра дома/гости. Првите 2 репрезентации од секоја група идат дирекно во Бразил , додека двете третопласирани ререзентации поминуваат во 5-тата рунда и играт натпревар меѓусебе по што победникот ќе игра интерконтиненталенплејоф за пласман на Светското.

Група А : Ј.Кореја, Катар, Узбекистан,Иран и Либан

Група Б : Австралија, Јапонија, Ирак, Оман и Јордан

Од група А очекувам Ј.Кореја и Иран да поминат директно,додека Катар или Узбекистан да минат во 5-тата рунда.Најверојатно Катар ќе биде тоа, бидејчи многу вложуваат во селекцијата( и се следните домачини на Светското во 2018), додека Узбекистан падна , пред некоја година најавуваше доминација во Азија, но им се распадна играта.

од Група Б борбата треба да биде меѓу Австралија,Ирак и Јапонија. Моментално Јапонија бега 5 бода пред другите 4 репрезентации, Австралија и Ирак имат по 2 нерешени во првите 2 кола, така да би рекол Јапонија иде директно , а одлукувачки ќе биде дуелот Австралија - Ирак и Ирак - Австралија за втората позиција. Оман и Јордан се среќни што стигнаа до оваа фаза.





 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.123
Поени од реакции
20.988
Со „Бразука“ ќе се игра на СП 2014

Натпреварите на Светското првенство во фудбал во 2014. година ќе се играат со топката „Бразука“, одлучија навивачите во Бразил.



Честа да ја претстави официјалната топка на претстојното Светско првенство ја имаше поранешниот бразилски репрезентативец Кафу.
Производител на топката е Адидас, кој од 1970. година ги креира официјалните топки за Мундијалите, а овој пат беше инспириран од елементите на националната култура на Бразил.
„Бразука“ е неформален термин кој Бразилците го користат да ја опишат националната гордост, а избран е во конкуренција на имињата „Боса Нова“ и „Карнавалеска“.
Конечната одлука ја донесоа навивачите на бразилската репрезентација кои во минатите три недели гласаа и прв пат во историјата на светските шампионати директно учествуваа во избирањето на име на топката.
Официјалната фудбалска топка секогаш претставува симбол на турнирот. На СП во Аргентина во 1978. година беше „Танго“, во Мексико во 1986-та беше „Ацтека“, во Јапонија 2002 се викаше „Фивернова“, а во Јужна Африка во 2010.година беше „Џабулани“.
„Бразука“ ќе биде првата топка што ќе се користи на СП која ќе има вградена технологија за сигнализирање кога е постигнат гол, а првите мечеви со ваквата топка ќе се одиграат во декември на Светското клупско првенство во Јапонија.
 
B

Beck's

Гостин
Albania ne e najslaba vo nivnata grupa. Da bese vo grupa A mesto Makedonija ke te svatev nekako ama vaka ne;)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Па Албанија има најслаба група ако не направи сега нешто никогаш веќе. Ама и они како нас се хендикепирани во средниот ред, играат со срце да, ама на сила јбг, никаква креативност....
 
B

Beck's

Гостин
Па Албанија има најслаба група ако не направи сега нешто никогаш веќе. Ама и они како нас се хендикепирани во средниот ред, играат со срце да, ама на сила јбг, никаква креативност....
Tocno, i ja mislam deka sega imaat sansa za nesto poveke od drugite godini. Slaba grupa se na se zatoa sansite postojat, a i veruvam deka ke im odkinat nekoj bod na svajcarcite idnata nedela, ke imaat neverojatna podrska od tribinite
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Albania ne e najslaba vo nivnata grupa. Da bese vo grupa A mesto Makedonija ke te svatev nekako ama vaka ne;)
Тоа е мое мислење. Кипарскиот футбал е во подем , Исланд со години играт офанзивно без одбрана, додека Албанија ни голови не може да даде. Молдавија 0:0, Македонија 0:0 , беа поразени дури и од Луксембург 2:1 и Грузија 2:1 . Нека бидат среќни ако не завршат последни во групата.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.308
Оваа е наша година сто посто. Еве ако не оваа следни квалификации идеме на ЕП/СП сигурно.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
Оваа е наша година сто посто. Еве ако не оваа следни квалификации идеме на ЕП/СП сигурно.
Цело време исто:D, ама надеж.
Брат се у ред убав вовед ама фуТбал бе:facepalm:
Не само тоа, следното светско не се игра во Катар, туку во Русија, а во 2022 во Катар.
 
М

Мартин`

Гостин
Хрватскиот национален сојуз го поканил Мурињо на натпреварот Хрватска - Македонија и овој прифатил :) еве мотив плус на нашиве да дадат максимум и да изиграат како што треба на натпреваров па зошто да не и да земат некој бод против Хрватска.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Да, да, ќе ги осоколи Мурињо сигурно. Овие нашиве само пари може да ги осоколат, ништо друго. Море ни тогаш бе...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ах ко демек Мурињо туку така ќе е магепсан од само една добра партија ако пружат. Не се глупи управите на големите светски клубови од една утакмица да формираат мислење :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom