СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.215
Поени од реакции
4.959
@Ireal
Калакурница е оваа година СЕХА, не е така како шо пиша....
До сеа шо играја во групна фаза А и Б група по три тима, одат сите 3 понатаму, само играа за место, односно бираа противници за понатаму.
Веспрем и Загреб одат дирек 1/8 финале како минатогодишни финалисти од СЕХА.
Па и дополнително биле поделени сега Исток и Југ групите :facepalm:
Се избудалија малце, го ебаја цел формат ова со руските/белоруските екипи, па сеа ги вклучват и нив ама прво играт кај нив таму група на Исток како до сеа шо се играше на Југ. А капак на се е шо завршницата нема да е повеќе во Задар, туку си ја зедоја таму во Санкт Петербург :tapp:
Така да дури да стигниш до Ф4, треба да изиграш милион утакмици :D

Нексе не е испаднат, туку како 3то пласиран од група А, оди на финалистот во 1/8 финале од лани то е екипата на Загреб, а другиот финалист Веспрем чека кој ќе заврши 3 место од групата Б. Така да Загреб и Веспрем си чекаја кој ќе биди 3 место од А и Б група, а беа ослободени од разигрувањето во група.
Војводина како 1во пласирана од група А, го чека противникот во 1/8 финале оној што ќе заврши 3 место од групата Б, таму уште не се знај има двомеч помеѓу Партизан-Прешов. Така да тука сите комбинации се во игра и како шо кажа Вардар можи да е прв, ако двете утакмици меѓу Партизан со Прешов завршат нерешено (шо не знам колку е можно :D ) една кој и да тепа, тогаш Вардар дефинитивно нема да е 1 и ќе биди 2 или 3 место, во зависност од гол разликата ако се создаде мини табела.
А Пелистер како официјално 2 место, чека противник кој ќе биди 2 место од група Б, таму кој и да биди победник од двомечот ќе го дај противникот на Пелистер.

Па после тоа се поделени како во пар двојките од Југ, па за во 1/4 финале секој чека противник од истокот.
Од парот 1 кај шо е Веспрем оди мислам на Перм Беарс.
Парот број 2 од Загреб-Нексе, на 1/4 финале оди на Ска Минск.
Пар 3 од Војводина -(???) оди на Мешков Брест.
Пар 4 Пелистер -(???) со Чех.Медведи

Втората половина на Април се првите 1/4 финални утакмици, па одма следната недела се реваншите, а претнодно треба да се изиграт 1/8 двојки.
Ќе се испоти чоек дури да го разбери форматот :pos:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Лигава изгуби сериозен натпреварувачки карактер во 2017, а 2018 најверојатно беше последниот обид да се направи нешто. После финалето во Скопје во 2018, веќе нема смисла ова натпреварување, зошто почнаа лагано да го сфаќаат сите, и се откажаа словенските екипи.

Од короната наваму, смешки е веќе тоа што се дешава, што е голема штета. Да не беше толку доминантен Вардар, заедно со Веспрем, може ќе опстанеше лигата, ама реално немаше поента, зошто бајаги беа појаки од другите екипи, и со тоа се изгуби секаква напнатост.

Сега, со хрватските, македонските, српските, словенските екипи со приближен квалитет, би било далеку посериозно и поинтересно натпреварување, без Веспрем. Ама мислам дека веќе е касно да се возобнови овој проект.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533

Реално првите неколку години беше најкорисна лигата - кога беше повеќе ex-Yu отколку некаков си Газпром проект. Во таков формат ако се врати има некоја надеж. Во секој случај за спонзор ќе биде екстремно тешко....
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Редно беше да згасне лигава, веќе стана смешка од лига. Слободниот пад според мене започна уште во сезоната 2019/20 кога на лигата се приклучија Кинезите, а сезоните кои следеа беа се посмешни и посмешни.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Редно беше да згасне лигава, веќе стана смешка од лига. Слободниот пад според мене започна уште во сезоната 2019/20 кога на лигата се приклучија Кинезите, а сезоните кои следеа беа се посмешни и посмешни.
Многу добра идеја е да се има таква лига ама за жал не успејаа финансики да ја оддржат. За жал
 
Kajgana Shop

На врв Bottom