СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Алал да им е на Металург за Младеновиќ и Мрчец. Какво бекче е Младеновиќ, ептен ми се бендиса. Орката што се замислува, еден куп топки потроши човече, бог и батине се замислува, што му дал Чиката толкава слобода. Арсиќ и тој одлична партија имаше, ако продолжи вака барем ќе имаат солиден голман. Уште еден пикер да донесеа добар, со оние тенковите што не можат да се свртат ништо не прават. Фитилот нека си го фати патот некаде, срамота е онаа Орката да троши по милион топки на утакмица, небаре Хансен е.

Вардар очаен вчера, освен неколку поединци. Се знаеше дека ќе чкрипат на пикер, Фереира е тепило, има градба и се, ама не може кутриот топката да ја фати. Марсениќ е со интелегенција во минус, така да лошо им се пишува. Чупиќ и тој е во слаба форма во последно, ептен промашува и зицери и пенали, ама сепак прва утакмица му беше, верувам дека ќе си ја покаже класата тој. Борозан е изгубен скрос, дали навистина не е за тим на вакво ниво или нешто друго е, којзнае, ама очај е. Деревен јас мислам ќе си ја поврати формата, сепак има луксуз Вардар сезонава на лев бек, овие двајца + Канељас може да одигра. Според мене ќе си имаат проблеми на пикер, а и одбрана им треба уште некој касап, али ајде само што почна сезоната, со Абутовиќ и Македа сигурно ќе е подобро.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.374
Поени од реакции
6.898
Лани во Септември-Октомври газеше Вардар, па како одминуваше сезоната паѓаа во формата. Не е толку битно колку се добри на почеток битно е како ќе играат на пролет за вакви екипи. Од тие причини не сум толку загрижен за реално катастрофалната за нивни стандарди игра на почетокот на сезоната. Се гледа од километар дека доста експериментираат и во оваа фаза од сезоната тоа е ок. Реално играат постави што нема да ги играат против сериозни екипи особено не во ЛШ. Макар што тоа не е изговор. Секако дека имаат далеку поголеми "имиња" од оние што ги има Металург за вака да се мачат.

Металург од друга страна според мене во рамки на очекувањата. Постепено го надградуваат она што почнаа да го играат при крајот на минатата сезона и го продолжија со новите засилувања во подготвителниот период на оваа. Младеновиќ и Арсиќ се прилично добри засилувања а и не се изнаенадување и двајцата беа повикувани за српската репрезентација оваа година. Марчец делува доста снаодливо, макар што сеуште не се има којзнае колку покажано како класично крило (реално ретко и добива топки). Брајовиќ е солиден шутер, ќе брка работа, ама после пикер десен бек ќе биде најкритична позиција во екипата.

Од нашите Талески мислам дека полека но сигурно постојано напредува и е до некаде потценет овде на Кајгана затоа што долго е извикан како талент (со право е загрижен Ф.Лазаров што избега во Романија за да си го спасува местото во репрезентацијата). Кузмановски постепено ја враќа формата од минатата есен иако во нешто поинаква улога. Добро е што одбраната е базирана на нашите млади играчи кои може да играат во два правци, тоа ќе биде сигурно голема добивка за репрезентацијата на подолг рок.

Се на се екипата многу повеќе ми се допаѓа од минатата сезона, дури и без Божовиќ. Лани на стартот беа очај, Божовиќ беше 70% од екипата, сега личат на посериозен тим.
 
И

Игнориран член

Гостин
Кузмановски на сметка на Талевски е принуден да игра на среден бек и да се уфрла како двоен пикер постојано, за да орката билда статистики за да можи чевларот да набие цена за продажба.
Ако не смени Кузмановски средина за брзо, се плашам дека ќе го претворат во играч од типот на Јоновски, да биди одбранбен труп!!
Дечкото има страшен скок шут, асистира, игра без топка, класичен лев бек, позиција на која играше во Пелистер постојано.
Читам секаде по портали дека и Дрогришки го пишат ккао среден бек а тој никогаш не заиграл на та позиција.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Оваа игра им ветува на Вардарци Ф4 :P
Инаку кој гол го стегна Стоилов... :D
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Оваа игра им ветува на Вардарци Ф4 :P
Инаку кој гол го стегна Стоилов... :D
Не се оди на Ф4 од една утакмица, долга е сезоната. :)

Само што почна сезонава, допрва ќе се темпира формата на клубовите, не е ни ЛШ почната. Везпрем без Палмарсон, Гајиќ и Анчин. Плус Благотиншек и Копљар, допрва ќе се уигруваат тие, нема да е се на старциве, Илиќ и Наџ. Башка утре треба да играат со Металург, не ни форсираат толку второво.

Вардар добра партија изигра, добро е ова после тоа црнило со Металург. Покажаа доста слабости некни, eдна е немањето пикер. Допрва ќе бидат вистинските тестови.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.374
Поени од реакции
6.898
Фантастичен старт на СЕХА лигата. Дури и над очекувањата би рекол е нивото, а очекувањата за оваа сезона беа високи. Веќе 15тина натпревари се одиграа и практично сите освен евентуално Мешков Брест дома со Извиѓач (11 разлика) беа исклучително компетитивни. Едноставно нема слаби екипи и дома сите се опасни против секого. Кога еден Металург кој веројатно ќе заврши во долниот дел од табелата се држи до самиот финиш со 3 екипи од топ 10 во Европа, кога Извиѓач губи само еден разлика од славниот Целје, кога Веспрем одвај има позитивна гол разлика... Се е јасно.

Дефинитивно голема добивка за сите екипи кои учествуваат. А ефектот не е спорен. Очигледна е добивката која ја имаа од оваа лига последниве 4-5 сезони. Вардар, Загреб, Мешков Брест, Татран Прешов, Нексе, Веспрем, Металург, Извиѓач секој на свој начин доста профитираше од значително поголемиот број на квалитетни натпревари. Добија и србите, ќе добијат и словенците.

ТВ присутноста постепено исто така се подобрува и мислам дека сезонава буквално сите натпревари се пренесуваат на најмалку една телевизија, а многу веројатно и на повеќе (и домаќините и гостите). Единствено сеуште е слабост посетеноста, но за таа да се подобри ќе мора да се поработи на стабилен распоред. На пример тешко е во период кога има еден куп спортски настани за пратење да се бара поголема присутност на публиката, ако имате 5 натпревари дома со по 3-4 дена разлика во само 20тина дена како што има Металург. Од аспект на посетеност тоа е самоубиство. Да се надеваме за идната сезона лигата ќе најде начин како да го реши и овој проблем и да се усогласи колку што е можно распоредот со ЛШ и со домашните првенства.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
@Xsago тешко е што викаш да се има посетеност на сите натпревари, кога се играат во краток временски интервал на секои 2-3 дена. Ама и тимовите гледаат да изиграат што е можно повеќе натпревари сега, за кога ќе почне ЛШ да не имаат толку густ распоред. Еве еден Везпрем доаѓа во Скопје со цел да ги изигра двата натпревари во два дена, башка и што во Унгарското првенство веќе имаат изиграно 8 натпревари, за разлика од другите клубови кои имаат по два.

Ете и Вардар има помала посетеност на натпреварите во Сеха, тешко е да се има полна сала на секои 3 дена, не е ова Бундеслига. :icon_mrgr: А и изгуби доста Вардар со Комити, многу повеќе и обична публика имаше кога беа тие на трибина.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Имаат термини во работни денови најчесто што е малце заебано а и интерсот за лигава е помал од навивачите и обични гледачи ко шо гледам деца поке одет и постари (ок е таква ни е и државава младина немат).Оние што сакаат да гледаат си одат редовно кога можат ама има онакви кој одат да си ги сликаат ноктите или напрчената уста од такви и оној што сака да гледа ке му одмилит и одење и све и после коа ке дојдат од ЛШ утакмициве таквите пластики и овие од други градој пред нив ке дојдат до карта и толку е ке изгубит интерес .Конкретно на Вардар од градов шо ги знам кој гнојој се бидени не ми се ојт дека ке се осекам ко в штала а не во сала јас ни на турниров овде Струга не сум ојден 5-6 години немојш гнојон смрдит лошо
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Горење се послаби од Еурофарм.:eek:

Македа без брада.:icon_lol::icon_lol::icon_lol::pos: Дивиот се разбрани.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Радува кај Вардар што го разиграа Фереира, тепило беше во напад за Кил, засега сосема е солиден. И Столе беше одличен денес, уште кај Марсениќ и Борозан да се средат бубачките некако, ама за тоа изгледа нема спас. :icon_lol:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.995
Поени од реакции
9.723
Со Борозан треба да се поработи да не избрзува со шутеви од надвор ( ама добро тоа е и работа на искуство) како ќе поминува време верувам дека ќе се среди и тоа кај него. Плус да можат малце да го научат да асистира до пикери и да шири на крила кај ќе му биде крајот. Ама тоа не иде така лесно, ако го немаш у себе. Ќе видиме, сеа за сеа врши работа со тоа топот у рука. Најголема добивка годинава е дефинитивно големиот ростер. Сите се одморни, може да се игра на високо ниво во сите 60 минути, а тоа секако е предуслов за една екипа да стигне до Ф4. Загрижува повредата на Недановски, најмогу заради тоа што остануваме само со Дибиров на таа позиција.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Леле,леле па послаб напад од онај на Металург нема,во историјата на СЕХА,која мизерија е она бе,ај Струмица местеа,толку им беше силата,ама шо е она бе?
Срамота,резили невидени:popce:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.243
Поени од реакции
16.387
http://kajgana.com/gugleta-go-spasi-metalurg-od-poraz-kaj-izvigjach

гледав на Собраниски од 25 минута, кога стана +2 за извиџач сменив канал, веќе се прослави 2-та победа на Извиџач.... ова сеа читам дека нерешено и не ми е јасно, ..А колку ли :angel: беше коефициентот за Х ...
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.417
http://kajgana.com/gugleta-go-spasi-metalurg-od-poraz-kaj-izvigjach

гледав на Собраниски од 25 минута, кога стана +2 за извиџач сменив канал, веќе се прослави 2-та победа на Извиџач.... ова сеа читам дека нерешено и не ми е јасно, ..А колку ли :angel: беше коефициентот за Х ...
Во СЕХА лигата на големо се местат натпревари, види само кој против кој колку пати имаше Х изминатите неколку сезони и одма ќе ти стане јасно.

Единствената добра работа е што пола од тимовите играат ЛШ, па оваа им е одлично место за уигрување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom