СЕХА - ГСС лига

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од ziko bt, 17 март 2010.

  1. ziko bt

    ziko bt Гостин

    Од есенва регионална ракометна лига
    [​IMG]
    Веќе е најден спонзор што ќе ги покрие патните трошоци и за официјалните лица, ќе играат вкупно десет машки екипи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и од Црна Гора
    Есенва треба да почне функционирањето на новата машка регионална ракометна лига, во која треба да има и две македонски екипи, Вардар про и Металург. Меѓу десетте тимови што ќе бидат во таа лига, покрај македонските, уште се и екипи од Србија, Хрватска, Црна Гора и од БиХ. Треба да се игра двокружно, секој со секого, по еден меч во гости и дома. Лигата веќе има обезбедено и спонзор што ќе ги покрие трошоците за патување на тимовите и на официјалните лица. Клубовите ќе треба само да најдат локален партнер за да ги покрие трошоците за сместување на гостинските тимови. Со ваквата лига земјите од регионов би требало да најдат начин како да им обезбедат повеќе квалитетни настапи на екипите, да се вратат публиката и спонзорите, а ракометот повторно да биде меѓу доминантните екипни спортови. Секоја федерација би требало да си го усогласи сопствениот календар на натпреварување во домашното првенство.

    Местата во регионалната лига се загарантирани за федерациите, но не и за клубовите. Тоа значи дека бројот на тимови засега ќе биде фиксен, десет, но клубовите што би играле може да се менуваат.

    Ова е втор обид, а прв посериозен во кој се вклучени и националните федерации за формирање на ваква регионална ракометна лига. Првиот обид, пред повеќе од седум години, не успеа. Тогашната Средноевропска лига се играше една сезона, а втората не заврши. На состанокот на претставниците на националните федерации, на 12 април во Белград, треба да се договорат деталите за новата лига и начинот на кој таа би функционирале.

    - Има согласност од федерациите на овие пет земји за почеток на таква лига. Нам тоа многу би ни одговарало. Остануваат детали за договарање, но сигурно е дека ваква лига ќе има. Седиштето на лигата треба да биде во Сараево, барем првите две години - вели Марјан Начевски, в.д. генералниот секретар на РФМ.

    Желбите се да се формира регионална машка ракометна лига што би ги обединило најдобрите клубови од просторите на бивша СФРЈ, плус Унгарија. Засега надвор од системот веројатно би останала Словенија, но не е исклучена можноста и тие да се приклучат, па дури и екипа од Романија.
    Ќе играат само бренд-имиња

    Целта е во Лигата да има препознатливи имиња во ракометниот свет, што може да придонесат за подобрување на имиџот, а би имале доволно силни тимови. Од Македонија планирани се: Вардар и Металург, чии управи се согласиле да бидат дел од таквиот проект. Од Србија би учествувале Партизан, Ц. Звезда и евентуално Колубара, од Хрватска е сигурен Кроација Осигурање, а од БиХ е Босна. Можно е да има екипа и од Црна Гора, но ќе треба да се докаже со квалитет пред да им биде дозволено играњето.

    Проблем е што Србија сака да има три тима. Федерациите се расположени да има трет тим во лигата, Колубара, а другите федерации сакаат потврда дека тоа нема да биде случај и во иднина, да играат тимови што немаат долга традиција и добри резултати во континуитет.

    - Сакаме да имаме клубови што ќе бидат бренд имиња, што ќе привлекуваат спонзори, публика, ќе има полни сали. Тоа го можат само оние што се веќе докажани. Секој ќе сака да игра, но мораме да имаме висок квалитет, вели Начевски.
    Се враќа играњето плеjоф

    За да се усогласат термините на играње на клубовите во регионалната лига и домашното првенство, од следната сезона во Македонија ќе се игра и плејоф. Според планот, Вардар про и Металург ќе играат во регионалната лига, но не и во домашното првенство. Таму би се приклучиле дури во плеј офот. Домашната лига би била со осум екипи, кои би играле четирикружно, а потоа најдобрите две или четири ќе играат заедно со Вардар и Металург во плејофот. Победниците од плејофот, следната сезона ќе играат во Регионалната лига.

    - Промените треба да минат на Собрание. Прво ќе ги видиме и договориме деталите со колегите од другите федерации, а потоа ќе го презентираме тоа на Собрание на РФМ. Би било одлично да имаме екипи што би играле во таква лига, вели Начевски.

    В година Македонија може да пријави пет екипи во европските купови, а пак најмногу се очекува од Металург и Вардар про.
     
  2. Supervisor

    Supervisor .

    Член од:
    28 јули 2008
    Мислења:
    10.785
    Допаѓања:
    3.520
    :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

    Конечно!!!
    Браво!
     
  3. INFERNO`

    INFERNO`

    Член од:
    10 октомври 2009
    Мислења:
    2.839
    Допаѓања:
    1.009
    Добра идеја и ќе биде добро ако на крајот навистина има ваква лига.
     
  4. Шота Буби

    Шота Буби нотар

    Член од:
    4 март 2009
    Мислења:
    3.087
    Допаѓања:
    1.776
    ајде да им покажеме кој е кој,Вардар,Металург а можда наскоро и Пелистер...верувам дека со ова лига ќе се кренит квалитетот на нашата прва лига и истовремено ќе порофитира нашата репрезентација...Многу убава идеја,само да се остварит а не да останит како желба...
     
  5. SanIker

    SanIker

    Член од:
    21 септември 2008
    Мислења:
    13.260
    Допаѓања:
    9.172
    За мене ова е одличен потег, конечно ќе може на балканот да гледаме натпревари помеѓу силни противници, а не како што беше досега, а и сеуште е, каде само 1-2 тима играат силен ракомет во целото првенство, било тоа да е во Македонија, Србија или Хрватска.
     
  6. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    6.037
    Допаѓања:
    2.719
    После ова јас мислам дека е најдобро да се откажеме од игарњето на ракомет во нашата лига што ќе се ебаваме ние овде а после да игарме со имината на македонскиот ракомет (koj patem znacat nesto i ke nosele publika vo ovaa liga ):tapp:
    види мајката металург и вардар нека си играат во таа лига мама мора и тука да играат во нашата лига како тоа ќе се приклучеле во плеј офот мора да му се изнаебам на михајло и на РФм од една страна плачат немале праи и секој месец ги бркаат од просториите на рфм а сега имале за региноална лига абе се педер до педер :uvo:до кај ќе одат вака јас стварно не знам барем сега на некоја утакмица односно на утакмицата со рквардар во Битоланека му ги искрашат тоа големите глави на тие челниците наши па да има за што не одбегнуваат нас името и историјата на Македонскиот ракомет РК ПЕЛИСТЕР:salut:
     
  7. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    Ти дечко нешто многу исфрустриран си,полека смири живци.
    Па нормално дека на почеток ке играат Вардар и Металург кога се најаки,па од следната сезона ке има плеј оф во нашата лига и тие што ке играат финале ке изборат пласман во регионалната лига
    Направете и вие силен тим па може ке изборите пласман во регионалната лига
    Затоа не рипај пред време согледај ги реално работите.
     
  8. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    6.037
    Допаѓања:
    2.719
    Што било ова само глупости да с кажваат вистина е дека тие два тима се најдорби годинава ама то ане значи дек атие треба да играат вгодина во лигата можи ние да имаме најдобар тим вгодина и сега што правиме и од каде овие тимови да привлечат повеќе публика од нашиот тим ?кој го зане металург тоа тие исто како да има регионална лига во фудбал и наместо вардар и пелистер да играат ренова и работнички и сега што правиме ?
    друго со кое право да му ебам правото на михајло вардар и металург ќе се приклучеле ЧИТАЈ ПРИКЛУЧАТ ВО ПЛЕЈ ОФОТ ШТО СЕ ТИЕ нека си игратаат во лигата како и сите други па ако изборат место во плејофот нека играат а вака што ќе биди ние ќе играме во преспа и тиквеш и после со кој друг со мрк врадар на што ќе личи лигата наша нека ја укунат тогаш и трето кажими ти паметен како ќе играат другите екипи звезда партизан загреб во нивните лиги а овие нашите ќе бидат звезди и ќе се уклучеле во плеј офот :tapp:
     
  9. Ivica^

    Ivica^ Confident Liar

    Член од:
    14 август 2007
    Мислења:
    7.991
    Допаѓања:
    7.487
    Ко прво немате еден ебан стабилен спонзор и дај молим те не можеш да го споредиш годинашниов Пелистер со годинашниве Металург и Вардар.
    Ако ова се реализира, ваљда нема да трае една сезона.
    Изградите тим, бидите стабилни финансиски па ќе обезбедите пласман у лигава.
    Глеам имаш 29 год, однесувај се како таков!
     
  10. DracevoTheCity

    DracevoTheCity Чиста Македонија !

    Член од:
    7 ноември 2008
    Мислења:
    8.335
    Допаѓања:
    8.656
    Добра идеа
    се надевам ќе се реализира,само не ми се свиѓа оној делот,што Вардар и Металург би се приклучиле само у плеј-офот
    малце дебилно е
     
  11. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    6.037
    Допаѓања:
    2.719
    Кочи малку оваа лига не е за тимовите од денес туку од на есен ете ако ние имаме подобар тим и сег ашто правиме ќе игарме ние од другата година а тогаш можеби да имаме по слаб тим и како тоа ако изградиме тим ќе игарме во лигата кажи кога е дозволено само на два тимови да играат од нашата држава што треба да се направи да играме цела сезона па и врдар и металург да зависат само од две три утакмици дали ќе играат тие во лигата регинионална со тоа што само толку утакмици ќе изиграат во плеј офот и што значи ако изгубат во плеј офот нема д аиграат во региналната лига
    Дај одгоборете ми ако има регионалана лига во фудбал кој треба да игра ренова или вардар ?и кој ќе бери повење публика металург или пелистер во ракомет во другите држави и едно да вие јасно со самото приклучвање во лигата идат и спонзори сакаш локални сакаш балкански а ако си надвор од тоа црно ти се пишува кој е тој будала спонзор што ќе даде пари за ете Пелистер кога ќе игра само со перспа тиквеш мрк врадар ?
    Одговорете на другото прашање како можи другите екипи да играат во нивните лиги звезад партизан босна и загреб а ове нашите гиганти не можат да играат со нас односно ќе дојдат на готово во плеј офот :uvo:
     
  12. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    Абе не гледам што не ти е јасно,ако Пелистер има најак тим другата година ке игра во финале на плеј оф и ке избори место во регионалната лига.
    Точно е тоа дека Пелистер заедно со Вардар ја имаат најдобрата публика,но сепак реално за првата година е Металург и Вардар да играат,па за следните кој обезбеди пласман тој ке игра
    Ако ме држи добро памтењето мислам пред неколку години имаше налик на оваа лига и играа Пелистер и Вардар.
    Инаку за регионалната лига ова ке биде доста добро и за нашите екипи кои играат во Европа бидејки ке имаат повеке тешки утакмици,за разлика од кај нас каде годишно само четири до пет тешки утакмици имаат и кога ке дојдат настапите во Европа делуваат неспремно.
    Чист пример беше годинава Металург.
     
  13. Supervisor

    Supervisor .

    Член од:
    28 јули 2008
    Мислења:
    10.785
    Допаѓања:
    3.520
    Вака во таа лига што би се формирала најсилни екипи убедливо се Загрев и Металург. Србите немаат екипи односно Партизан и Ѕвеѕда се послаби од Вардар. Босна Сараево е слаба екипа и нема силен спонзор. Тоа значи на Металург ќе му одговара да игра се додека не се приклучат екипи од Унгарија и Словенија бидејќи тие држави имаат врвни лиги со голема конкуренција. Вардар може да има добар пласман но прво се надевам дека ќе се решат да се приклучат бидејќи од финансиски аспект ќе треба многу. Ако некои екипи немале средства за во домашната лига како што беше случајот со Пелистер тогаш илузорно е да се надеваат да играат во ваква лига ќе треба многу силни спонзори дури се сомневам и дека Вардар ќе се приклучи.
     
  14. Ivica^

    Ivica^ Confident Liar

    Член од:
    14 август 2007
    Мислења:
    7.991
    Допаѓања:
    7.487
    Абе златен, ако на Пелистер репер му е да учествува во оваа лига треба да се потрудат од клубот да го остварат тоа. А не една сезона да имаат тим достоен за почит а наредна да бидат топовско месо.
    И нека се игра плеј оф што мислиш кои 2 македонски тима ќе изборат пласман ама искрено кажи си?
     
  15. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    6.037
    Допаѓања:
    2.719
    Слушај сребрен на кој ќе му дозволат од нашиот клуб да преговара за да с еприклучи во регионалната лигата михајло и минчо ?
    хипотетички ете сега на лето наоѓаме стабилен спонзор и имаме јак тим што правиме тогаш кој ќе игра од претходната најдобри тимови така и ние сме прваци вгодина пак хипотетички кој ќе игра тогаш ?знаш кој јас ќе ти кажам пак истите тимови оти ова не е како што ќе му текни на некој туку се прави стратегија за неколку години унапред и се даваат гаранции дека ќе играат тие тимови што значи и ние да бидеме први минимум уште една сезона ќе играат истите тимови металург и вардар освен во слуќај самите не се откажат од учеството во лигата и се ослободи место
    Дајте одговорете ми на пражањата ?
    Зошто нема да играат во првенството и ќе се приклучат после ?тогаш се прави штета на целата лига и ќе биде аматерска за доброто на два клуба страда целата лига и општо ракометот во државата
     

Сподели преку: