Добар шамар доби Меј, ама вистинското прашање е, што сега?
Хард брегзит изгледа како најверојатниот исход во овој момент, што значи дека од утре all hell will break loose.
Мене само не ми е јасно, дали стварно мислеа дека од ЕУ ќе добијат подобар договор од овој. Стварно веруваат дека природно им следува некаков преференцијален третман од континентална Европа, и дека останатите членки на ЕУ се должни да го понесат товарот за нивните политички грешки и желби.
Неверојатно е каква имплозија им се случува во последните 2 години. Изгледаат како разгалени адолесценти во меѓународната политика. Никој не знае што сакаат, ни па самите очигледно знаат што сакаат. Серија на политички мискалкулации и блефови, од ситуација на глобални победници ги доведе во ситуација на политички, економски и социјален хаос за период од само неколку години. Иронијата да биде поголема, они се една од државите кои имаа најголем бенефит од вака структурираната ЕУ. Ова е државата која, наводно, без проблеми успешно ќе маневрира во глобализираниот свет од 21 век, без да им биде ограничуван потенцијалот од бирократизираната ЕУ? Ако овие преговори им беа толкав проблем, до ситуација да не можат 2 години меѓусебно да се договорот што сакаат да добијат од нив, што ќе се случи кога спроти нив ќе седнат џинови како САД или Кина.
Колку и да не сакаат самите да признаат, никогаш како унија не расчистија со своето империјално минато, ниту се помирија со својата нова улога во меѓународната политика. Можеби ги изгубија териториите, но нивната политичка класа го задржа мајндсетот. Тоа што одбиваа да престанат да ги хранат тие митови и кај своите гласачи, на крај доведе да мораат и самите да веруваат во нив, или барем да се однесуваат како да веруваат во нив.