Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
15 ноември 2014
Мислења
324
Поени од реакции
314
Еве ти факти за економијата на УК од 3 (трет) квартал :
УК + 0.6%,
Германија е негатива - 0,2%
Франција +0,4%
Италија ти е 0

Дури и Германија имаш народ по улиците.
Ne gi citash rabotite dokraj. Tie -0,2% se vo sporedba so pretfodniot 2.Quartal., procistenata realna vrednost e +1,1%. 3.Quartal sekako ne e merodaven, optereten e so sezonski faktor, letni odmori.

2017 integralno:
V.Britanija : 2,622 Billionen USD (2017) (1,7%)
po glava/zhitel: 39.720,44 USD

Germanija: 3,677 Billionen USD (2017) (2,2%)
po glava/zhitel: 44.469,91 USD

Nevrabotenost: Germanija so 3,5% vo Juli e za 0,5% podobra od UK. (spored evropskiot metod na presmetuvanje).

Suma sumarum argumentite ne ti se bash najsilni, kluchnite EU drzhavi DE, AUT, NL, skandinavskite imaat visoka konjuktura i nedostatok na kvalifikuvana rab. sila, osobeno na visokokvalifikuvani.
 
B

Bafra

Гостин

Прво викате економијата на УК ќе доживее колапс, кога добиваш податок дека не само што нема колапс, туку и расте, некакви толкување си вадите. Па споредуваш вработеност Германија со УК, а да земеш да споредиш низ цела ЕУ, Италија, Шпанија, не дај боже останати, нели ЕУ ја гледате како целина и како моќен фактор ... Пишав, нормално да има турбуленции и трошоци во УК при бегање од бродот, ама живи ќе останат, автоматски и посилни од останатите.

Фараж на линкот убаво сликовито објасни. Пробајте да не дупите, ќе воведеме тарифи на автомобилите, па да видиме каква ќе е Германската индустрија тогаш и како ќе реагираат работниците таму.
Незадоволство во УК има или низ ЕУ земјите, чии буџети / долгови се неодржливи :toe:

Ај да не си губам време со бесплатни лекции, биди ми здрав и среќен, па ќе збориме чии аргументи биле силни, посилни или најсилни.
Хаосот низ ЕУ допрва почнува, па баш да видиме какви реформи ќе произлезат од сето тоа. :popce:

Oti be na ignor. Bas e zabavna:).
Луѓе кои не читаат туѓи постови, а се впуштаат во дебати се ко жени на селска чешма :lut: и не се по мој вкус :D. Плус сега прочитав некои други постови читам го застапува истото што јас го пишував пред 1-2 години а тој се спротивставуваше и исмејуваше :facepalm:
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не ме читај бафра...раат сум од твоите шизофрени постови кои ни сам не си ги разбираш (y)
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
momentalnata volja e izrazena vo referendumot a toa e izlez. anketi ne se referendum. london ne e cela britanija. neznam sto ne ti e jasno, imase referendum narodot se izjasni.
Не бе кано, тоа е волјата во 2016. Волјата на граѓаните моментачно не ја знаеме, а анкетите велат дека тоа е римеин. Ако анкетите беа изедначени или мнозинството беа брегзит, тогаш немаше да има основа за втор референдум ама во со овие бројки и те како може да се бара и треба да се спроведе.
Пак ќе кажам не знам што толку сте против втор референдум ако сте сигурни дека народов е.пресреќен со тоа како се спроведува брегзитот. Им ветуваа брда и долини, а на крај no deal ќе остане единствено решение за брегзит.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.324
Поени од реакции
22.628

i sto sega sekoj 2 god da se pravi referendum? vo 2016 toa bese voljata na narodot vo 2026 ako ima potreba ke si napravat nov referendum i ke si pocnat pregovori za vlez vo unijata ako treba.

sega treba da se ispocituva voljata na narodot i tolku. anketite ti se cista glupost za izlez uglavno bese postarata generacija koja ne se zamara so anketi i net kolku sto toa go pravi city kade sto se definitivno poveke za da se ostane del od EU, zatoa i ti rekov, london ne e britanija.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
(y)
Ај ќе си играме со зборовите. Немало да се распадне, туку реформира, а што подразбираш под тоа...
СССР и СФРЈ исто ли не се распаднаа, туку се реформираа ?

Ако некој систем е добро поставен, тогаш тој треба да јакне, да се шири, да има се поголема моќ и влијание. Нешто налик на САД, па и Кина
Кај го гледаш тоа кај ЕУ....
УК ако излезе тоа нели е распад ...

Викаш на блиски Исток правеле раздели и владеј, а во ЕУ слога цвета меѓу државите.:D
Колониите и поделбите на територии кои ги направиле Британците претходно низ светот колку што гледам сеуште функционираат под исти граници и ист принцип. :cool:

Кој се тие светски тешкаши, зашто УК не влегува во нив ...
Види во моментов не е прашањето само за ЕУ, туку светот е влезен во длабоки промени. Порано тоа се случуваше со длабог рез, како светска војна, сега се движат работите полека, што е добро.

Со падот на Британија како битна сила во светот, а сега со излегување од ЕУ ќе биде уште помалце битна, полека ќе ја губи силата и либералниот капитализам.

Следно ќе биде што ќе се случува во САД, таму може и граѓанска војна да се случи, нема либералниот капитализам туку така да се предаде, ниту пак банкарите.

За ЕУ се надевам се ќе оди мирно, Германија е нешто налик Кина, а Италија нешто налик Јапонија во моментов на економски план, а тоа се прилично стабилни општества во моментов, што е исто така многу битно, затоа што турбуленциите во САД можат да се амортизираат.
 
Сме имале либерален капитализам :eek: :confused: o_O (многу си работел на проекти па си ненаспан или )
Ама бе луѓе, толку ли не сакате да отворите очите и самите да видите што е што, или полесно ви е, што кажат/напишат медиумите тоа е вистината :toe:
Ако сегашниов систем го сметате за либерален капитализам, може ли ако не ти мака, да ми објасниш каков е социјалистичкиот систем. Наброј ова и ова, или па дај некоја држава како пример.

Либералниот капитализам во САД ќе бил причина за граѓанска војна :confused: А да прочиташ уште еднаш како функционира либерален капитализам, кои се негови карактеристики, основи, правила, последици т.е. примери да најдеш низ историјата па спореди дали сега има такво нешто.
Затоа и УК си иде од ЕУ, гледа дека веќе е дојден крајот на социјализмот во ЕУ, а тие добро знаат кои се предности од либерален капитализам и социјализам, па ќе ги остави ЕУ земјите сами да платат сметката :cool:

За банкарите, штом се во кревет со политичарите, нормално ќе го кркаат. Така било историски, така и сега ќе биде, само тие ќе платат со пари, а ние останатите во крв.

За ЕУ се надевам се ќе оди мирно, Германија е нешто налик Кина, а Италија нешто налик Јапонија во моментов на економски план, а тоа се прилично стабилни општества во моментов, што е исто така многу битно, затоа што турбуленциите во САД можат да се амортизираат.
Окееееј, штом така го гледаш светот, сега ми е многу појасно за некои твои претходни постови.
Италија налик Јапонија на економски план може само да е во долговите и мафијашките кланови. :cool:

Порано тоа се случуваше со длабог рез, како светска војна, сега се движат работите полека, што е добро.
Насекаде се трупа војска, секој со секого се зајадува, дел веќе и се во воен конфликт, се напуштаат светски организации, не се почитуваат одлуки од меѓународни судови, а работите биле поразлични од порано ....
јбг може па јас сум станал преголем песимиста :toe: се бива.

И оти избегна да кажеш кои се тешкашите и зашто УК не ја ставаш во таа група. А ЕУ не е само Германија, сите работат за Германија, па не ескивирај со игри на зборови, никој не не оценува или плаќа дали сме биле во право или не :P
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
i sto sega sekoj 2 god da se pravi referendum? vo 2016 toa bese voljata na narodot vo 2026 ako ima potreba ke si napravat nov referendum i ke si pocnat pregovori za vlez vo unijata ako treba.

sega treba da se ispocituva voljata na narodot i tolku. anketite ti se cista glupost za izlez uglavno bese postarata generacija koja ne se zamara so anketi i net kolku sto toa go pravi city kade sto se definitivno poveke za da se ostane del od EU, zatoa i ti rekov, london ne e britanija.
Ама си фрлаш тези од ракав за да докажеш дека си во право. Еве анализирај ги анкетите во минатото и ќе видиш дека во огромен број на случаеви резултатите се во маргината на грешка. Не ти се ова анкети на фб па да кажеш старите не се замараат со анкети. Цела наука е испитувањето на јавното мислење.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.324
Поени од реакции
22.628
Ама си фрлаш тези од ракав за да докажеш дека си во право. Еве анализирај ги анкетите во минатото и ќе видиш дека во огромен број на случаеви резултатите се во маргината на грешка. Не ти се ова анкети на фб па да кажеш старите не се замараат со анкети. Цела наука е испитувањето на јавното мислење.
ne me interesiraat anketi, me interesira referendumot i da se sprovede toa sto se izglasa. dzabe ti se anketite, referendumot e biten, neznam sto ne ti e jasno.

tezite ne gi frlam od rakav nego se realnost. anketite pokazuvaa i pred referendumot deka nema da izglasaat izlez pa se izglasa. ako se povtori referenumot bidi siguren deka ke si proraboti i britanskiot inat i sigurno pak ke go izglasaat ako nisto drugo za da gledaat seir vo parlamentot povtorno.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Па има поента Бафра, кое е тоа ,,реформирање" со губење на територии, а и непослушност од пола членки.
ЕУ е никаков фактор во светот моментално. Италија, Вишеградската група, па и тие најситните држави не ги ебаваат тие говедата во Брисел, не па за друго да разговраме.
Времето на ЕУ како вистински светски играч помина после неизгласувањето на Уставот, после тоа не знаат кај тераат. Сега ќе следат лажги како прва-втора брзина, вакви реформи, онакви реформи, такви реформи, а уствари ќе си слабеат и слабеат се додека не се дораспарчат.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811

Не може втората најголема економија во светот, да е никаков фактор во светот. Да беше тоа вистина, преговорите за Брегзит ќе се одвиваа во насока, која ја пропагираа hard brexiteers. Може да се каже дека, политички, не се факторот кој нивната “мека“ моќ им овозможува да бидат. Тоа е поентата на муабетот за реформирањето.
А баш би сакал да ги видам економиите на Италија, со својот банкарски сектор, и економиите на Вишеградската група, ако се распадне внатрешниот пазар на ЕУ. Да ја видиме реалната тежина на тие економии, кога ќе нема царинска унија на територијата на цел континент, нема да можат да ги користат своите компаративни предности и нема да имаат структурални фондови кои ги финансираат Германија и Франција, а кои истураат 10+ години пари во нивниот економски систем.
Ама тоа и популистите го знаат, колку вистински им држи газот. Затоа и Салвини ја смени реториката, дека он уствари сака да ја “реформира“ ЕУ, не да ја распадне. Земјите во Еврозоната се трајно врзани една за друга, и бенефитите и штетите од идните политички одлуки ќе им бидат заеднички. Популистите може да го прават, тоа што популистите генерално го прават, да раскажуваат приказни. Реално, на тоа и се сведува светската политика во моментов, раскажување приказни и театар.
 
B

Bafra

Гостин
А баш би сакал да ги видам економиите на Италија, со својот банкарски сектор, и економиите на Вишеградската група, ако се распадне внатрешниот пазар на ЕУ.
А која е причината што банкарскиот сектор и економиите во тие држави е на апарати за вештачко одржување во живот ...

Која е причината што буџетите и државните долгови на Грција и Италија се толкав износ!

Како тоа ќе се распадне внатрешниот пазар на ЕУ...

Да ја видиме реалната тежина на тие економии, кога ќе нема царинска унија на територијата на цел континент, нема да можат да ги користат своите компаративни предности и нема да имаат структурални фондови кои ги финансираат Германија и Франција, а кои истураат 10+ години пари во нивниот економски систем.
Па баш сега не можат да ги користат своите компаративни предности, поради милионите закони и регулации.

Германија дава пари, но од каде и се нејзе тие пари, не е битно тоа нели. Не е битно дека создавањето на еврото и пазарот без граници, Герамнија има најголем ќар, додека сите други економии се подредени да им бидат слуги, да нема конкуренција и да диктира се во нејзина корист.

Како што на економиите на тие што ги наброја тешко ќе им е на почетокот после "реформите", исто тешко ќе и е на Германија.
А реформи со замената на Меркелка со Annegret Kramp-Karrenbauer кажува дека нема реформи, ќе го држат истиот курс.

Земјите во Еврозоната се трајно врзани една за друга, и бенефитите и штетите од идните политички одлуки ќе им бидат заеднички.
Е само овој дел ти е целосно точен, претходните се еднострана анализа (точна, но не целосна). Штом си во заедница и доброто и лошото заедно го делите. Само што медот во теглата се потроши, остануваат :гомце: за кркање и сметките да се платат за досегашното гоштевање. Е затоа УК си заминува, фала ви за убавите работи, ама тоа што следи сами ќе се снајдете. Како лик кој иде до тоалет, баш кога ќе ја донесат сметката и ги остава другите да платат :D

Еве кажи, го реши ли ЕУ проблемот со Грција, освен што Германија си ќари неколку милијарди, а другите не смееа. Како ќе реши проблемите со Италија и Шпанија, со казни, туркање под тепих и правење слепи дека нема слон во собата :toe:.

Да не збориме за проблемот со пензиските фондови, кои се пред колапс, поради најниските каматни стапки во последните 500год..
Ако ги зголемат, за да им се помогне, од друга страна ќе добијат шамар, долговите што ги направиле (социјалистички мерки) ќе бидат поскапи за враќање. Значи веќе немаат можност за маневри, туку како и вообичаено, гледаат колку можат да ќарат додека се на власт, па наредниот нека му ја мисли.

А за приказните и театарот, тоа е одлика на сите досегашни политичари, народ да се надева и замајува.

П.С. во овој степен на човечката свест, моќта е = на колку си силен, а не колку интелигентен или степен на "цивилизираност".
ЕУ нема заедничка војска, нема заеднички долг, не можеш да купиш ЕУ обврзница како САД, Кина или Јапонија. Толку од нејзината моќ и влијание. :popce:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
@Ne_sum_ja , уште ли си на истите ставови во врска со ова прашање како на времето кога ја отвори темата и муабетите од првите страни?
Уште верувам дека економски негативно ќе се одрази за Британците излегувањето од ЕУ. Но ми е јасно и разбирам дека многу од нив свесно ги прифаќаат тие економски последици во замена за други работи кои сакаат да ги добијат.

Не се согласувам со втор референдум за прашање за кое е донесена јасна одлука само поради тоа што некои структури се фрустрирани и не може да го преболат фактот дека изгубија и тоа што некоја анкета во моментот покажала предност од три четири проценти за remain.

ЕУ мора сериозно да се реформира, инаку многу тешко ќе биде да функционира вака во наредните години.[DOUBLEPOST=1544274165][/DOUBLEPOST]
Не може втората најголема економија во светот, да е никаков фактор во светот. Да беше тоа вистина, преговорите за Брегзит ќе се одвиваа во насока, која ја пропагираа hard brexiteers. Може да се каже дека, политички, не се факторот кој нивната “мека“ моќ им овозможува да бидат. Тоа е поентата на муабетот за реформирањето.
А баш би сакал да ги видам економиите на Италија, со својот банкарски сектор, и економиите на Вишеградската група, ако се распадне внатрешниот пазар на ЕУ. Да ја видиме реалната тежина на тие економии, кога ќе нема царинска унија на територијата на цел континент, нема да можат да ги користат своите компаративни предности и нема да имаат структурални фондови кои ги финансираат Германија и Франција, а кои истураат 10+ години пари во нивниот економски систем.
Ама тоа и популистите го знаат, колку вистински им држи газот. Затоа и Салвини ја смени реториката, дека он уствари сака да ја “реформира“ ЕУ, не да ја распадне. Земјите во Еврозоната се трајно врзани една за друга, и бенефитите и штетите од идните политички одлуки ќе им бидат заеднички. Популистите може да го прават, тоа што популистите генерално го прават, да раскажуваат приказни. Реално, на тоа и се сведува светската политика во моментов, раскажување приказни и театар.
Веќе кога зборуваме за тоа колку се дарежливи Германија и Франција да збориме реално за некои работи и факти.

Заедничката економска политика и укинувањето на царините помеѓу земјите членки најмногу оди во корист на најголемиот производител на добра и најголем извозник - Германија. Механизмите кои една држава би ги имала за да го заштити своето производство се отстранети или префрлени кај Брисел. Германските производители немаат пречки до пристапот на секој пазар во Европа каде што локалните посиромашни и помали компании не можат да им бидат конкуренција. Ова е најзабележливи во источна Европа сите компании се или исфрлени од пазарот или се купени од нивните западни конкуренти. Истото може да го кажеме за многу сектори како телекомуникации, енергетика, до кондиторски производи и слично.

Заедничките правилници и стандарди за добра и услуги кои ги усвојува Брисел како ексклузивно надлежен за економската политика на ЕУ се прават по лобирање на германските производители и други Мултиетничките национални компании со што на многу други компании од други земји им се многу потешки за исполнување и ги прави помалку конкурентни.

Спуштените граници за внатрешна миграција во ЕУ им дозволи на истите тие Германија и Франција да соберат едуциран и школуван млад кадар за ич пари кој ќе работи во нивните компании и ќе придонесува за нивната економија.

Понатаму, еврото и заедничката монетарна политика ги врзуваат земјите со ЕЦБ во Франкфурт и ги губат можностите да си играат со своите валути со што би можеле да ја направат својата економија поконкурентна. Губењето на сопствена монетарна политика значи губење на инструмент со кој државата може своето производство да го направи поконкурентно или да ја девалвира валутата во случај на криза.

Монетарната политика на ЕЦБ како по правило ја следи германската фискална политика. Ако Германците водат конзервативна фискална политика, ЕЦБ води конзервативна монетарна политика. Тоа ги ограничува државите во обидот да ја заштитат својата економија.

Така да ако збориме за тоа колку Германија и Франција дале, треба да имаме во предвид колку они добиле од овој систем - а тоа е многукратно повеќе. Германската економија не би била ова што е денес да не беше овој систем на ЕУ.

Ама овој начин на функционирање ако продолжи ќе доведе до една ситуација каде што северозападните земји (делови од нив) ќе бидат индустриски и технолошки сили каде што ќе биде концентриран целиот капитал а останатиот дел од ЕУ ќе живее во состојба на колонија базирана на помошта и “донациите” дадени од истите тие економски сили како милостина.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Нормално дека ЕУ има влијание. Фала Богу, не се Сомалија, но спрема потенцијалот што го имаат тие држави се смешни во светски рамки. Кажав да поминеше Уставот и да се одеше на воен буџет, европски пасош и све тоа, ќе беа можда рамо до рамо со Русија, Кина и САД.
Но, вака се само привезок и крава за молзење од Русија, Кина и САД.
Сега со цепкањата, лошото водење и непослушноста од пола членки се во крајна дефанзива. А тоа дека демек ЕУ била причината за врзаноста на државите и напредокот е мит. З.Европа и пред ЕУ и после нејзе ќе си остане најразвиен регион во Светот. Само бирократите демек распаѓањето на економиите заедно со падот на ЕУ го туркаат исклучиво за плашење на народот.

А биди сигурен вишеградската група и Италија ќе имаат уште поголем потенцијал и стандард од моментално, доколку германските, француските и австриските фирми не ги имаат овие моментални повластувања во нивните економии. Тие залажувања со демек фондови-мондови од ЕУ и префрлања пари се веќе апсорбирани кај овие членки. За тие фондови и демек помош од ЕУ, тие треба да го натртат газот прво, а и јако да ги исцицаат германците, французите и австријците.
Па после откако ќе им фрлат некоја пара од таа што претходно им ја зеле треба демек сите пресреќни да се и да се радуваат?
На тие лаги веќе никој не паѓа. Јасно е дека големите ги цицаат малите со ублажени колонијални методи, а под превезот на слободен пазар, слободно движење на капиталот и останати изговори за малоумници.
 
Последно уредено:
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Веќе кога зборуваме за тоа колку се дарежливи Германија и Франција да збориме реално за некои работи и факти.

Заедничката економска политика и укинувањето на царините помеѓу земјите членки најмногу оди во корист на најголемиот производител на добра и најголем извозник - Германија. Механизмите кои една држава би ги имала за да го заштити своето производство се отстранети или префрлени кај Брисел. Германските производители немаат пречки до пристапот на секој пазар во Европа каде што локалните посиромашни и помали компании не можат да им бидат конкуренција. Ова е најзабележливи во источна Европа сите компании се или исфрлени од пазарот или се купени од нивните западни конкуренти. Истото може да го кажеме за многу сектори како телекомуникации, енергетика, до кондиторски производи и слично.

Заедничките правилници и стандарди за добра и услуги кои ги усвојува Брисел како ексклузивно надлежен за економската политика на ЕУ се прават по лобирање на германските производители и други Мултиетничките национални компании со што на многу други компании од други земји им се многу потешки за исполнување и ги прави помалку конкурентни.

Спуштените граници за внатрешна миграција во ЕУ им дозволи на истите тие Германија и Франција да соберат едуциран и школуван млад кадар за ич пари кој ќе работи во нивните компании и ќе придонесува за нивната економија.

Понатаму, еврото и заедничката монетарна политика ги врзуваат земјите со ЕЦБ во Франкфурт и ги губат можностите да си играат со своите валути со што би можеле да ја направат својата економија поконкурентна. Губењето на сопствена монетарна политика значи губење на инструмент со кој државата може своето производство да го направи поконкурентно или да ја девалвира валутата во случај на криза.

Монетарната политика на ЕЦБ како по правило ја следи германската фискална политика. Ако Германците водат конзервативна фискална политика, ЕЦБ води конзервативна монетарна политика. Тоа ги ограничува државите во обидот да ја заштитат својата економија.

Така да ако збориме за тоа колку Германија и Франција дале, треба да имаме во предвид колку они добиле од овој систем - а тоа е многукратно повеќе. Германската економија не би била ова што е денес да не беше овој систем на ЕУ.

Ама овој начин на функционирање ако продолжи ќе доведе до една ситуација каде што северозападните земји (делови од нив) ќе бидат индустриски и технолошки сили каде што ќе биде концентриран целиот капитал а останатиот дел од ЕУ ќе живее во состојба на колонија базирана на помошта и “донациите” дадени од истите тие економски сили како милостина.
Се согласувам со се и апсолутно не ги спорам фактите, напротив истото сум го пишувал неколку пати. Затоа подеднакво ми се смешни и десните популисти од Германија и Франција, како Афд или Ле Пен, со нивните приказни. Зошто и они ја прикажуваат само едната страна на паричката.

Меѓутоа, тоа не ми беше поентата на муабетот. Има и други факти, слободата на движење и работа им овозможи на земјите од Источна Европа да ја искористат неспоредливо пониската цена на единица труд во нивните држави во споредба со развиените од Западна Европа, за да бидат поконкурентни и да привлечат инвестиции од развиениот дел од Европа, вклучително Франција и Германија. Слободата на движење на стоки им овозможи да ја искористат географската близина до главните потрошувачки пазари во Европа, за голем број на бизниси да ги преместат производствените погони на нивна територија, да им се намали невработеноста до ниво на фрикциона невработеност, да добијат бесплатен трансфер на know-how и напредна технологија. Слободата на капитал им овозможи на нивните бизниси да добијат пристап до поефтини пари и поголем финансиски пазар, создаде силна средна класа и домашна побарувачка. Заедничката монетарна политика и еврото им овозможи на Италија и Грција да позајмуваат пари на меѓународните финансиски пазари по пониска каматна стапка, отколку што би било случај кога не би биле во Еврозоната. Фондовите за разој на ЕУ и ЕБОР, каде самите имаат минорно учество, им овозможија со многу мал трошок да добијат огромни инвестиции во инфраструкутрата, а да го избегнат товарот врз јавните финансии. Би било фер и овие работи да ги спомнеме, нели?
Секоја економска одлука е врзана со некој бенефит и трошок. Нечесното е кога се потенцира едното, а се занемарува другото, што е реално forte на популистите од овие нови десници и левици низ Европа. Па така, членстово на земјите од Вишеградската група, или членството на Италија, или она на ВБ во заедничкиот пазар на ЕУ е поврзано со определен бенефит и трошок. Затоа, прашањето се сведува дали на овие држави им е подобро внатре или надвор од ЕУ и дали ќе го имаа истиот пат ако никогаш не беа дел од заедничкиот пазар. И за тоа има само еден одговор, внатре. Има сериозни економски анализи и има илјадници страни теорија што го потврдуваат тоа. Може и стапките на раст на БДП на Полска, Чешка и Словачка да ги анализираме, особено после 2008 година.

Регулативата на ЕУ се неефикасни, обликувани од национални интереси и создаваат диспропорционално поголеми трошоци за помалите земји, ама и такви такви што се, се многу подобра опција за бинзисите од тие земји од тарифните и не-тарфините бариери што националните држави со полн суверенитет ги користат како инструмент. Нема бизнисмен во ЕУ што ќе ти го каже спротивното. Еве, прашај ги и кај нас извозните компании, со какви проблеми се соочуваат со држави како Србија, да не одиме понатаму. Без разлика што постои ЦЕФТА и сите останати меѓународни договори. Математиката се менува. Балансот на моќ и релативната политичка и економска тежина на државите не се менува во зависност од тоа дали се во ЕУ или не. Германија и надвор од ЕУ ќе диктира услови наспроти овие држави од Источна Европа, само ќе биде попрљав играч од претходно.
Италија, беше позната по лошо менаџирање со јавните финансии и пред Еврозоната. Причина за тоа им е нефукнционалниот политички систем и бизнис културата. Ако се направи споредба на каматните стапки на државните обврзници и стапките на инфлација уште во времето на ЕРМ, се гледаат вистинските причини за макроекономската состојба во која се наоѓа Италија, иако конкретни политики на ЕУ воопшто не помагаат за тие да не дојдат до израз.
Поентата ми е дека, типот на “не е до нас, до нив е“ политички пораки, се само пола од вистината. И се приказна, ништо друго.

Се разликуваме во тоа што, за мене, наводното враќање на суверенитетот во свои раци, воопшто не им е одговорот на разните разочарани политички групи низ Европа, ниту пак ќе им ги реши проблемите. Тоа е илузија што оваа популистичка приказна им ја продава, зошто најлесно се голтаат едноставните решенија на комплицираните проблеми, кога има недостаток на добри идеи. Овој прероден, алтернативен десен популизам, што добива на замав, е реакционерна политичка сила, нема никаков капацитет да понуди решенија. Само ветува дека ќе ги врати условите што веќе не постојат. Времето нема да почне да тече наназад ради политичката волја на неколку харизматични политички лидери.
Причините за проблемите на ова разочарана, револтирана, претежно работничка, класа на граѓани се во прв ред, технологијата, оваа втора ера на глобализација која трае од 1989 година, меѓународниот финансиски систем и некои останати глобални системски процеси (пример растот на Кина), кои создаваат суштински општествени промени во нивниот социо-економски статус. И тоа, со стапка на промени која традиционалните општествени институции, не можат да ја следат за соодветно да се адаптираат. Враќањето на суверенитетот на националните држави нема да им ги реши овие проблеми, зошто националните држави се комплетно немоќни да ги решат. Не се дизајнирани за вакви историски услови. Не му правиш услуга на некој, ако го пратиш на фронт со пушка полна со ќорци, без разлика каков pep talk ќе му одржиш пред тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom