Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

B

Bafra

Гостин
Уште верувам дека економски негативно ќе се одрази за Британците излегувањето од ЕУ.
А што понегативно ќе се одрази врз УК, останувањето во ваква квази унија или излегувањето навремено од нејзе....
Зашто според подоле напишаното јасно ти станало и тебе (за разлика од пред некоја година) дека нема шанси нешто позитивно да биде за УК доколку остане.

Значи дилемата им е дали да се соочат со потешкотиите од излезот, дали да претрпат штета од неколку милијарди сега, или да останат т.е. статус кво, а после тоа целосен потоп топтан со останатите.
Јасен е изборот и причината за таквиот избор.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.499
Недемократски ќе биде да се почитува волјата на мнозинството, а демократски ќе биде слепо да се држиме за одлука донесена во 2016. Мене ми нема логика ова што го пишувате. Ако сте толкави приврзаници на непосредно изразената волја на граѓаните, не гледам зошто би ви сметал уште еден референдум. Моменталната волја секогаш треба да надтежнува над претходноизразената волја.
Референдумот не е обична анкета, па ај ќе си правиме референдуми само нас кога ни одговара, во зависност од моменталното расположение кај народот.

Кога еднаш ќе се спроведе референдум, мора да се испочитува одлуката донесена на тој референдум, а со тоа и волјата на мнозинството, без разлика дали тоа ќе биде нaредниот ден или после две години. Јеби га, така налага демократијата, Уставот, законите.

Ако сте толкави приврзаници на демократијата и владеење на правото, не гледам зошто би ви сметало спроведувања на демократија и почитување на волјата на мнозинството изразена преку најмоќната демократска алатка - референдумот. :toe:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Се согласувам со се и апсолутно не ги спорам фактите, напротив истото сум го пишувал неколку пати. Затоа подеднакво ми се смешни и десните популисти од Германија и Франција, како Афд или Ле Пен, со нивните приказни. Зошто и они ја прикажуваат само едната страна на паричката.

Меѓутоа, тоа не ми беше поентата на муабетот. Има и други факти, слободата на движење и работа им овозможи на земјите од Источна Европа да ја искористат неспоредливо пониската цена на единица труд во нивните држави во споредба со развиените од Западна Европа, за да бидат поконкурентни и да привлечат инвестиции од развиениот дел од Европа, вклучително Франција и Германија. Слободата на движење на стоки им овозможи да ја искористат географската близина до главните потрошувачки пазари во Европа, за голем број на бизниси да ги преместат производствените погони на нивна територија, да им се намали невработеноста до ниво на фрикциона невработеност, да добијат бесплатен трансфер на know-how и напредна технологија. Слободата на капитал им овозможи на нивните бизниси да добијат пристап до поефтини пари и поголем финансиски пазар, создаде силна средна класа и домашна побарувачка. Заедничката монетарна политика и еврото им овозможи на Италија и Грција да позајмуваат пари на меѓународните финансиски пазари по пониска каматна стапка, отколку што би било случај кога не би биле во Еврозоната. Фондовите за разој на ЕУ и ЕБОР, каде самите имаат минорно учество, им овозможија со многу мал трошок да добијат огромни инвестиции во инфраструкутрата, а да го избегнат товарот врз јавните финансии. Би било фер и овие работи да ги спомнеме, нели?
Секоја економска одлука е врзана со некој бенефит и трошок. Нечесното е кога се потенцира едното, а се занемарува другото, што е реално forte на популистите од овие нови десници и левици низ Европа. Па така, членстово на земјите од Вишеградската група, или членството на Италија, или она на ВБ во заедничкиот пазар на ЕУ е поврзано со определен бенефит и трошок. Затоа, прашањето се сведува дали на овие држави им е подобро внатре или надвор од ЕУ и дали ќе го имаа истиот пат ако никогаш не беа дел од заедничкиот пазар. И за тоа има само еден одговор, внатре. Има сериозни економски анализи и има илјадници страни теорија што го потврдуваат тоа. Може и стапките на раст на БДП на Полска, Чешка и Словачка да ги анализираме, особено после 2008 година.

Регулативата на ЕУ се неефикасни, обликувани од национални интереси и создаваат диспропорционално поголеми трошоци за помалите земји, ама и такви такви што се, се многу подобра опција за бинзисите од тие земји од тарифните и не-тарфините бариери што националните држави со полн суверенитет ги користат како инструмент. Нема бизнисмен во ЕУ што ќе ти го каже спротивното. Еве, прашај ги и кај нас извозните компании, со какви проблеми се соочуваат со држави како Србија, да не одиме понатаму. Без разлика што постои ЦЕФТА и сите останати меѓународни договори. Математиката се менува. Балансот на моќ и релативната политичка и економска тежина на државите не се менува во зависност од тоа дали се во ЕУ или не. Германија и надвор од ЕУ ќе диктира услови наспроти овие држави од Источна Европа, само ќе биде попрљав играч од претходно.
Италија, беше позната по лошо менаџирање со јавните финансии и пред Еврозоната. Причина за тоа им е нефукнционалниот политички систем и бизнис културата. Ако се направи споредба на каматните стапки на државните обврзници и стапките на инфлација уште во времето на ЕРМ, се гледаат вистинските причини за макроекономската состојба во која се наоѓа Италија, иако конкретни политики на ЕУ воопшто не помагаат за тие да не дојдат до израз.
Поентата ми е дека, типот на “не е до нас, до нив е“ политички пораки, се само пола од вистината. И се приказна, ништо друго.

Се разликуваме во тоа што, за мене, наводното враќање на суверенитетот во свои раци, воопшто не им е одговорот на разните разочарани политички групи низ Европа, ниту пак ќе им ги реши проблемите. Тоа е илузија што оваа популистичка приказна им ја продава, зошто најлесно се голтаат едноставните решенија на комплицираните проблеми, кога има недостаток на добри идеи. Овој прероден, алтернативен десен популизам, што добива на замав, е реакционерна политичка сила, нема никаков капацитет да понуди решенија. Само ветува дека ќе ги врати условите што веќе не постојат. Времето нема да почне да тече наназад ради политичката волја на неколку харизматични политички лидери.
Причините за проблемите на ова разочарана, револтирана, претежно работничка, класа на граѓани се во прв ред, технологијата, оваа втора ера на глобализација која трае од 1989 година, меѓународниот финансиски систем и некои останати глобални системски процеси (пример растот на Кина), кои создаваат суштински општествени промени во нивниот социо-економски статус. И тоа, со стапка на промени која традиционалните општествени институции, не можат да ја следат за соодветно да се адаптираат. Враќањето на суверенитетот на националните држави нема да им ги реши овие проблеми, зошто националните држави се комплетно немоќни да ги решат. Не се дизајнирани за вакви историски услови. Не му правиш услуга на некој, ако го пратиш на фронт со пушка полна со ќорци, без разлика каков pep talk ќе му одржиш пред тоа.

Воопшто не се согласувам дека решение на денешните проблеми на просечниот граѓанин се некои десничарски шарлатани како Најџел Фараж и сличните. Настрана од тоа, на прашањето дали Британија може да функционира во овој глобален свет надвор од ЕУ, би рекол дека е да. Поточно е тврдењето дека ЕУ со денешниот начин на функционирање нема да може да се носи со светот и ќе биде вреќа за бокс за САД, Кина и Русија. Тромавата администрација и бирократија, бесконечните гласања и лобирања кај 30 и кусур држави да не стават вето при носење на одлуки на ниво на унија соодветствуваат на периодот пред 50 години а не со денешното време.

Од тоа што го следам Британија не планира да се затвори кон светот ниту пак да се обиде да се врати во некое доба кое веќе го нема. Напротив, идеите на тие што се во посериозна игра за водење на државата се, либерализација, дерегулација и создавање на многу подобра бизнис средина без ограничувачките стеги од ЕУ. Дали ќе биде подобро од договорот кој им го донесе Камерон, на краток рок сигурно не, на долг рок не знам многу е тешко да се предвиди. На геополитичката сцена одамна се имаат помирено дека не се одлучувачки фактор.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Денес помеѓу 6 и 8 часот Британскиот парламент ќе има гласање на доверба за владата на Тереза Меј.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
324
Поени од реакции
314
i sto sega sekoj 2 god da se pravi referendum? vo 2016 toa bese voljata na narodot vo 2026 ako ima potreba ke si napravat nov referendum i ke si pocnat pregovori za vlez vo unijata ako treba.

sega treba da se ispocituva voljata na narodot i tolku. anketite ti se cista glupost za izlez uglavno bese postarata generacija koja ne se zamara so anketi i net kolku sto toa go pravi city kade sto se definitivno poveke za da se ostane del od EU, zatoa i ti rekov, london ne e britanija.
Ne na sekoj 2 god., ako treba i na sekoj 2 nedeli, za da bide realno izrazena voljata na narodot. Referendumot kako najdemokratska alatka na edno demokratsko opshtestvo e na najdobar nacin primenet vo Shvajcarija. Tamu skoro sekoja vtora nedela ako ima potreba mozhe da se slucuva referendum, i toa za raboti koi vekje ednash pominale na referendum.
Doseluvanjeto, imigracionata politika, na sekoi 2 god. vrz osnova na aktuelnostite, prashanjeto odi na referendum.
Clenstvoto vo EU beshe i ne pomina, toa ne znaci deka e konecno, prashanjeto mozhe povtorno da bide izvadeno na referendum, ako se proceni deka ima za toa realna osnova.
Tvrdenjata deka ednash odrzhan referendum e konecen vo nedogled, vo edno dinamicno vreme so promeni kako na filmska brzina se neosnovani.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Какви се прогнозите, ќе паѓа ли владата?
Мислам дека ќе падне.[DOUBLEPOST=1544607557][/DOUBLEPOST]
Абе ќе и гласаат недоверба на Меј во партијата како лидер на конзервативците.
Да по грешка, не во парламентот ама помеѓу конзервативците. Во секој случај мислам дека ќе падне Меј.

Обично и да добијат мнозинство, ако гласовите против се многу може да се повлече.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Затоа у последен момент замина за Брисел, и "гори под нозе" на Меј

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кои се десничарите во УК?

И дали е можно тие да дојдат на власт после Меј?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Кои се десничарите во УК?

И дали е можно тие да дојдат на власт после Меј?
100% ќе дојдат на власт
за прв пат нема ни лабуристи, ни конзервативци да победат
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Изгледа бидна договор помеѓу двете струи кај конзервативците.Меј вети дека нема да ја води партијата на парламентарните избори во 2022 и ќе се повлече. Најверојатно како компромис за гласањето денес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom